Пациентите си остануваат пациенти :smir:
Браво за победата, тешко извојувана. Добро кажа некој погоре, каде ли ќе бевме сега, ако го имавме вистинскиот прситап против помалите екипи?
Како и да е, иако победивме, има мноооогу за работа ако сакаме да ја управиме работава. Прва работа, гледам доста несигурност кај играчите. Подавањата им се очај, беспотребно се задржува топката, кондицијата е нула изгледаат како да одат, а не како да трчаат. Ме изненади Красич што на моменти беше премногу себичен и упропасти неколку контри.
Можевме да им дадеме уште 3-4 гола од контри, ама ептен аматерски ги одработија. 10-ка за Сторари, спаси неколку чисти гола.
И да, го молам Дел Нери да ја батали таа еб*на зонска одбрана, зошто едно 10000 пати се деси 3-4 играчи да чуваат простор на кој нема противнички играч, а на само 5-6 метри од нив да има двајца . Среќа што крилата им беа катастрофа, инаку ќе не отвореа како конзерви.
Одам јас, доста ширам песимизам :baeh: Froza Juve