Фан Клуб: Арсенал

T

Todd Solondz

Гостин
За таа „непослушност“ е крив само Венгер. Работник може да биде незадоволен од работодавецот, ама на тебе е да одлучиш дали тој работник вреди да пробаш да му ја вратиш довербата или пак треба да му речеш да си оди. Убави идеи си има(ше) Венгер, ама цело време како некој друг подобро да ги имплементира. Неам проблем да се стави како технички директор, али за тренер на екипа веќе не е. Последниве 2 сезони се доказ за тоа.
Не можеме да бидеме сигурни дека е Венгер виновникот за незадоволството на Алексис. Проблемот не е во довербата туку во парите. Не верувам Венгер да е одговорен за продолжување на договорите.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
@Bojan Van Buuren Дејвид од ББЦ излезе со статија,така да...
Де пушти линк да прочитам :)[DOUBLEPOST=1488754406][/DOUBLEPOST]
Не можеме да бидеме сигурни дека е Венгер виновникот за незадоволството на Алексис. Проблемот не е во довербата туку во парите. Не верувам Венгер да е одговорен за продолжување на договорите.
Виновникот се резултатите, а пак виновен за резултатите е Венгер. Океј, Венгер ин си и неам проблем со тоа, ама не се праи со сила дека не глеаш некои работи.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.967
Ако е вистина тоа, ваљда Венгер не требаше уопште да го стави ни на клупа, нит после да го пушти у тим. Најчкарт ситуација е ако тимот е заложник на еден играч, макар тој бил најдобриот. Ми текнува Суарез кога сакаше да изнуди трансфер кај вас, Роџерс кога го прати да тренира сам цел месец. Ако сака најдобар на Свет нека биде, не смее да се однесува така, само што денешниве фудбалери се тешки исфрустрирани говна. Ако не сакаш да играш, кажи не сакам и чао, ќе си барам друг клуб и тоа е тоа а не да правиш раздор во екипа и да му штетиш на тимот од (лаички кажано) инает.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Според мене ситуацијата е таква што го поддржувам Алексис.
Да беше подруга ситуацијата, пример да бевме конкурентни за борба за второ место (Челзи игра предобро сезонава за реално некој друг тим да има шанса за титула), не би ми бил ваков ставот, ама у ситуација кога тимот е у фри фол...
Тимот ни е пун мекуши, без желба за играње и без некако желба за освојување титули. Не е дека го бранам Озил, ама може неговата форма е резултат и на целата атмосфера. Сите знаеме дека може подобро, ама у ситуација кога најголемото достигнување ни е топ 4, зошто би се трудел да игра на топ ниво. Не викам дека е исправно ова, ама ако е таква ситуацијата би го сфатил. Пак, не е у ред, да не се сфатиме погрешно.
 
T

Todd Solondz

Гостин
Де пушти линк да прочитам :)[DOUBLEPOST=1488754406][/DOUBLEPOST]
Виновникот се резултатите, а пак виновен за резултатите е Венгер. Океј, Венгер ин си и неам проблем со тоа, ама не се праи со сила дека не глеаш некои работи.
Зборам конкретно за ситуацијата на Алексис. Колку и да е добар и колку и да е исфрустриран од ситуацијата со договорот сепак треба да го почитува Венгер а не да изиграва звезда.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Зборам конкретно за ситуацијата на Алексис. Колку и да е добар и колку и да е исфрустриран од ситуацијата со договорот сепак треба да го почитува Венгер а не да изиграва звезда.
Напишав погоре зошто ја го поддржувам Алексис.
 

Mad_Coko

blow me!
Член од
21 август 2010
Мислења
7.395
Поени од реакции
12.820
#TeamSanchez

Ако има човек што треба да му покаже на тим ко Арсенал каде греши и дека е станат смешка од тим, тоа е дефинитивно Санчез.
Човекот е се што Арсенал не е.
 

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.746
Поени од реакции
12.839
Не можеме да бидеме сигурни дека е Венгер виновникот за незадоволството на Алексис. Проблемот не е во довербата туку во парите. Не верувам Венгер да е одговорен за продолжување на договорите.
Па не е Санчез един пример за ова. Како бе Озил може да биде одличен за Германија и Реал а да има 50-50 сезони за Арсенал. Или еве говедото велшко, што го мразам, да доминира за Велс а во Арсенал не знае на кај тера. Последниве пар месеци дури и Кошчиелни полека почнува да влегува во сивилото.

Тоа со Санчез и парите не знам од кај ти е. Па тој и кога отиде во Барса имаше подобри финансиски понуди. Кога дојде кај нас имаше подобри финансиски понуди. Санчез на почеток на оваа сезона да требаше да бира Ливерпул или Арсенал ќе го одбереше Ливерпул. Јесда имаат далеку по просечен тим од моменталниот на Арсенал али тие што играат, играат до крај, а и Клоп му е тренер по мерка, што е амбициозен, агресивен, емотивен, што секогаш турка до крај.
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.235
Поени од реакции
14.580
Ремзи за Велс игра 10ка на некој начин, има други што треба да покриваат, затоа ме напна Венгер за утакмицава што не го уфрли на полувреме наместо Ивоби кој делуваше изгубено.

Го сакам детето, има потенцијал, ама игра лошо неколку недели а Венгер упорно го форсира.

До Венгер е проблемот за моменталната ситуација и ако не го освоиме трофгејот за 4то место само Венгер ќе биде крив и никој друг.
 
P

psychostasia

Гостин
И сеа као Санчез е крив што е до тука работата затоа што форсирал и викал по играчите кои што се влечат ко црева по терен? Се гледаше уште од прва утакмица дека Санчез е човек кој е гладен за победи и се жртвува до крај. Пола сезона кога дојде го носеше тимот на грб и работеше за тројца на терен и сега крив бил што барал говедата да играат и затоа што е бесен кога губат? Озбилно ова?
 
T

Todd Solondz

Гостин
Па не е Санчез един пример за ова. Како бе Озил може да биде одличен за Германија и Реал а да има 50-50 сезони за Арсенал. Или еве говедото велшко, што го мразам, да доминира за Велс а во Арсенал не знае на кај тера. Последниве пар месеци дури и Кошчиелни полека почнува да влегува во сивилото.

Тоа со Санчез и парите не знам од кај ти е. Па тој и кога отиде во Барса имаше подобри финансиски понуди. Кога дојде кај нас имаше подобри финансиски понуди. Санчез на почеток на оваа сезона да требаше да бира Ливерпул или Арсенал ќе го одбереше Ливерпул. Јесда имаат далеку по просечен тим од моменталниот на Арсенал али тие што играат, играат до крај, а и Клоп му е тренер по мерка, што е амбициозен, агресивен, емотивен, што секогаш турка до крај.
Озил игра подобро за Арсенал отколку за репрезентацијата последните 3 години. За време на светското беше најплукан германски играч од страна на медиумите. Ремзи ке играше во Свонси, да не беше Венгер. Прво се плукаше неколку сезони по Венгер поради тоа што го игра Ремзи и се трубеше дека треба да го продаде а сега кога стана играч од Ремзи се плука по Венгер пошто демек го кочел. Нормално е дека Ремзи повеќе ке се истакне за Велс каде што има неограничена слобода на теренот ама немаше да биде лош и за Арсенал да се средеше малку со повредите. Неможе да фати ритам, на секои 2-3 недели некој хамстринг пука.Нормално дека ке е вон форма но не е во Венгер кривицата.
Ми мириса дека Санчез припрема терен за трансфер. Недисциплиниран на терен, се спукал со соиграчите, константно драматизирање... Ја нема добиено сумата која ја бара од Арсенал па сака да ја добие на друго место. Што е разбирливо, најдобар играч во ПЛ е а заработува колку Тео Волкот. Ама неможеме Венгер да го обвиниме за ова пошто не знаеме дали тој го има завршниот збор за платите и продолжувањето на договорите на играчите. Венгер сака да го задржи дури и кажа дека нема да го продаде до истекот на договорот. Не гледам причина зошто не би му го продолжил договорот ако тој е тој што одлучува.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Платата на Алексис е најмал проблем, барем според мене. Алексис ми оддава впечаток дека игра за победи, титули и слава отколку за пари. Мислам дека ќе се согласи и на помала плата ако тимот е конкурентен. Впрочем и Анри коа си отиде не отиде ради плата туку ради конкурентноста на тимот.
Колку и да не е у ред однесувањето на Алексис, у право е.
 
T

Todd Solondz

Гостин
Затоа ПСЖ се фаворити за негов потпис, не ме еби.[DOUBLEPOST=1488796910][/DOUBLEPOST]Иан Рајт вика Озил ја изглумил настинката пошто знаел дека ке ја грее клупата против Ливерпул. Клубот е лудница.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Do lani mislev deka konecno sme stabilni i deka duri i venger da zamine nema da se slucat golemi turbulencii. Sega kakva e situacijata tranzicijata na Junajted po Ferguson ke bide pesna za toa sto nas ke ni se slucuva

Sent from my SM-G357FZ using Tapatalk
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.235
Поени од реакции
14.580
Не туку треба да се исфрли шлајмот од тимот, и новиот менаџер да си донесе негови играчи и негова филозофија.
Озил ќе ми глуми лудило, му ебам тоа гадното педерче, Санчез исто се понаша, не е у право и не треба така, ама му ја разбирам фрустрацијата кога игра со инвалиди.

Види на пример како Покетино ги препороди Тотенхем, и Конте Челзи.

Да не зборам дека Пеп ќе биде многу посериозен наредна сезона кога ќе си го скрои тимот по мерка, уште му фалат 3-4 играчи.

Ако не бидеме годинава у топ 4, нема да бидеме ни идната, Венгер ќе си оди заедно со Озил и Санчез, а се надевам и уште пола тим, па нека се почне од почеток.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom