Фан Клуб: Јувентус

Mr. Mojo Risin'

Porka de Majorka
Член од
14 септември 2008
Мислења
3.492
Поени од реакции
4.336
3 Порази по ред :(, a цела полусезона имавме само 2 порази.се чудам зошто од одма почна надолу работава:(.
Ја гледав со другари утакмицата и само што го видов Морганти им реков гледајте и уживајте.
За натпреварот многу ми се допадна Маркисио кој ме демантираше од пред 3 натпревари кога пишав дека слободно треба да одмори едно 4 5 натпревари, значи вечерва:

Матри - Можеше да биде деби на соништата вечерашниот меч но ете немаше среќа,се надевам против Каљари и интер ќе распали.
Барзаљи - па незнам зошто толку критики за овој трансфер кога дечкото одигра прекрасно.Имаме добро трио со Киелини,Бонучи и Барзаљи.
Маркисио - беше насекаде напред назад лево десно.Даде гол имаше шанси се бореше како Лав,Тоа е тој Маркисио што сакам да го гледам.
Мело - почна со ланските партии изгледа црвениот картон му го промени умот повторно(дај боже да грешам).
Аквилани - ептен слабо,немотивирано игра и се мислам дека би требало да се проба Маркисио Мело во средината он малце да одмори,Беше до негде кривец за првиот гол.
Киелини -:cuc:
Другите лево десно слабо ептен не се ни за коментирање.

Разочарувањето е големо но што да се праи ваљда нема вечно да трае оваа Агонија.Само се надевам да се освои тоа мочано (со извинување) Четврто место па да видиме Ањели и Марота Дали ќе донесат некоја ѕвезда во имот и дали конечно нема да ги гледаме Гросо Григера,Мотта во тимот.
 

HULK

Black & White Fighter
Член од
12 август 2008
Мислења
1.897
Поени од реакции
1.212
Незнам по кој пат веќе Дел Нери покажа дека не е тренер за ЈУВЕ но еве каква ни е политиката ќе го гледаме до јуни ваљда. Баш кога ги притиснавме го вади Матри? Со кој памет бе братче со кој памет. Зошто ги доведуваме тогаш играчите кога овој ги држи на клупа, Матри одигра солидно, немаше среќа ама има одличен сенс за простор и тајминг, по влегувањето на Мартинез и Сисоко ни падна играта. Немаме толку лош тим колку што имаме лош тренер. Сета таа немотивираност за игра, јаловост сето тоа доаѓа поради фактот што гореспоменатиов незнае ниту да ги мотивира играчите, ниту да постави тактика. Човекот си фура 4-4-2, нас ни фура по страните и упорно игра со бекови. Нека проба еднаш 3-5-2 или нешто друго, вака ќе си губиме цело време. 3 порази по ред а Дел Нер и е уште на клупа. БРАВО.
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.670
Поени од реакции
3.609
Дел Блек вчера изјави дека од сега па натаму противниците ке гледаат Јувентус како што гледаа против Палермо. Бодовите на Јувентус ке ги освојуваат само со тенкови.

I say:

imagesss.jpg

Факт е дека последниве 2-3 месеци не сме гледале подобар Јувентус од вчера. На патот кон бодовите застана само среќата на Палермо. Креиравме 5-6 100% шанси, но космичката енергија вчера беше собрана во голот на Сиригу. Никако не смее да им се забележи на играчите за напорите кои ги вложија. Се што имаа оставија на теренот без штедење. Заоволен сум и од Матри и од Барзаљи. Ако гледаме ваков Јувентус барем на пола од преостанатите натпревари тогаш на местото во ЛШ ке биде изгравирано "Јувентус".

Десна рака ставав дека Матри до крај даваше гол. Прашање на време беше само кога. Според медиумите, Матри имал грчеви па затоа Дел Нери го извадил.
Се согласувам и ја прифакам таа констатиција за измената. Треба да си луд да направиш таков потег во тој период, да го извадиш од игра играчот на кој ги полагаш сите надежи за бодови.

На што треба да се обрне внимание наредните натпревари:

1. Милош Красич има проблем. Заборавил да игра фудбал и е премногу едно димензионален во неговите намери за центаршут или е преморен со оглед дека одигра 60ина натпревари без престан. Ке сакам и ке тврдам дека е второто. Ради неговата истоштеноста неговиот придонес на последниве на натпревари е една голема нула.

