Гнабри го дадовме во ВБА на позајмица, добар потег е ова, има огромен потенцијал играчов ќе стекне и ПЛ искуство.
Сега за сега од позајмени играчи вака стоиме:
Гнабри во ВБА
Шчезни во Рома
Хајден и Акпом во Хул
Саного во Ајакс
Џенкинсон во Вест Хем
Торал во Бирмингем
Кроули во Барнсли
Меитлан-Нилс во Ипсвич
Вака гледано најголемо искуство очекувам да добијат: Гнабри,Саного,Џенксинсон и Шчезни бидејќи настапуваат во први лиги, е сега освен Џенкинсон на кој му е загарантирано место во стартните единаесет, другиве ќе треба да се помачат малце и среќа да имаат.
Шчезни очекувам да се наметне како прв голман во Рома, има поголем квалитет од ДеСантис.
Саного ќе има некоја епизодна улога и тука ќе треба да си ја бара шансата, оти релано тешко да му фати место на Милиќ, Ајакс за сега има само двајца напаѓачи, па ако се повреди Милиќ, Саного им останува единствена опција
Гнабри многу тешко да фати место во ВБА, вајда имаат склучено некој договор во позајмицата да има извесен број на настапи.Пред него се Меклин,Мекманаман,Бераињо,Сесењон,Браун играчи со големо ПЛ искуство, ќе биде ептен тешко да фати место во стартни 11.
Торал очекувам без проблем да се наметне во Бирмингем, веќе има големо искуство во Чемпионшип, Кроули има преголем талент за стоката во Барнсли, директно прва ќе го играат, Акпом и Хајден ништо нема да направат во Хул, додека Меиталн-Нилс не можам да го коментирам не знам шо играчи имаат Ипсвич, мислам дека им фалат крила, така да може да се наметне како првотимец.