Фан Клуб: Арсенал

Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.061
Поени од реакции
12.951
П.С. Ова е во топ5 најјаки статистики што ги иам прочитано во животот :ROFLMAO::aplauz:

Arsène Wenger's FA Cup third round record:
21 played
21 won
0 losses
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
И шо ако победивме ?
Игравме против ебан Престон шо појма неам ни у која лига игра...
Се спасуваме со гол у 89та минута и тоа као некој успех е ?
Бруки !

Па и жируно уште се пали ко младо магаре на голот. УАУ играш у премиерлигашки тим и се палиш на гол против небитен тим, стварно респекат !
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Исто и ја на вашиот...
Против тим што видов дека бил 11ти у чемпионшип даваме гол у 89та минута и паѓаме у несвест од возбуда. Со борнмут израмнуваме и после бришеме тастатурите за да не се лепат....
Чиниш дал гол у финале на ЛШ против Реал, а не против факинг Прeстон у 89та минута за поминување у 3та фаза на ФА Куп (или која и да е, небитно).

Да игравме против јак тим, па да речев браво, ама против Прeстон... јок.
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.188
Поени од реакции
14.466
Другар, друго збориш.
Никаде не ја величам победава или нерешеното претходниот натпревар.

Тоа што се радуваше за нерешено Жиру против Борнмут не му требаше, ама сите му се пуштија на Жиру а Габриел влета у публика и никој не го спомна тоа.

Ама денес, дава во 89та гол за победа, гол за продолжување понатаму и гол кој ги спасува од играње уште еден непотребен натпревар, па и против ФК Царев Двор да е пак има право да се радува.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.048
Поени од реакции
7.078
Исто и ја на вашиот...
Против тим што видов дека бил 11ти у чемпионшип даваме гол у 89та минута и паѓаме у несвест од возбуда. Со борнмут израмнуваме и после бришеме тастатурите за да не се лепат....
Чиниш дал гол у финале на ЛШ против Реал, а не против факинг Прeстон у 89та минута за поминување у 3та фаза на ФА Куп (или која и да е, небитно).

Да игравме против јак тим, па да речев браво, ама против Прeстон... јок.
Што ќе ти смене дали сме победиле 0-6 или 1-2? Не ли е ова куп? Дали ако го освоиме купот ќе се радуваш на титулата каде овој гол бил еден од клучните?
 
P

psychostasia

Гостин
Кој се радува на фа куп веќе? Дај не ме јебете, до тоа ли ниво сме паднати на фа куп да се ситиме и да се радуваме?
И што ако дал гол Жиру кога цела утакмица го немаше? Што ако дал гол со Брнмут кога цела утакмица ко со црвен бевме? Ебате напаѓачот класен што не знае што да прави со топка сам пред голман. Нека види Перез што прави и нека учи. Дрво желкосано.
 
T

Todd Solondz

Гостин
Сакале да признаете или не Жиру ни е најдобар играч последните 4 натпревари. Има 4 гола и 2-3 асистенции, притоа само еден зицер му памтам да има промашено. Сите сакаме супер стар во тимот кој од ништо ке ни носи бодови. Епа Жиру на свој начин го прави тоа последните неколку натпревари. Средњаците неможат да изнесат топка од пред наш гол а камо ли да изработат квалитетна акција, ама не Жиру бил крив зошто прославувал голови.
 
P

psychostasia

Гостин
Остај прославите, мене не ми значат ич. Ми значи кога гледам некој да се труди цела утакмица, а Жиру се труди изгледа да не го спомнат ич цела утакмица.
Ебате Перез асистенции, голови, акции... Не! Жиру бил спасител.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.061
Поени од реакции
12.951
Кој се радува на фа куп веќе? Дај не ме јебете, до тоа ли ниво сме паднати на фа куп да се ситиме и да се радуваме?
И што ако дал гол Жиру кога цела утакмица го немаше? Што ако дал гол со Брнмут кога цела утакмица ко со црвен бевме? Ебате напаѓачот класен што не знае што да прави со топка сам пред голман. Нека види Перез што прави и нека учи. Дрво желкосано.
Па подобро ни беше во 2014 и 2015 кога на ФА куп се радувавме или претходно кога на ништо не се радувавме? Од такво размислување дека секој куп е небитен на крај со празни раце остануваме, демек ние ЛШ и ПЛ освојуваме па сега нека не е битен купот. Со ваква игра, ќе се радуваме на куп, следна година се надевам ќе имаме поголема причина за радост, па дур тогаш нека биде купот небитен и нека ни е сеедно што ќе се случува во двата купа.
И што да учи од Перез, кога и Перез има сличен стил на игра со Жиру, гледа да се загради да врати назад топка. Ниеден од двајцата бар не во Арсенал нема стил да истрча нанапред на брза топка и сам да заврши. И двајцата гледаат во мал простор да шутнат, или да вратат назад на некој што е во подобра позиција. Не се прва класа напаѓачи, ама далеку се од дрва, гледаш и двајцата колку пати биле супер Џокери.
Така мислам многу сте му се сипале сите на Жиру поради промашувања, точно промашуваше, ама и други се утепале од промашување. Ремзи, Волкот, Чембрлејн, па во најмала рака колку Жиру имаат промашувано. Жиру многу пати не спасил и извлекол од каша; доста се плука на него, кога сезонава е еден од најдобрите поединци.
 