2. Маркизо покрај сите сомнежи покажа дека e идеален за мега тешката позиција на која игра. Се споменува дека улогата што ја врши на теренот Маркизо е една од најтешките во фудбалот затоа што покрива огромен простор на теренот. Плус треба постојано да биде присутен и во нападот и во одбраната. Најбитно од се, игра и за Гросо.
За сето ова, честитиките идат на адреса на Дел Нери.

3. После Амаури, Гросо е тој што треба да лета надвор од клубот како во каубојски филм. Преспор за спортист воопшто, воопшто не ја користи десната нога, лоша поставеност, катастрофални центаршутеви. Неговата пензија требаше да се случи уште пред 2-3 години.

4. Григера е втор на црната листа. Горе долу слично ко Гросо (да не трошам бадијала зборови). Измената со Хасан требаше да биде прва, а не последна. Од она вчера се надевам дека на наредните натпревари ке стартува Салихамиџич а не Григера.

Мора да продолжат како вчера, ако сакаат сезоната да не отиде во неповрат. Има уште време и натпревари да се надополни се што се загуби. Нема друг избор во недела сигурно победуваме.
 

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Видовме лани до каде стигнавме со мењање тактики на секоја утакмица :wink:
Иначе Матри сам побарал замена, имал грчеви.
 

HULK

Black & White Fighter
Член од
12 август 2008
Мислења
1.897
Поени од реакции
1.212
Смената на тренер сама по себе носи ризик, е сега може да тргне а може уште толку да отиде се у курац, еве интер го смени Бенитез и се во добра форма. Не би рекол дека играме нешто подобро од лани, лани бевме 7 сеа сме 8, има уште време па останува да видиме. Ај што немаме среќа, ај што лошо играме па одозгора и судиите не ебаваат. Морганти не јаде на многу дуели и упорно го ставаат тој да суди. Голема грешка направивме што не зедовме бек, барем еден. Мене ми е мачно да го гледам ЈУВЕ со бекови како Гросо и Григера, како да гледаш успорена снимка, така наликува. Нека проба со 3-5-2 и така си дува промаа, можда со побројна средина ќе се смени нешто во играта. Сево ова што се случува оди само на штета на клубот, од ден на ден се намалува бројот на фанови, незнам кое дете би почнало да навива за ЈУВЕ во овој момент, неиграње 2 сезони по ред во ЛШ е рамно на катастрофа. Една работа не ми е јасна, од кога се вративме во А сите тренери ни беа просек, зошто не речат еднаш доста и нека доведат некој саглам, каков ти е тренерот таква ти е и екипата.

--- надополнето ---

Видовме лани до каде стигнавме со мењање тактики на секоја утакмица :wink:
Иначе Матри сам побарал замена, имал грчеви.
А сега сме демек нешто подобри :toe:
 
Член од
6 јуни 2010
Мислења
19
Поени од реакции
0
Не знам само зошто мора да примиме гол-два за да почнат да играат фудбал.

За судењето имам само:violent1::violent1::violent1:за судиите!!!

Реално ќе беше и нерешено и да победиме, но и поразов на Палермо не е незаслужен. Спиевме до 30 минута. И повторно, по којзнае кој пат, голови примаме заради ебаните БЕКОВИ. Григера кулираше при првиот гол, а Гросо умре одејќи при шансата на Пасторе. Среќа што тоа не влезе. Ако веќе мораме да бираме од две зла помалото Салихамиџич десно, а Пепе(кога ќе се опорави) лево :tapp:

Многу го поштувам Сисоко, ама криво ми е што изигра добро со Бари па Марота одлучи да не го продава. Момакот се губи во време и во простор. Аквилани исто така има огромен пад во формата и Дел Нери мора да најде начин да го врати назад. Верувам дека имате забележано дека Јуве делува најмоќно кога Красич, Мело, Аквилани и Маркизио се во среден ред. Се освен тоа потешко функционира. Маркизио уште еднаш покажа дека е класа играч, има префинета техника и е голем работник. Има многу критичари за неговата игра, но верувам дека тоа е зашто игра на неприродна позиција за него. Успеа да спаси и чист гол мислам.

