Пола саат играме со играч повеќе и само 2 пати шутнаа во гол. Тео и неговите елегантни движења ги прават дефанзивците на Касл да изгледаат ко ѕверови. Казорла првите 15 минути се трудеше после изгледа му досади и го снема. Алексис трча, се бори со сите ама некако јалово е целото затоа што откако ќе навлече играчи не подава кај што би имале корист туку или враќа назад или оди на фаул. Кокелан човеков среќа што уште може да трча, алал да му е со толку фаули врз него. Плус и отвори 2-3 акции. Чамбо очекував да даде повеќе резултати ама што кога не играат по негова страна, три-четири акции пробаа од таму и ќе беше добро да не го имавме Тео за напаѓач. Одбраната не ни имаше нешто посебно работа, ама два-три пати убаво завршија работа. Габриел заслужува место пред Мерте, плус многу побрз е во споредба со него, ама му треба уште некоја утакмица за да привикне на побрзото темпо во ПЛ.
Мислам дека треба да играме со двајца напаѓачи, 4-1-3-2 формација. Одбраната иста, Кок, Алексис-Рамзи-Чамбо, Волкот-Жиру. Санти слободно може да го заменат уште на полувреме, го нема човекот воопшто.