T

Todd Solondz

Гостин
Остај прославите, мене не ми значат ич. Ми значи кога гледам некој да се труди цела утакмица, а Жиру се труди изгледа да не го спомнат ич цела утакмица.
Ебате Перез асистенции, голови, акции... Не! Жиру бил спасител.
И Перез е добар ама мислам дека само Алексис и можеби Волкот ни имаат донесено повеќе поени сезонава од Жиру. Против Јунајтед хедерот, против Саутемптон изнуди пенал, против ВБА донесе победа во последната минута, против Борнмут бод, еве вечерва не спаси од дополнителен меч. И тоа во секој од овие натпревари сме имале игра рамна на 0, значи од ич ништо Жиру ни има донесено резултат.
 
P

psychostasia

Гостин
Не е поентата да не му се радуваме на купот, сосем друго е работата.

Од Перез има многу што да учи Жиру, а особено околу играта со нозе. Жити мајка или гледаме различни тимови или ептен не сакате да признаете дека е дрво.
Перез подава, излетува, центрира, шутира и со нозе и со глава... Што од ова прави Жиру? Чека топки на тацна да пушти нога и промашува јер само со глава знае да игра.

Не е муабетот кој дава гол за да рамните некакви бодови. Кош колку голови дал, Чех колку? Или нивните заслуги не се спомнуваат оти не носеле бодови.
Жиру е дрво затоа што го нема цела утакмица. Ако сака да биде стартер треба да го има по терен, да трча да се бори за топки и да погодува кога добива. Жиру по три пасови има на утакмица и вие ми го правите јак играч. Колку и да не го сакам, а не го сакам ич, погледнете го Коста со каков жар и борбеност игра. И каков импакт има во нападот за разлика од копитото наше.
Стварно не сте ми јасни околу Жиру. Ако толку е добар зошто сите баравме напаѓач да се купи?
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.188
Поени од реакции
14.466
Абе мислиш Перез денес беше Меси.
Не напраи ни Перез буквално ништо, а тоа проигрување на крај го изиграа со Жиру, така да и двајцата беа дрва до 90та а у 90та изиграа една добра акција.

Незнам како може периодов да ви е Жиру на тапет кога има толку многу повеќе што нечини у тимов.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Коа на тим што е 11 во чемпионшип му даваш гол во 89та и тоа треба да е huge deal, тогаш нешто не чини. Ако тим што е 11ти во чемпионшип те принудува да се браниш со 11 играчи, макар тоа било и на 2 минути, нешто не чини.
И не нема да се радувам на ФА Куп, зошто мислам дека ФА Куп не треба да биде предизвик за тим од калибарот на Арсенал. Предизвик треба да бидат ПЛ и ЛШ.
Ама од она што го збори @FilipMKD007 глеам дека на повеќето ФА Купот ви е премија. Зошто нели ние не освојуваме секоја сезона ПЛ или ЛШ, и ова е нешто за нас, колку да не останеме со празни раце.
Коа го освајавме Комјунити шилд и тоа беше биг дил за нас, зошто јебига не сме ние секогаш у конкуренција за ПЛ и ЛШ.
Ете може догодина ќе сме се радувале на нешто поголемо, а ако не, секогаш е тука нели ФА Купот, или шо знам, може па и Карлинг Купот ни е супер, пак, за да не останеме без ништо.

И тука нели ќе почнат муабетите „ама Челзи, Јунајтед, Сити трошат милијарди, не можеме ние со нив“. Тачно, не можеме ние со нив, ама еве Јунајтед со толку милиони потрошени сеа се 6ти, а Лестер лани освои титула со тим што вредеше само колку Санчез и Озил.

Епа јбг, убаво вика после Клод, проблемот е што на вас 4то место ви е премија. 17 години по ред играме у ЛШ, не е заебанција тоа.


И на крајов едно нешто не ми е јасно.
Жиру е у Арсенал, колку, 4-5 сезони ?
И сите 4-5 сезони бараме нов напаѓач, за некако магично сеа да излезе дека и он уствари бил добар. Уствари на крајот излага дека се е добро кај нас.
Е ама како така со Борнмут вадиме 3-3 или со мизерниот Евертон 2-2 или со Престон едвај се спасуваме у 89та минута, никој не знае.
Божја воља, шо се може тука...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom