Фан Клуб: Јувентус

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.227
Поени од реакции
18.374
Јас нигде не реков дека Мората е општо подобар играч од Дибала, туку дека според формата досега оваа сезона никако не заслужува такви критики на сметка на таков никаков Дибала.

А за Квадрадо секако си грешка, не знам што ти е филмот со него. Какви глупи солирања кога он ни е најдобар асистент, колку голови на тацна намести сезонава.
Каков најдобар асистент, што си вадиш од рака.

Киеза и Мората имаат повеќе од него во Серија А.
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.771
Поени од реакции
8.034
Абе Квадрадо направи една грешка (Црвениот со Фиорентина) и одма го напаѓаа... а тоа што Рамзи, Бернандески и Рабиот секој мечат прават... то не е битно.
 
Член од
4 јануари 2006
Мислења
160
Поени од реакции
109
Каков најдобар асистент, што си вадиш од рака.

Киеза и Мората имаат повеќе од него во Серија А.
Мислев вкупно со се ЛШ каде Квадрадо е најдобар асистент со 5, тотал има 8.
Башка во ЛШ е во најдобриот тим од групната фаза, ама нема врска за тебе е кокошка :D
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.754
Поени од реакции
9.800
@pinturicchio друже, како вчера дерби мечот без двајцата виртуози, Квадрадо и Мората?

Кога велам дека овој првиот е кокошка, а вториот дава голови само на сиротиње, токму на ова мислам. Без нив вчера одигравме 100 пати подобро, оти ги немаше глупите солирања на првиот и сопкањето од топка на вториот.

Кога зборуваме за некои си споредби Дибала и Мората, никогаш не треба да се водиме по моментална форма или игра. Срамота е, во било кој контекст, шпанецот да се спомене како подобра опција. Со една нога да биде Дибала, 100 меча да не даде гол/асистенција пак ќе биде подобар од манекенот. Заради многу едноставна причина, Дибала си е класа, Мората е обичен просек.

Во врска со мечот, задоволен сум од резултатот, но и од играта. Многу подобри шанси имавме од Милан, Киеза уште пред голот имаше удар кој заврши во внатрешна статива, Дибала на почетокот една добра шанса не ја закачи добро. Подобри бевме, заслужено победивме.

Е сега, за недостатоците. Не знам што да кажам за Бентанкур. Ќе земам ќе ме удри нешто да враќам снимки да му ги најдам сите изгубени топки од сношти. Првото што ми текнува, во прво полувреме со една крајна ноншалантност загуби топка на левата страна од шеснаесетникот, Леао шутираше и Шчежни добро одбрани.

Заслужи чист црвен картон, среќа што голот на Милан падна после прекршок па судијата одлучи да се вади. Иако не ми е јасно како го поштеди таму, втор жолт по прописи.

@Scirea и да, измен(а)та на Пирло да го извади Дибала и неговата одлука во тој момент да ги остави на теренот гореспоменатиот и принцот од Велс, беше погрешна. Не за џабе, веднаш реагираше и ги пресели на клупа, неколку минути откако го поштедија Бентанкур.

На индивидуално ниво, Киеза :cuc:, дечкото си изгази. Поседува квалитет, нема некоја особена техника, ама шутот со две нозе надополнето со брзината го прави одличен фудбалер. Да среди карактер, бидејќи изгледа лабилно и може само да напредува. Се надевам, повредата не е сериозна.

Од другите на теренот, одлични беа Дибала, Де Лихт, додека сосема добро одиграа Бонучи, Фработа, Рабио и Данило. Роналдо си имаше слободен ден и одлично му дојде, за преостанатите двајца се изјаснив веќе. Играчите од клупата беа супер, браво за Кулушевски.

Генерално, сеуште котираме многу лошо. Милан има 7 бодови повеќе, пред нас дополнително се Интер и Рома. Не' очекува тежок меч против Сасуоло, очекувам мачење и нема да ме чуди некој кикс.

Стариот Јувентус после ваков резултат шамараше на сите страни, на овој новиот не му верувам баш толку.

Нејсе, се останува во наши раце, треба само да го материјализираме фактот што го имаме најквалитетниот играчки кадар во лигата.
Бреј драматизирање... Дај не претерувај, 7 бода не се ништо ако се стегнеме и почнеме да играме ко што знаеме дека можеме. Плус утакмица помалку имаме, не заборавај. Да бидеме реални, најјак ростер на играчи имаме у првенствово и сеуште сме во трка за Скудето. Има уште многу да се игра.

И доста со омаловажување на Мората и Квадрадо. Прв стрелец и прв асистент у групна фаза у ЛШ се двајцата, а да не спомнувам колку решавачки голови имаат дадено у битни утакмици. Не заслужуваат вакви критики и сам знаеш. :)
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.227
Поени од реакции
18.374
Ама додека ми земате во обзир групна фаза на ЛШ со Динамо и Ференцварош никако нема да се разбереме.

Не собирајте круши и јаболко, не оди.

Јас легитимно си прашав, без нив двајцата вчера го победивме тимот во најдобра форма во лигата цела претходна календарска година на гостински терен.

Само се надевам дека повеќе ќе се користат за ротација и замена, а помалку прва постава.
 
Член од
1 април 2018
Мислења
2.118
Поени од реакции
4.119
И јас сум на ставот на Мондо за Квадрадо. Има асистенции, но пак не е тоа што треба напред. Прави многу глупости, посебно во одбрана. Вака со Данило како десен бек и Киеза десно крило сме каде каде подобри. Имаме класичен бек за во одбрана, а напред Киеза е барем една класа подобар. Плус има и одличнен шут, а и со лева нога игра добро. Квадрадо за џокер од клупа е супер, може да промени ритам.
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.917
Ама додека ми земате во обзир групна фаза на ЛШ со Динамо и Ференцварош никако нема да се разбереме.

Не собирајте круши и јаболко, не оди.

Јас легитимно си прашав, без нив двајцата вчера го победивме тимот во најдобра форма во лигата цела претходна календарска година на гостински терен.

Само се надевам дека повеќе ќе се користат за ротација и замена, а помалку прва постава.
Ќе беше срамота да не го победиме Милан со толку проблеми што имаат во играчкиот кадар.. Не ти држи вода тоа за Квардадо и Мората..
Автоматски споено мислење:

Башка Квардадо и Мората беа единствените кои секоја утакмица беа на ниво и најдобри на теренот во сето сивило и црнило што го имавме 2020 година..
 

Маци-

ragazzo pazzo
Член од
17 април 2007
Мислења
6.184
Поени од реакции
3.513
Можно е со Сасуоло Кулушевски и Меккени од прва минута да почнат и заслужено. Сеа за сеа може да се даде преодна оцена за засилувањава, Меккени кој сите го критукуваа ко просечен испадна одлично засилување. Мората исто одлично се снајде,Киеза добар исто. Едино Артур уште не се вклопил како што треба ама се гледа дека има техника и како што игра Бентанкур може лесно да му земе место.
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.484
Поени од реакции
7.307
Вечер мора да се потврди победата врз Милан. Некој мал отимизам се појави и нека не помислат да се опуштат, ништо неаме напраено. Ме плаши одбраната без Де Лихт. Веројатно ќе биде Фработа, Бонучи, Демирал, Данило, средина Мекени, Киеза, Ремзи и уше еден шо ќе му текне на Пирло, напред Роналдо и Дибала(нека потврди дека се враќа у стара форма)
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.660
Поени од реакции
88.506
Јас само се молам вечер Бонучи да не добие излив на мозок, како на мечот со Фиорентина...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom