Не знам само дали мислат Вучинич да ни игра лево крило, ако е така според мене ова е ептен глупав трансфер, а ако планираат да игра во напад, тогаш е чуден трансфер, Јакинта не е послаб од Вучинич и е идеален за замена на Матри, а плус тука е и Тони. Ни требаше напаѓач од стилот на Дел Пиеро, ама ајде, бидна. И мора да се земе лево крило, иако Пасквато беше одличен, треба некој експлозивен, брз, а Пасквато би го играл од клупа и за купот.
Ова е интересен коментар и по малку ме замисли за ситуацијата со напаѓачите
1. Матри
2. Кваги
3. Алекс
4. Тони
+
5. Вучинич
-
6. Јакинта
7. Амаури
Машала ама напад имаме кој од кој.
Реално од цел тим само првите двајца се стабилни. Алекс да се надеваме ќе го послужи здравје и форма ќе помини некако сезонава.
Тони е златна резерва што би се рекло. Искусен напаѓач кој можи да влези кога нема кој друг и да поможи, особено кога се е фрлено на една карта.
Вучинич е згоден за ротација на напаѓачите и зголемвање на конкуренцијата ако играме 4-3-3 (А ТОА ЌЕ ИГРАМЕ, заборајте таму 4-2-4, то нешто од 50та наваму не се применва, се шо се спомнува се модификации кои најдобро влегуваат во 4-3-3).
Јакинта. Незнам шо се случва со типов и ајде ќе заборавам дека има мака со повредите ама откако е во Јувентус ми го нема оправдано статусот репрезентативец. Единствено го имам брането дека е подобар од дрвото Бориело.
Јакинта знај да има блесоци од време на време ама далеку е од играч кој треба да е во Јувентус, воопшто не е стабилен со формата, знај да дај по некој гол како онај против Шити и пак Удинезе ама какви топки ги пропуштал во шеснаестерец не би го зел ни во Пелистер. На крај краева во Јувентус е некои си 4-5 сезони ако не се лажам така да доста му е. Ако во нешто е сигурно подобар Вучинич од Јакинта тогаш тоа е дека сеуште си ја нема прокоцкано шансата да игра во Јуве.
И за крај маскотата. Можеби е добар играч во Палермо и Парма, ако барем поткрена цена малку. Типот ја има пропуштено секоја шанса кај мене и излишно е да се збора за него. Можи Конте ќе му најди соодветна улога и ќе го искористи максимално во тимот, арно ама омразата на навивачите е преголема за тој да функционира. Единствена работа шо тој можи да ја напрај за тимот е да се откажи од платата и да се покажи дека ја заслужва (нормално ова нема да се случи).