Madrid
Timeless
- Член од
- 23 март 2008
- Мислења
- 3.899
- Поени од реакции
- 154
Со официјално писмо во текот на вчерашниот ден раководството на КК "Амак-СП" од Охрид го извести КФМ дека заклучно со 30 април престанува со работа.
Проклетството продолжува, и тоа со несмален интензитет. А е поврзано со откажување на една екипа кога е во некоја најголема моќ, што со себе ја носи освојувањето на еден трофеј.
КК "АМАК-СП" од Охрид со официјално писмо ја информираше Кошаркарската федерација на Македонија дека престанува со работа.
Во оние неколку реда на потврда од страна на охриѓани стои:
"Ве известуваме дека денес, на ден 30.04.2009 година, престануваат да важат договорите склучени меѓу КК АМАК-СП Охрид и играчите ангажирани од страна на овој клуб во натпреварувачката сезона 2008/2009 година.
Воедно Ве известуваме дека со истиот датум КК АМАК-СП Охрид престанува со работа".
Лоша, многу лоша вест која доаѓа од охридското крајбрежје. Посебно ако се знае дека оваа сезона беше онаа на најголем успех на охридската кошарка. Сезона во која АМАК-СП го освои Купот на Македонија, а во регуларниот дел од сезоната го освои четвртото место (беше елиминиран во четвртфиналето).
Сезона во која АМАК-СП веројатно го имаше и најсилниот играчки состав до формирањето пред три сезони, кога ги презема сите "обврски" од клубот "Талент Скул АНД 1".
Иако во писмото до КФМ претседателот на АМАК-СП, Венко Шапкар, не ги открива причините поради кои е донесена една ваква одлука, јасно е дека таа е од финансиска природа.
Лошата ситуација, особено рецесијата, во светската автомобилска индустрија, каде е и најголем "пазарот" на АМАК-СП, веројатно си го прават своето. Па оттука веројатно "товарот" на одржување на една врвна екипа (за наши услови, секако) е претежок дури и за семејството Шапкар.
По завршувањето на оваа сезона имаше и такви најави дека и градот Охрид ќе застане зад клубот кој го донесе првиот голем трофеј во градот крај Охридското Езеро.
На посебниот прием, организиран од страна на градоначалникот на Охрид, освен наградата од 5.000 евра за освоениот Куп, имаше и ветување дека градот ќе биде зад АМАК-СП во обид да биде еден од водечките во кошаркарскиот спорт.
Но изгледа дека се ќе остане само на некои ветувања...
Македонски Спорт
И официјално, згасна Амак СП.