Пишејте нешто за Анри,бем ви дркаџиите.
Ајде да пробам

Тити е еден од главните виновници ако не и главниот виновник ради кој почнав да ја имам оваа пасија наречена Арсенал(навивање е мал збор). Тука меѓу виновниците секако се и Беркамп(кого како копиљ ми беше омилен играч во Холандската репрезентација), Венгер со начинот и системот на игра по која беше препознатлив Арсенал во првата половина на минатата деценија, Пирес(класичен пример за крило), Виера(за чија позиција никогаш не најдовме замена), столбојте на одбраната, ладнокрвниот Кембел и избувливиот Кион... ќе го вброев и Адамс но ради мојата возраст му го фатив само залезот на кариерата. Сите беа класа играчи,меѓу најдобрите во своето време но Анри беше нешто повеќе.
Никогаш немат да го заборавам голот против Ливерпул кога им ја шина цела одбрана, ганер галактико голот на Бернабеу, 2риот негов гол во Милано во победата од 1-5 со Интер, но покрај сите тие евро голови најдраг ми е тој со
Јунајтед јануарито 2007ма. Можеби затоа што го даде со глава, а тоа му беше најслабата страна од играта, можеби затоа шо ја глеав со навивач на јунајтед кој после натпреварот цело време кенкаше дека битно тие се први и ни бегаат 20 бода а јас само си се смешкав,можеби ради пресвртот а можеби затоа што тој тим на јунајтед беше најдобриот тим во минатата деценија против кој играл Арсенал,кој беше инфериорниот противник кој го победи тој тим.
Како вчера да беше кога два дена после разочарувачкото финале против Барселона на вести слушнав дека го продолжил договорот, бев пресреќен, скоро и да заборавив на поразот(who needs the champion trophy when you have Thierry Henry). За да една година подоцна го гледам
видеово на кое првпат пуштив солза поврзана со Арсенал. Летото требаше да го доведеме Рибери и да направиме незапирлив тандем од Француската репрезентација а ние ниту го доведовме Френк а го изгубивме и Тити.
Тогаш никако неможев да му опростам на тој избор да го напуштит Арсенал, ни него ни на Венгер што не направил се да го задржит играчот кој една година порано на пресот при продолжување на договорот изјави " But I think with my heart and my heart told me to stay". Огорчен бев со години но најпосле сфатив дека тој Арсенал не го заслужуваше Анри а и Анри не заслужуваше да играт во таков Арсенал. Кога го крена и последниот трофеј кој му фалеше во неговите витрини иако со еден од поомразените клубој од моја страна, сепак бев среќен, затоа што Тити го заслужи тоа.
Среќен да му е роденденот и фала му на се што направи за Арсенал.