а да го замениме овој “ратников’’ со Монтоливо не е подобра идеа ?!
Монтоливо е квалитетен фудбалер,и може да игра на секоја позиција во средината,но има поинакви карактеристики од Мело,а Монтоливо дефинитивно ќе биде многу послаб од Мело како дефанзивен среден играч. Во првентство какво што е Италијанското, во тимот мора да има еден класичен деструктивец како Мело во средината на теренот кој ќе помага и во креирањето на акциите,но и на одбраната. Монтоливо е поофанзивен, и повеќе би се вклопил на позицијата на Аквилани (како организатор) отколку на Фелипе Мело (деструктивец).
--- надополнето ---
Имаше доста шпекулации за тоа дека Јуве се заинтересирани за Џузепе Роси, а неговиот агент уште не почнат трансфер периодот почна да
поставува услови дека ако Јуве не се пласира во ЛШ, во тој случај Роси е невозможно да направи трансфер во Јуве. Последното лето (пред Јуве да го ангажираат Кваљарела), агентот на Роси изјави дека Џузепе сака да заигра во Италија,и дека Џузепе сака да го облечи дресот на Јувентус, иако и тогаш Јуве се немаше квалификувано во ЛШ.