Ја гледам фактичката ситуација и соодветно на тоа имам мислење. Нема потреба од глава во ѕид
Таа беше и на почеток на сезона, уште првата утакмица се виде дека моментално е аматер, секој голем тренер кога и да почнал и каде и да почнал имал некоја замисла и се гледало од првата утакмица.
Дури и да немал резултати имал некоја основа на игра и поставеност и со тек на времето се подобрувало и доаѓале и резултатите.
Нашиов незнае кај тера, против Кротоне, Кввадрадо, Кулушевски, Киеса му играа на една страна а на другата богот Фработа.
Но неговото незнаење излезе на виделина против Барселона, каде тимот изгледаше како Работнички против Ливерпул, буквално аматери, никаква поставеност ни во одбрана ни во транзиција, ни во напад, таму среќа па не примиа пет гола на полувреме.
Можеби еден ден ќе стане Гвардиола, но нека се учи во Бреша или Лече а не во ЛШ на сметка на Јуве.