Фан Клуб: Арсенал

Mad_Coko

blow me!
Член од
21 август 2010
Мислења
7.315
Поени од реакции
12.700
Изгледа вака ќе биде работава:
-Венгер ќе потпише нов договор со траење од 1-2 години.
-Ќе се доведе спортски директор, со тоа ќе се тргне теретот од Венгер и ќе може да се фокусира само на играта и тоа што се случува на теренот, како имиња се спомнуваат Оверманс и Михаел Зорк од Дортмунд, имало интерес и за Мончи од Севиља ама отиде у Рома.Спортскиот директор ќе биде одговорен за трансфери, фудбалската традиција на тимот.Во наредните 1-2 години ќе биде период на прилагодување на овој начин на функционирање на тимот, затоа и Венгер ќе потпише нов довор, потоа СД ќе си бира и тренер по негова желба, целосно ќе го превземе раководењето на клубот, ќе функционираме како сите останати тимови.
-Ќе бидат донесени нови скаути и фитнес тренери, нов асистент( се спомнува Виера) и посебно нов тренер за голмани.
-Летово ќе има чистка во тимот, многи играчи ќе си одат а ќе бидат доведени нови, како примарна цел уште сега се спомнува левиот бек Колошинац од Шалке, на кого му истекува договорт летово и ќе може да биде донесен за без пари.

Периодов што доаѓа би требало да биде многу интересен, ќе се случат големи промени во структурата на тимот, дали ќе бидат на добро или на лошо останува да видиме.
 
Последно уредено:

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Ќе се донесе спортски директор. Океј еве да речеме дека ќе се донесе и дека тој ќе биде одговорен за трансфери. Прашањето е:
Ако Венгер има пуштено „пипци“ секаде во клубот и ако он ги држи моментално сите конци во клубот, дали он е спремен да се откаже од тоа свое влијание ?
Јасно е дека он сака да си го креира сам тимот, да си носи ефтини млади играчи и дека на тој начин сака да бележи резултати. Е сеа знаејќи го ова, дали он е спремен некој друг на некој начин да му го креира тимот ?

Ја мислам не.
Нека си се донесе спортски директор задолжен за трансфери, ама нека се смени и тренерот у исто време. Едноставно не ми иде више со Венгер да го глеам Арсенал.
Преку 10 години бележиме лоши резултати со некој минорен блесок (да, ФА Куп ми е минорен блесок зошто достигнување на клуб од рангот на Арсенал кој имал успешна историја не треба да биде овој куп) и секоја година си се тешиме „еј оваа година не искинаа повредите, еј оваа година многу натпревари игравме изморени беа многу играчите, еј оваа година неаме комплетен тим, ни фалат играчи, еј оваа година не можевме да го комплетираме тимот зошто трансфер буџетот ни беше мал, еј оваа година идевме по добри играчи ама не можеме да се натпреваруваме со нафташите, еј оваа година ова, еј оваа година она“ и на крај истата надеж ја иаме „наредна сезона ќе биде боље зошто ќе купиме играчи, еј донесовме добар фитнес тренер, нема да иаме толку повреди, еј ова ќе средиме, еј она ќе средиме“.

Ние и фановите на Ливерпул, нема други, само кај Ливерпул бар иде на подобро, донесоа добар тренер што со просечни играчи (со исклучок на некои други што отскокнуваат) игра океј.

И не мора Факе да ми реплицира, знам дека моиве постови се прости, не се генијални како неговите и ја не ја разбирам фудбалската филозофија толку добро ко него :)
 

Mad_Coko

blow me!
Член од
21 август 2010
Мислења
7.315
Поени од реакции
12.700
Пола од напишаното да се оствари, јас сум задоволен.
читав низ твитер разни шпекулации и ги собрав сите во една целина, скоро сите пишуваат дека Газидис ќе гледа да го намали авторитетот на Венгер со поставување на Спортски Директор.
 
P

psychostasia

Гостин
Па редно време е малку да се намали неговото влијание. Наместо да освојуваме титули ние само капитал таложиме и не вложуваме во трансфери. Навивачите што купуваат влезници секоја утакмица искрено ги жалам, ги одраа од пари за да гледаат бескичмењаци и пички како се лигават по терен валкајќи име на голем клуб, а притоа Венгер и тие од управата само гледаат да направат политика да се оправдаат пред навивачите.
Венгер треба да сфати дека не е тој Арсенал туку тој е дел од Арсенал. Ќе биде запамтен секако од фановите и од клубот, ќе се збори секогаш за неговата сезона со непобедливите па ете и менаџирањето околу трошоците за стадионот. Ама време му е да напушти и да остави некој друг да го води клубот затоа што на сите им е доста. Петнаесет години ќе биднат без титула, не знам дали има некој друг клуб што држел толку долго тренер без да даде резултат.
 

