Фан Клуб: Арсенал

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.234
Поени од реакции
14.576
Иако Тео требаше да шутне веднаш, тоа не го оспорува фактот дека имаше пенал врз него. Сепак, добра асистенција на Тео за голот на Жиру. Добро му ја намести. Жиру супериорен гол. Сега, треба добра дефанзива и добра контра и да се приврши мечот.
Каква асистенција на Тео бе?
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Нека баталат ЛШ, вака ко што иаме сеа опции во средина и напад, ко што се „разбудуваат“ некои од играчиве, нека цели да победат се до крај. Уште 9 кола, 27 бода.....Нека ја направат сезонава легендарна :)
Абе дури и да ги тепаме сите до крај, пак не верувам Челзи освен што ќе изгубат од нас уште 7 бода на други места да изгубат.
 

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.743
Поени од реакции
12.827
Само забораваш дека у тие 9 играме со Челзи, Ливерпул и Јунајтед ;)

Ја викам да направиме чудо со Монако, да се стреси Европа, па после ќе видиме, тука со В.Хем ја завршивме работата рутински, уште едни убави 3 бодови.

Ех, Жиру, класа играч е стварно, но како можеше баш со Монако да има лоша вечер, тогаш да распалеше...
Па баш ради тоа :) Со победи на Пул и Јунајтед, ги туркаме од грб, со победа на Челзи им намалуваме 3 бода предност.

Челзи башка има утакмици со нас, со Пул, со Јунајтед. :) Ние да тепаме се до крај, останато што треба е „малку“ среќа ;)
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Убаво сценарио, ама да не претеруваме, шо би рекол Венгер, да се концентрираме на секоја следна утакмица, па ќе видиме шо ќе биде
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.234
Поени од реакции
14.576
Ја викам прво 0-3 да ги плеснеме Монако па после за другото.

8 - Arsenal have won eight consecutive home league games for the first time since November 2005. Fortress.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.072
Поени од реакции
6.730
Да бидеме реални шансата за титула ни е игла у сено... По ред да одиме , а следен е Монако.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Ремзи да го пофалам денеска, не само за голот, имаше добра утакмица, он е дефинитивно моторот у средниот ред кој ни треба заедно со Кокелан, не е исто кога игра Ремзи и кога игра Санти или Озил во средниот ред.
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.234
Поени од реакции
14.576
Ремзи да го пофалам денеска, не само за голот, имаше добра утакмица, он е дефинитивно моторот у средниот ред кој ни треба заедно со Кокелан, не е исто кога игра Ремзи и кога игра Санти или Озил во средниот ред.
Санти откоа влезе дадовме два гола :P

Иначе да Ремзи и Кокелин ќе ни биде дуото у средина, Ремзи е дефанзивно подобар од сите други а башка и знае кога да повлече...

Сеа фали само еден брз гол против Монако.
 

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.743
Поени од реакции
12.827
Да бидеме реални шансата за титула ни е игла у сено... По ред да одиме , а следен е Монако.
До некаде си во право. Ама па за прв пат во последниве 5-6 години, последните 10 утакмици ни се такви, до само од нас зависи кај ќе бидеме во топ4 табелата :)
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Санти откоа влезе дадовме два гола :P

Иначе да Ремзи и Кокелин ќе ни биде дуото у средина, Ремзи е дефанзивно подобар од сите други а башка и знае кога да повлече...

Сеа фали само еден брз гол против Монако.
Не се изразив добро, подобро Ремзи да игра централен везњак него ли Санти (имаше неколку утакмици) и идеалниот тим е баш како денешиов : Кок, Ремзи, еден од Санти/Озил во средниа и во напад Алексис, Жиру и еден од Тео/Велбек (според формата моментална Велбек залужува старт пред Тео)
 
T

Todd Solondz

Гостин
Не си ги дигајте многу очекувањата за против Монако да не се разочарате.Нема шанси да поминеме.А и во лигата одамна се изгубени шансите.Фантастично ке биде ако се земе купот и заврши во топ 3.
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.234
Поени од реакции
14.576
Мислам дека со Монако ќе биде скоро истиот тим со тоа што ќе игра Велбек наместо Тео и Белерин наместо Чемберс.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
И ја ќе бидам задоволен со топ3 и одбрана на ФА Купот, се друго ќе биде бонус и изненадување, со Монако не очекувам премногу, само сакам да дадат се од себе, работата ја посраа они пред две недели у Лондон.
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.234
Поени од реакции
14.576
Не си ги дигајте многу очекувањата за против Монако да не се разочарате.Нема шанси да поминеме.А и во лигата одамна се изгубени шансите.Фантастично ке биде ако се земе купот и заврши во топ 3.
Не си дигаме очеувања туку сме оптимисти, ако испаднат тоа е нема да биде вториот натпревар причина за тоа.

И со Баерн изгубивме 1-3 пред две години па бевме на влакно од пласман понатаму
 

Kajgana Shop

На врв Bottom