За жал полека полека стануваме како Реал, многу појака атмосфера имаше првите сезони на новиот стадион отколку сега, Роналдо ефектот си го прави своето, се наполнија со пари, рипаат цените на се, не се само влезниците, тука се и дресовите, значи се комплет. Нема веќе навивачи, ултраси, ако сакаш да гледаш ќе си платиш ако не ќе дојде некој фан од Дубаи некој принц рецимо

или некое бизнисменче и ќе гледа наместо тебе, ако ти си бил со тимот и кога играл втора лига и кога бил катастрофа, нема многу сентименталности, се виде тоа и со Буфон и со Дел Пиеро. Се ти е бизнис, се е за money money money

.
Или ќе се прилагодиш на новото време, или ќе пропадниш..Колку и да сум против тоа, и да не се сложувам со тоа, реалноста е таа...Модерниов фудбал функционира така, продажба на дресови, карти, фаншопови, реалити шоуа, апликации итн..
Сакале или нејќеле, за да Јуве е привлечна дестинација за топ класа фудбалери, мора да работи во таа насока, и да се прилагодува, поточно да се обидува да биде и пионер во многу работи. Мора да се работи за континуирано зголемување на продажбата на дресови, носење звучни имиња што ќе го гарантираат тоа, а со самото тоа и Јуве со топ играчи ќе биди топ. Тоа си повлекува и зголемување на сумите за спонзорства, си носи поголема гледаност, и по секоја дефиниција на економијата, зголемувањето на побарувачката ја зголемува и цената на производот..Не велам дека се согласувам со тоа, само констатирам каква е состојбата. Е сега, Јуве или ќе се прилагоди кон тоа, и ќе се менува, или максимумот што ќе го добие е тапкање во место. Стабилни примања (влезници, дресови, ТВ права, маркетинг итн) значи и финансиска стабилност, значи и носење рамо до рамо со Реал и Барса за купување играчи, зголемување на капацитетите, и тежнеење кон повеќе трофеи.
Ањели уште кога дојде како Претседател, една од првите изјави му беше дека негова цел е Јуве да биде во ТОП 5 најпосакувани фудбалски клубови во светот, кој ќе се
самофинансира. Е сега тие може да направат и безпари да им се картите, ама ќе треба да го гледаат Пинсољо како прв голман, и Моис Кин како главен напаѓач..
Умреа времињата на играчи како Дел Пиеро, Занети, Малдини и многу други кои бојата на дресот и фудбалот им беа на прво место. На 99% од сегашниве фудбалери, контото на банката им е пред се..