Арсенал на мета на руски тајкун
Алишер Усманов изјави дека сака да стекне повеќе од 25 посто од акциите на лондонскиот премиерлигаш. Засега рускиот богаташ е ’само’ втор најголем акционер на Топчиите и има 21 процент од акциите. Може ли и Арсенал да стане руски клуб?
Кога ќе стекнам повеќе од 25 посто од акциите, ќе го имам контролниот пакет и ќе добијам право на вето кога ќе се носат одлуките. Исто така, тогаш вредноста на мојот акционерски пакет кој сега го поседувам значително ќе порасне“, изјави Алишер Усманов за една московска радио станица.
Рускиот богаташ во август купи 14,58 посто од акциите кои дотогаш беа во сопственост на поранешниот претседател на Арсенал Дејвид Деин.
За нив, Усманов плати 110 милиони евра, а откако неодмана купи и дополнителни 6,42 посто акции, стана вториот најголем акционер на клубот со точно 21 посто акции.