Она ударот на патри беше :kesa:али ајде да речеме дека му е прва утакмица. Сетете се само на Кваљарела и Красич против Бари. Верувам дека ќе се снајде добро зашто има ИГРА БЕЗ ТОПКА нешто што го немаше Амаури, а богами и добар дел од сите играчи. Знае да се позиционира, да спушти топка, не е некој јак дриблер, но знае доволно колку да создаде позиција за шут. Мартинез е камен, дечкото трча како рахитичен. Пријатно ме изненадува Дел Пиеро со неговата физичка спремност во однос на годините и ритамот на натпреварите. Исто така е борбен и пример како треба да се игра за Јуве. Само малку да поработи на себичноста и посконцентрирано при изведувањето на прекините. Денеска сите нафрлени му беа очајно.

Верувам дека имаме состав за 4 место, само некако не верувам во Дел Нери. Како и да е држ'те се, ќе биде долга вожњата до крај..........
neznam od kaj ispadna toj igrac martinez.............tipot e okrssssss
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.652
Поени од реакции
5.331
Баш кога ги притиснавме го вади Матри? Со кој памет бе братче со кој памет. Зошто ги доведуваме тогаш играчите кога овој ги држи на клупа, Матри одигра солидно, немаше среќа ама има одличен сенс за простор и тајминг.
Матри сам побарал измена и затоа беше сменет.

Дури и Gazzeta Dello Sport, судењето на Морганти го нарече катастрофално.

Мое мисење дека после контактот со Киелини(со ногата) он изгуби рамнотежа и топката му удри во рака,не ти држи вода дека дека намерно ја испружил раката за топката да го мавне! Значи ако погледнеш убаво ке видиш дека губи рамнотежа и топката му мава во рака,значи намерно сигурно не ја удрил !

Mногу добро се гледа дека Бово ја допира топката со рака пред да биде сопнат од Киелини.
 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.220
Поени од реакции
8.062
^ Кажав и претходно дека после Фарсополи едвај имаме добиено 10-15 пенали. Еден Бари има повеќе пенали од нас. Судиите избегнуваат да судат било што во наша корист а не се свесни дека со тоа одат од грешка во грешка. После некој ќе рече дека после Фарсополи било се чисто а тоа што Јуве е оштетуван секој втор меч никој не го гледа. Не зборам само за овие две мизерни сезони. Првата сезона по враќањето на Јуве не беше лоша, напротив беше добра па сетете се на мечот Каљари-Јуве 2-3, какви само пенали доби Каљари со кои на двапати израмнуваше. Потоа мечот Реџина-Јуве2-1 и пеналот на Реџина во 101 минута од мечот. Има уште многу други ситуации ама кој ќе ги брои. Според некој Јуве местел, се судело за него и се измисли фарсополи демек да се исчисти фудбалот од тоа. А кој ќе го исчисти ова ѓубре сега? За вака, можеше само да го свртат судењето против нас и воопшто не мораше да одиме во Серија Б, ако ништо друго барем играчите ќе ни останеа па ќе можевме да се бориме за бодови и против судии. Испаѓа дека Фарсополи било директна хајка против Јуве и дека нема врска со чисто судење во калчото.
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
А добро нема казни за судииве за вака лошо отсуден натпревар?Или барем да ги пратат да си судат Чезена-Катанија?Во глобала судењето е катастрофа оваа сезона во Серија А а поготово ние кога играме!
 
Член од
7 јули 2010
Мислења
1.695
Поени од реакции
828
Јас мислам в лето едно салам чистка ...би го продал Буфон додека можам да земам пари од него бар 20 милиони знам дека не е фер но тоа ке ни помогни да одиме напред пред да ме убиете поради кометнаров размислете и прочитајте ...би го продал сисоко , григера , гросо , салихамиџич , би му понудил на дел пиеро место директор или ако не нз како само се знај нема повеќе нозе за повеќе од 20 мин а во новиот договор бара да игра прва постава .....

