Дека треба да се земат нови дефназивци тоа е неспорно, но се дур не се купат крила, играчи кои можат да дриблаат, да креираат хаос кај противниците, на себе да влечат по 2-3 противнички играчи, џабе зборуваме за филозофија за стил за било што.Понебалансиран тим нема во ПЛ, бековите да играат крила не е стил на Емери.
Не може движењето на топката да ти се базира на pass and move, мора да имаш играчи кои ке искористат ситуација еден на еден, посебно при вакви густи одбрани.Затоа и имаме толку проблеми против помалите тимови кога се бранат и овој проблем не е од сезонава, истото беше и во претходните две години, само Санчез беше дриблер.
Денес Јунајтед одлично го искористи просторот што го оставаа АМН и Колашинац, Погба цело време беше сам на средина, бидејки кога АМН оди напред, Тореира иде да ја покрие десната страна, кога Колашинац оди напред, Џака оди да ја покрие левата страна, средишниот дел на теренот цело време беше празен, Погба го чуваше Каспер, сите контри на ист начин ни ги направија.
Против тим кој е ориентиран на контри ако примиш прв гол, толку е, посебно па со денешнава одбрана.