Замброта ја играше целата против Барса и беше одличен, и вечерва изигра цел натпревар, но за разлика од тогаш не беше на ниво, но не му е проблем да изигра натпревар. Исто е и со Сидорф, играше многу добро на почетокот, лошо изигра против вас, но тогаш целиот тим играше лошо. Не им е проблем на нив да изиграат цел натпревар, проблемот е ако треба да врзат повеќе натпревари (иако Сидорф и тоа успешно го направи).
Ел Шарави е млад, но зборуваме за клупа. Тој има поминато време на терен како вашиот Естигарибија (или можеби некоја минутка помалку), но сигурен сум дека покажа подобра игра од него и поголем потенцијал, а постигна и гол за израмнување против Удинезе.
Мексес скоро да не го видовме, но тој е на клупа, ќе го видиме... Сепак се знае каков играч е.
Пато се повредува доста, ќе видиме како ќе биде понатаму, но токму тука се гледа квалитетот на клупата, кога имаш повреден еден таков играч, а тоа не се приметува на натпревар.
Ај сега ти спореди ги играчите кои ги напишав од клупата на Милан, со некои по твој избор од клупата на Јувентус, па ќе видиш каде е разликата. Ако го ставаш Дел Пиеро, тогаш стави го и Инзаги кај Милан...