Фан Клуб: Јувентус

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.341
Поени од реакции
2.235
Шо е работава бе ??Вучиниќ.
Доброто е тоа што ке имаме конкуренција во напад а лошо е што не е нај нај, сепак може да се држи со Кваљарела и Матри, малце ке им стиска зад врат, зошто да не го користеме како замена ако некој се повреди, мислам дека одбра да биде 2 тим а и мислам дека ќе биде. Матри и Кваља па погами и Дел Пиеро се пред него, барем јас така мислам, еве за мене како би изгледала со овие трансфери табелата:

----Буфон---​

Лихштајнер ---- Келини ---- Лугано(ако се купи) ---- Зиглер​

-----------Видал ------ Пирло -------- Маркисио​

----Красиќ ------ Матри ----- Кваљарела​
 
^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.755
Поени од реакции
8.013
Вучиниќ е снаодлив, се открива... но завршницата му е катастрофа... :/ Ипак мислам ќе заврши работа... само незнам што чекаат за Амаури, Тони и Јакинта... крајно време да го напуштат тимот.

A

apidrone

Гостин
Абе сеа ти ако бараш низ јутјуб моеш сите киксови на Кристијано Роналдо да ги најдеш, ама не е тоа тоа...
 
Член од
27 јуни 2010
Мислења
63
Поени од реакции
24
Тони нема потреба да си оди, не зема некоја голема плата како Амаури башка добар е како златна резерва да го имаме, како што се случи лани кога ни се повредија напаѓачите ( не дај боже оваа година) сетете се само колку фалеше Трезеге макар и на клупа да седеше :(
 
Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.042
Поени од реакции
6.070

Не знам колку е релевантна странава, ама според неа Тони зема добар кеш.
Има 4 играчи на Јуве кои според платата се подредени вака:

31. Gianluigi Buffon – Juventus – 500.000 – €6.000.000
49. Luca Toni – Juventus – €416.000 – €5.000.000
78. Amauri – Juventus – €350.000 – €4.200.000
85. Alessandro Del Piero – Juventus – €333.000 – €4.000.000
 
С

сашенко

Aгуеро зимаше 7,5 и во Атлетико а овде стои 5 не е точно тоа а и за други играчи не се точни бројкиве.Лука Тони нема шанси да зима над милион во јуве.Ако на него му даваат 5 тогаш нека се убијат...
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Добро Утро!Не знам колку е официјално,ама со оглед дека дечкиве од весников очигледно се приврзани на италијански фудбал (постојани вести особено за Јувентус)...
http://www.ohridnews.com/index.php?mod=2&kat=12&id=33223
Мирко Вучиниќ во Јувентус

Црногорскиот репрезентативец Мирко Вучиниќ од Рома премина во редовите на Јувентус. На контото на Рома ќе легнат 15 милиони евра, додека напаѓачот се обврза нa четири годишна верност за која ќе добива по 3,5 милиони евра годишно.

Капитенот на Црна Гора Вучиниќ во Рома дојде од Лече, во 2006 година, за 3,3 милиони евра. За тимот од главниот град на Италија во Серија А одигра 147 меча постигнувајќи 45 гола. Освои еден италијански куп и еден супер куп.

М.П.​

30.07.2011 00:11

Прочитана е : 144 пати

© 2011 Ohridnews.com.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Овие од Курир се блесави, незнат еден препис поштено да напрат

„Тој веќе 11 години е дел од елитното друштво во Италија, каде кариерата ја започна во Лече (2002 -2006) по што с“

http://kurir.mk/sport/fudbal/37820-Vucinik-sepak-vo-Juventus
 
Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.042
Поени од реакции
6.070
Aгуеро зимаше 7,5 и во Атлетико а овде стои 5 не е точно тоа а и за други играчи не се точни бројкиве.Лука Тони нема шанси да зима над милион во јуве.Ако на него му даваат 5 тогаш нека се убијат...
Не ми се верува ни мене дека би земал повеќе од 1-1,5м годишно.

Балканциве наши со вест дека Јувентус повторно се поврзува со Аквилани

На Вучко ваљда му иг рачунаат и двете години поминати во младинската категорија на Лече.
Youth career
2000–2002 Lecce
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Не ми се верува ни мене дека би земал повеќе од 1-1,5м годишно.

Балканциве наши со вест дека Јувентус повторно се поврзува со Аквилани

На Вучко ваљда му иг рачунаат и двете години поминати во младинската категорија на Лече.
Youth career
2000–2002 Lecce
Нека му ги рачунаат, ама како е напишано изгледа како да сме 2013та
 
Член од
27 јануари 2010
Мислења
2.430
Поени од реакции
723
Добро бе не ми се јасно за Бастос не им се дават 15М а за Вучинич им се дават? Која е разликата кај Вучинич што го прави подобар од Бастос? Не сваќам стварно за мене подобра опција би била Басотс...
 
Член од
27 јуни 2010
Мислења
63
Поени од реакции
24
Не знам колку е релевантна странава, ама според неа Тони зема добар кеш.
Има 4 играчи на Јуве кои според платата се подредени вака:

31. Gianluigi Buffon – Juventus – 500.000 – €6.000.000
49. Luca Toni – Juventus – €416.000 – €5.000.000
78. Amauri – Juventus – €350.000 – €4.200.000
85. Alessandro Del Piero – Juventus – €333.000 – €4.000.000
Абе што ви е какви 5м Лука зема 1,5 м годишно затоа и реков дека за тие пари вреди да се има на клупа ;)
 
G

grande-juve

Гостин
Не знам само дали мислат Вучинич да ни игра лево крило, ако е така според мене ова е ептен глупав трансфер, а ако планираат да игра во напад, тогаш е чуден трансфер, Јакинта не е послаб од Вучинич и е идеален за замена на Матри, а плус тука е и Тони. Ни требаше напаѓач од стилот на Дел Пиеро, ама ајде, бидна. И мора да се земе лево крило, иако Пасквато беше одличен, треба некој експлозивен, брз, а Пасквато би го играл од клупа и за купот.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Не знам само дали мислат Вучинич да ни игра лево крило, ако е така според мене ова е ептен глупав трансфер, а ако планираат да игра во напад, тогаш е чуден трансфер, Јакинта не е послаб од Вучинич и е идеален за замена на Матри, а плус тука е и Тони. Ни требаше напаѓач од стилот на Дел Пиеро, ама ајде, бидна. И мора да се земе лево крило, иако Пасквато беше одличен, треба некој експлозивен, брз, а Пасквато би го играл од клупа и за купот.
Ова е интересен коментар и по малку ме замисли за ситуацијата со напаѓачите

1. Матри
2. Кваги
3. Алекс
4. Тони
+
5. Вучинич
-
6. Јакинта
7. Амаури

Машала ама напад имаме кој од кој.
Реално од цел тим само првите двајца се стабилни. Алекс да се надеваме ќе го послужи здравје и форма ќе помини некако сезонава.
Тони е златна резерва што би се рекло. Искусен напаѓач кој можи да влези кога нема кој друг и да поможи, особено кога се е фрлено на една карта.

Вучинич е згоден за ротација на напаѓачите и зголемвање на конкуренцијата ако играме 4-3-3 (А ТОА ЌЕ ИГРАМЕ, заборајте таму 4-2-4, то нешто од 50та наваму не се применва, се шо се спомнува се модификации кои најдобро влегуваат во 4-3-3).

Јакинта. Незнам шо се случва со типов и ајде ќе заборавам дека има мака со повредите ама откако е во Јувентус ми го нема оправдано статусот репрезентативец. Единствено го имам брането дека е подобар од дрвото Бориело.
Јакинта знај да има блесоци од време на време ама далеку е од играч кој треба да е во Јувентус, воопшто не е стабилен со формата, знај да дај по некој гол како онај против Шити и пак Удинезе ама какви топки ги пропуштал во шеснаестерец не би го зел ни во Пелистер. На крај краева во Јувентус е некои си 4-5 сезони ако не се лажам така да доста му е. Ако во нешто е сигурно подобар Вучинич од Јакинта тогаш тоа е дека сеуште си ја нема прокоцкано шансата да игра во Јуве.

И за крај маскотата. Можеби е добар играч во Палермо и Парма, ако барем поткрена цена малку. Типот ја има пропуштено секоја шанса кај мене и излишно е да се збора за него. Можи Конте ќе му најди соодветна улога и ќе го искористи максимално во тимот, арно ама омразата на навивачите е преголема за тој да функционира. Единствена работа шо тој можи да ја напрај за тимот е да се откажи од платата и да се покажи дека ја заслужва (нормално ова нема да се случи).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom