Јас не сум толку убеден после летово, ама не е само тој, и за Насри се загреани, а за Ван Перси покрај повредите итн.
Ни треба некој позитивен резултат, титула некоја, оти можеби ќе остане уште една година ама без титула таа ќе му биде последна во Арсенал, ако освоиме нешто( ПЛ, ЛШ) сигурен сум дека ќе остане уште минимум 3-4 години, ќе оди во Барса на 28-29 кога и Чави и Иниеста ќе се повлечат.
Засега ни треба барем уште еден искусен играч, некој што има освоено голема титула, некој од елитна класа, ни треба доминантна фигура на теренот некој како Анри или Виера кој ќе преземе одговорност на вакви тешки натпревари, бидејќи вака децава само се фрустрираат. Треба и некој од децава да проба да се промовира како лидер покрај Фабрегас, кога не игра тој сме тапа исто и кога не е во форма. Неможе целата игра да се врти околу Цеск, во легендарната генерација се почнуваше од Виера, но таму беа и Љумберг, Анри, Пирес, никој од овие не пропушташе да реши кога им се отвараше шанса.
Можеби треба да се фокусираме само на едно или две натпреварувања и така да освоиме нешто, да го пробиеме мразот на недовербата, пред се во самите себе, самите да си докажеме дека можеме да одиме до крај и да освоиме. Ова е генерација за иднината, но мора да се внимава како се развива, никој не сака да добиеме тим со фалинка, со нестабилен менталитет. Сите имаат подеми и падови, но нашиот пад предолго трае, ако може да се нарече пад, ова е повеќе статус кво, борба за опстанок
После првиот трофеј, верувам ќе биде полесно, како што кажа Росицки, кога ќе го освојат првиот трофеј децава ќе бараат уште.
Сега ни треба верба за наредниот натпревар, ни треба ментална сила да се вратиме, тоа во моментов е најважно. Да докажеме дека вчера беше само лош ден.