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.461
Поени од реакции
10.157
@Bojan Van Buuren Не бе брат,немам никаков проблем со тебе,едноставно некои бламажи од типот на Ремзи,Казорла и ова неќни за Кошелни се смешни.
Конкретно за овој пост ништо не можам да ти префрлам,зошто за голем дел си во право.Впрочем и Аут и на Ин фановите се за голем број од работите во право,затоа и ги почитувам тие мислења.Моето мислење околу сето ова е кажано,нема потреба се околу едно исто да се вртиме.

Тоа што ќе остане Венгер ќе остане,но барем веќе во таа настаната ситуација повторно треба да има промени околу тренерскиот тим,докторскиот тим и секако одредени идеи на тренерот околу поставеноста,агресивноста,мотивацацијата и сл.
 
T

Todd Solondz

Гостин
читав низ твитер разни шпекулации и ги собрав сите во една целина, скоро сите пишуваат дека Газидис ќе гледа да го намали авторитетот на Венгер со поставување на Спортски Директор.
Јас го читав Арсблог, човекот се надмина себе си со денешниот пост. Муабетиве за мега трансфери, нови директори, враќање на легенди итн итн се најверојатно пиар да се смири малку ситуацијата. Тешко дека нешто значајно ке се смени во функционирањето на клубот. Се дига галама за мање више небитни работи а за големите проблеми како што се договорите на Венгер, Алексис и Озил нема ништо. Џабе спортски директор ако останеме со Венгер и без Алексис и Озил. Толку години поминаа и пак сме на исто, најдобрите играчи си бегаат од Арсенал а клубот и натаму е полн со оправдувања и ветувања за револуции курци палци.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Па добро, вас 5-6 години уназад ве смируваат со ПиАр. Секој март/април ви пуштаа бубачка дека ќе трошите на лето по 200м фунти на ѕвезди, класа играчи после фијаско во ЛШ.
 
P

psychostasia

Гостин
Па добро, вас 5-6 години уназад ве смируваат со ПиАр. Секој март/април ви пуштаа бубачка дека ќе трошите на лето по 200м фунти на ѕвезди, класа играчи после фијаско во ЛШ.
Да де и на крај Венгер збори дека нема квалитетни играчи на пазарот и затоа не трошел.
 
T

Todd Solondz

Гостин
Па добро, вас 5-6 години уназад ве смируваат со ПиАр. Секој март/април ви пуштаа бубачка дека ќе трошите на лето по 200м фунти на ѕвезди, класа играчи после фијаско во ЛШ.
Не беше оркестрирано од клубот минатите неколку години. Медиумите не поврзуваа со кој стигнат и вадеа суми од ракав. Газидиз лани за да ја смири помпата излезе со изјава дека треба да делуваме на трансфер пазарот како Лестер, да пазариме играчи од 3 лига.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Не беше оркестрирано од клубот минатите неколку години. Медиумите не поврзуваа со кој стигнат и вадеа суми од ракав. Газидиз лани за да ја смири помпата излезе со изјава дека треба да делуваме на трансфер пазарот како Лестер, да пазариме играчи од 3 лига.
Брат, едно е кога те поврзува спортске.нет а друго е кога те поврзува медиум близок до клубот. Ако моцартбет.нет пише дека Ливерпул е заитнересиран за Мбапе е едно ама друго е ако ЛиверпулЕхо (Џејмс Пирс) го пише тоа :)
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.054
Поени од реакции
7.121
Стварно верувате дека 70 годишен старец ќе гради одново тим?:pos:
А заборавивте дека и македонски тренер од 3та лига ќе му ја прочита тактиката? Колку пати сме виделе чистка и никакви промени, само на полошо станува ситуацијата.
 
Член од
13 август 2009
Мислења
9.537
Поени од реакции
5.768
Мене најголема мотивација би ми било да ми кажи Венгер во јуни, дека ќе си оди во мај, следеча година и да пробаат да го испратат ко шо треба. Друго чаре нема. Мислам дека во ФА купот ќе видиме поинаков Арсенал против Сити, оти трофеј си е трофеј.

А за тоа дека губиме многу ако не играме ЛШ, губиме да. Но ако се продолжат договорите на најдобрите играчи, не гледам причина за загриженост. Имаме добар тим, кој треба баланс, а тој баланс кај нас се вика централ мидфилд, или во превод немаме замена за факен Казорла. И толку. Немам дип мидфилд кој што ќе ги прифаќа избиените топки од одбраната наша, и ќе ги носи до противничкиот 16ник.

Иначе, лично по мене, јасно е дека нешто се случува со Венгер и играчите. Како намерно да не играат повеќе за него. И оваа приказната дека Озил и Санчез ќе си одат ако си замини Венгер, јас мислам дека е обратно. Дека ќе останат ако си замини Венгер и биди донесена соодветна замена. Но, пак, само шпекулации. Едино ме теши шо наскоро рече дека ќе ја кажи својата одлука, која ќе биди заминување од Арсенал и нова етапа во постоењето на Арсенал како фудбалски тим. Етапа која и те како ќе биде подобра од оваа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom