Фан Клуб: Јувентус

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.994
Поени од реакции
5.610
И Моџи изјави дека Конте е правилен и добар избор за тренер на Јуве. Дека уште како играч покажувал дека има тренерски квалитети, победнички менталитет, и дека Конте е добра основа за започнување на нов почеток,но мора да има поддршка од Управата и купување на играчи.

За средината на теренот, Моџи изјави дека само Маркизио од средниот ред заслужува да биде во Јувентус. Според Моџи, Аквилани не успеал да се наметне во Јувентус. Според Моџи, ангажманот на Пирло би бил погрешен потег на Јувентус,бидејќи не можело да се гради тим на 32 годишни играчи, поседувал квалитет но не бил толку јак како во минатото.

За нападот, Моџи изјави дека Бензема е добар фудбалер,но не е феномен. Агуеро според Моџи, би бил одлично засилување, но пред да се ангажира Агуеро изјави дека треба да се засилат средината и одбраната, бидејќи Киелини и Буфон не може се да постигнат. Moџи изјави дека Матри треба да се откупи. линк
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.457
Поени од реакции
87.239
Со среќа нека му е тренерското место на Конте и се надевам дека да им вметне победнички менталитет на овие ( до Господ умрени ) играчи ( со исклучок на некои поединци ).
П.С. Што испадна работава со Агуеро, има некои информации за средбата?
 
Член од
13 декември 2010
Мислења
351
Поени од реакции
146
Најнова информација е дека и Реал се замешува...Агурео изјави дека не сака во Англија,а колку што се сеќавам претседателот на Атлетико Мадрид рече дека Агуеро нема да се продаде во Реал па сеа ќе видиме.
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
4.762
Поени од реакции
3.818
Со Конте Јувентус само прави мега глупава коцка. Дојдовме до премногу низок левел. Станавме Интер, тим на кој се вежбаат играчите и тренерите. Капак на се ке биде Конте.

Конте е тренер за клубови како Бари, Аталанта, Сиена итн, за тим како Јувентус ке треба многу повеке. Најголемиот успех во кариерата му бил обезбедување на прволигашки статус.

Во Јувентус се прави промена. Јас лично на една промена гледам како на дејство со кое се доаѓа до некоја подобра идна посакувана состојба. Менувањето на Дел Нери со Конте нема да не направи подобри. Не само тоа туку може да не направи полоши заради тоа што Конте има многу помало искуство во Серија А и општо многу помало тренерско исуство од Дел Нери. Еднаш беше избркан од Арецо, па вратен. Додека беше во Аталанта уште во Ноември имаше серија лоши резултати и влезе во војна со ултрасите на клубот. Потоа си даде отставка, а тимот го остави на 19 место.

Ако ја правиме промената само колку да се рече дека сме смениле нешто тогаш јас би останал со Дел Нери. И премногу често менување на тренери гарантирано не води до успех. Би останал само заради тоа што на тимот му треба континуитет, нешто што Јувентус го нема во последните 5 години. Плус фактор е тоа што и во најтешките моменти Дел Нери ја имаше соблекувалната под своја палка, а сите играчи до ден денес му веруваат и застануваат во негова одбрана.

hhh, Па нели веке еднаш ни се случи со Ферара? Истите зборови ги слушавме од секаде, подршка стигаше од цела Италија за потегот со Ферара. На крај се избламиравме со "новиот Гвардиола"
Да скратам,

Конте не е човекот за оваа работа, за овој Јувентус, а за тоа има многу фактори кои влијаат. Со Конте како тренер, дефинитивно ке почекам да ги видам засилувањата, пред да одлучам дали воопшто ке ја гледам идната сезона.

Sorry guyz, but that`s the reality. . .
 
Член од
13 декември 2010
Мислења
351
Поени од реакции
146
Ако добро паметам а досега памет не ме изневерил,Конте беше тренер на Аталанта лани кога,на гости им дадовме петарда?
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
сигурно е дека најдобрите години на Пирло поминаа,но да одбиеш ваков играч,а немаш соодветен во тимот е чиста лудост + е слободен трансфер - ваква шанса МОРА да се искористи

интересно како се засилувал тимот во последните 5 години на Моџи,а како следните 5 - после Моџи ...... разликата е евидентна ЛИНК
 
Член од
13 декември 2010
Мислења
351
Поени од реакции
146
Леле Nike се пореметија:toe: дали сте ги виделе новите дресови на Барса!?...живо срање се кај немаме и тим па и уште такви дресови да носиме!!
 

acermk

лавот во сенка
Член од
18 јуни 2009
Мислења
1.926
Поени од реакции
839
Леле Nike се пореметија:toe: дали сте ги виделе новите дресови на Барса!?...живо срање се кај немаме и тим па и уште такви дресови да носиме!!
дека се проеметени тоа не го негирам ама на Барса некако боите се слагаат така да не се лоши дресовите...ама јуве мислам дека треба да си останје со калсични линии нека не упропастува...што се однесува до Пирло мислам дека не требаше бидејќи е престар ние треба да градиме тим со помлади играчи кои би можеле да изградат цврсти темели и да продолжат да играат понатаму...Агуеро го сакам ама многу тешка мисија е тоа за Марота па ќе видиме...
 
Член од
13 декември 2010
Мислења
351
Поени од реакции
146
Се слагаат боите ама тоа напред Qatar Fondation никако не оди со дизајнот на дресот така да срање е!!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom