Или ќе се прилагодиш на новото време, или ќе пропадниш..Колку и да сум против тоа, и да не се сложувам со тоа, реалноста е таа...Модерниов фудбал функционира така, продажба на дресови, карти, фаншопови, реалити шоуа, апликации итн..
Сакале или нејќеле, за да Јуве е привлечна дестинација за топ класа фудбалери, мора да работи во таа насока, и да се прилагодува, поточно да се обидува да биде и пионер во многу работи. Мора да се работи за континуирано зголемување на продажбата на дресови, носење звучни имиња што ќе го гарантираат тоа, а со самото тоа и Јуве со топ играчи ќе биди топ. Тоа си повлекува и зголемување на сумите за спонзорства, си носи поголема гледаност, и по секоја дефиниција на економијата, зголемувањето на побарувачката ја зголемува и цената на производот..Не велам дека се согласувам со тоа, само констатирам каква е состојбата. Е сега, Јуве или ќе се прилагоди кон тоа, и ќе се менува, или максимумот што ќе го добие е тапкање во место. Стабилни примања (влезници, дресови, ТВ права, маркетинг итн) значи и финансиска стабилност, значи и носење рамо до рамо со Реал и Барса за купување играчи, зголемување на капацитетите, и тежнеење кон повеќе трофеи.
Ањели уште кога дојде како Претседател, една од првите изјави му беше дека негова цел е Јуве да биде во ТОП 5 најпосакувани фудбалски клубови во светот, кој ќе се самофинансира. Е сега тие може да направат и безпари да им се картите, ама ќе треба да го гледаат Пинсољо како прв голман, и Моис Кин како главен напаѓач..
Умреа времињата на играчи како Дел Пиеро, Занети, Малдини и многу други кои бојата на дресот и фудбалот им беа на прво место. На 99% од сегашниве фудбалери, контото на банката им е пред се..