Слабо прво полувреме, одлично второ. По се изгледа дека Карера/Конте на полувреме им ги дал на Јуве правите инструкции за како да ја совладаат одличната игра на Парма во средниот ред и одбраната, и затоа во второто полувреме Јуве беа далеку поопасни отколку во првото.
Сторари - Имаше добри асистенции, но напати беше доста несигурен во интервенциите.
Мароне - Со оглед дека е средишен играч, одлично си ја заврши работата на својата неприродна позиција како централен дефанзивец. Се гледа дека има квалитет, и да продолжи да игра со голема самодоверба може да стане еден од главните носители на играта на Јувентус.
Бонучи - Не е во формата во која ја заврши минатата сезона и на Европското првенство, но сепак имаше неколку добри интервенции.
Барзаљи - Во првото полувреме доста несигурен, но второто полувреме изигра одлично.
Лихштајнер - Во моментов најдобриот десен бек во Италија, и еден од најдобрите во светот.
Азамоа - Најдоброто засилување на Јуве досега летово. Брз, неуморен, одличен и во одбрана и напад. Комплетен играч, кој може да игра буквално на секоја позиција. Одличен потег на Марота е неговото ангажирање.
Видал - Лошо изведен пенал, можеше да му донесе на Јуве водство многу порано, но во второто полувреме се поправи. Можеби не изигра најдобро што може, но нормално е тоа на старт на првенство.
Маркизио - Најдобриот играч во средината на Јуве против Парма. Второто полувреме беше незаменлив, го имаше секаде на теренот.
Пирло - класа си е класа.
Џовинко - Добро изигра, неколкупати доста несигурен, но ова е само почеток на сезоната, ќе видиме што ќе успее Конте да извлечи од него.
Вучинич - Доста претрча, доста нервозен што му се одрази на играта, но нема сомнение за неговата класа, да успееше да го постигне голот од странична позиција ќе беше еден од ТОП 2 најдобрите голови во Италија сезонава.
Добар старт на новата сезона и одбраната на титулата во Италија.