------------Сторари--------
-Баштош--Бонучи-Киелини-Капдевила
---------Маркизио--Мело---
--Красич---Поли/Мисимович--Џовинко-
----------Матри----

Клупа : Соренсен , Барзагљи , Де Чеље ,Пепе , Квајарела , Манингер , Јакинта,

или некој нов CF секако Матри ако се покаже ...

тоа е доволен тим да не однесе во ЛШ ..бар така мислам ...сеа слободно ако треба спалете ме :)
Буфон нека остане бар да имаме звезда во тим таман работа на него пари да зимаме.
Тимов што го посакуваш не ми прави мерак пошто не е наша тактика со оглед доколку се купува играчи подобро јак шпиц отколку Поли/Мисимович тогаш ке се испостави дека Диего не требал да се продаде нема логика.Бастош игра лево и повеќе и лево крило како Бејл нешто значи тешко за десен бек.Тој состав што го имаш напишано е малку подобар од сегашниов пак ке биде тапкање во место.Би бил за 4-5 место.Ни треба за трофеј тим.
Јас би сакал вака да ни биде следната година тимот :
---------------------------Буфон--------------------
--Ван Дер Виел----Бонучи----Келини----Коларов
--Красич-----Аквилани-----Мело-----Бастош---
---------------Квајарела-----Бензема------------
Измени :Сторари,Барзаљи,Соренсен,Де Чеље,Сисоко,Маркизио,Пепе,Џовинко,Јакинта,Тони,Матри,Дел Пиеро.
Доколку е можно централен бек уште еден али за прв тим да земе место на Бонучи како што Манчестер го најде Видич,Реал Пепе,Челзи Иванович и други можеме и ние,Десен бек да се донесе уште еден за да имаме добра измена за Ван Дер Виел.
Доколку не можат да се донесат новите што би ги сакал да дојдат има уште по 2-3 на тие позиции кој би биле на нивно ниво (Лихштајнер,Коентрао,Нејмар,Хунтелар и некој што би можеле да го земеме како што секој трансвер период нуди добри играчи што би можеле да се купат ) но овој тим што го напишав сметам дека би можел да не однесе до трофеј ако не до второ место.Номално со класа тренер.

--- надополнето ---

http://www.goal.com/en/news/1717/editorial/2011/02/03/2335767/carlo-garganeses-calcio-debate-only-luciano-moggi-can-save
Со ова потполно се сложувам!Only Luciano Moggi can save Juve :toe:
 
F

FuckYouAll

Гостин

На судијана све да му изумрит, мамата негова.
Против Наполи чист гол поништи а сега пенал не ни суди.:nerv:

Тој не досуден пенал ми се чини дека на некој начин ги мотивира.
За следниот натпревар нека најдат некој друг начин да се мотивираат.:toe:
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.652
Поени од реакции
5.331
И Делио Роси, тренерот на Палермо изјави дека Јуве заслужил да добие пенал. линк
 
Член од
28 октомври 2010
Мислења
354
Поени од реакции
102
Член од
18 април 2008
Мислења
593
Поени од реакции
10
Многу прашина се дигна околу пеналот, да беше пенал али истата акција постигнавме погодок, независно од тоа најмалце што требаше е да е пенал и црвен картон на Бово не оштети судијата да, ама многумина од вас ме критикуваа на почетокот дека сум бил негативен не сум бил фан на Јувентус и што ли уште не но јас само ја зборував вистината, луге далеку сме од топ 6 бо Италија со овие играчи еве ви статија само потврда на тоа што јас го мислам замислете со овие играчи немаме никаков успех,а за догодина за да ги задржиме Марота копилето за Матри,Аквилани,Пепе и Кваљарела треба да издвои над 50 000 000 евра ? Епа видете сега Моџи што има направено во минатото само не знам кој од вас го паметат, и се секаваат на 31 Август кога во 23-00 беа доведени и Канаваро и Ибрахимович во Јувентус, само едно знам Елкан е против Јувентус тој си форсира за Фиат со Ферари т.е со Монтеѕемоло, колку од вас го знаат тоа не знам, Ањели за жал е жртва во овој хаос. Читајте .

http://www.goal.com/en/news/1717/editorial/2011/02/03/2335767/carlo-garganeses-calcio-debate-only-luciano-moggi-can-save
 

Kajgana Shop

На врв Bottom