JUVE_Ultras
Ragazzo della piazza
- Член од
- 22 септември 2010
- Мислења
- 2.451
- Поени од реакции
- 3.968
Муабетов е конкретно за мечот вчера и коментарите погоре за неговите ротации. Не дека го бранам Пирло го критикував и на темава многу пати претходните кола,али конкретно за овој меч не гледам толку вина кај него. Тренерот може да биде крив за формацијата,измените во текот на мечот,поставеноста и слично,не може тренерот баш да е крив ако Бентанкур се влече по терен и не даде ниеден добар пас, ако Мекени и Дибала не постојат на терен и ако Бернардески кој игра крило не знае да упати ниту еден асален центаршут цел меч.Огромна вина беше на Пирло, не конкретно од аспект на мечот, туку генерално се виде дека на клупата имаме тренер кој може за ова ниво да се нарече и аматерски.
Немаше никаква идеја за движење на топката, нитуеден напад не беше координиран, изигран и тимски. Од небо се виде стихијноста и летаргијата, која е само резултат на лошата работа на менаџерот.
Пирло играше со слична формација како и претходниве три кола (Специа,Лацио,Каљари) каде тимов играше солидно и далеку подобро од она вчера,нормално со некои ротации како Сандро,Дибала,Мекени што и беше нормално со оглед на тоа што играа против најслабиот тим од групава и имаа можност да се уиграат и да кренат форма. Али не може Пирло да е крив за нивното непостоење на терен, требаше едино тој самиот да влезе да игра на средина,каде ваљда и подобро ќе изиграше и од Бентанкур и Ремзи(кој влезе во второ и не пипна топка).
Ваквиве бледи изданија на кои навикнавме овие 3 сезони ако се препишуваат само на тренериве тогаш и Сари и Алегри (последиве две негови сезони) биле исто така аматерски тренери. Али ако и по три тренери нема напредок во екипава тогаш значи дека проблемов е многу подлабок. Реално тимов нема баланс,неспорно е дека има квалитетни играчи,но и доста дупки во поедини делови. Нема лидер и креативец во средниот ред кој ќе ја направи таа разлика,а има еден куп просечни играчи таму со слични карактерестики кои не можат да ја направат разликата, да го спојат нападот и да го дадат тој завршен пас за гол.
За бековите и да не праиме муабет Квадрадо силом прилике го направиа бек,негова замена не постои, на другата страна е Сандро(кој не играше доста време ради повреда), а негова измена е Фработа. Друг класичен лев бек за формација со 4ца позади нема тимов.
Многу фанови не сакаат да го признаат тоа, но нема играч во средниов ред кој е доволно добар за првотимец за тим што атакува на ЛШ. За Артур рано е да се каже,но за сите останати(Ремзи,Бентанкур,Рабио,Мекени) од досега прикажаното може да се каже дека се доволно добри само за ротација во ваков тим, ако се земе предвид каков среден ред имаше Јуве до пред 2017та. Дури и Бентанкур кој несомнено има талент ,не се развива како што треба. Веќе три сезони е стартер,но не е константен и не прерасна во лидер на срединава, како на пример Погба или Видал кога дојдоа во тимов.
Мое мислење за сеа е дека избрзаа со Пирло,но ќе му дадам шанса до крајов на полусезонава да покаже во кој правец ќе иде со тимов. Али да не си праиме бајрам на умот дека ако дојде Покетино(кој сакав да дојде и пред Сари) или Зидан,Инзаги или било кој друг дека магично ќе се решат проблемиве и тимов ќе атакува на ЛШ.