Малку покасно пишувам за натпреварот.
Не го гледав, како и многу други пред него, бев на работа а и многу се нервирам во последно време така да не сакам да останам келав уште млад
Го гледав хајлајтсот многу внимателно, моите забелешки се главно на претераната среќа на Шити кои 1000 посто му го продале газот на Ѓаволот за да не изгубат на Емирати.
Да му се плукнам во таквата среќа, и да и се плукнам на нашата несреќа, што се беше промашено.
Црвените картони и не беа баш за црвени, имаше кошкање, жолти можеше да даде без проблем и по една опомена, немаше потреба да се расипува натпреварот и да се троши време пред крај, ама ајде беше што беше.
Најмногу се нервирам кога ќе се растуриме од правење шанси и промашување дури и на невозможни работи. Ова пречесто ни се случува, најтрагично е што не постои логично објаснување за ова, ама обично после вакви нереализирани можности, некој крка шестарда, т.е. се изнадаваме голови после тоа. Се надевам дека тоа ќе се оствари што поскоро.
Честит Божиќ и Христос се роди, се читаме пак друштво, поздрав