Квадрадо нема ментален склоп за да почне игра воопшто финале во ЛШ. .
Мондонико Нострадамус.
Се преценивме пак нек си ебе мајката. Најжално е дечки што сношти не се разочаравме само самите себе, туку и цела Европа, бидејќи тоа се очекуваше да биде најизрамнето финале во последните години, најквалитетно со силно изразена тактика. Она што го добивме беше класичен ќотек од Реал Мадрид како што тоа им го прават на Малага или Сосиедат. Дури мислам дека второто полувреме и они се изненадија колку лесно беше. Мечот беше завршен уште на 1-1 во 55та минута кога изгледавме како ПСЖ последните 6 минути против Барса, неспособни да сврземе две додавања. Што се случи во тоа второ полувреме, единствено може да објаснам дека толку ни е квалитетот изгледа. Друго објаснување ќе изгледа како изговор, а за вчерашната игра на Јуве не заслужуваат никаков изговор, само критика.
Индивидуално ако ги гледаме работите, не е страшно пример да се прими првиот гол од Роналдо. Добра акција направија, едино може да се забележи што Крос претрча прелесно, ама пак ќе кажам Реал и ова и ако ти направат добра акција, создаваат вишок и примаш гол. Нормално, може да кажеме дека Киелини стоеше предалеку од Роналдо, ама тоа се ситници. Она што е страшно се вториот и третиот гол, а пред се не конкретно тие туку целата игра. Со таква игра секако примавме гол, значи 100%. Најлошо е што и трите гола во второто полувреме беа примени по избиена топка од одбраната. Никој не се бореше во средината и напред. Дибала, Игуаин, Манџукич (и тој иако даде гол изигра лошо во поле) и Кедира заслжуваат оценка нула за синоќешниот меч. Дури и тоа им е премногу, едноставно не постоеја на теренот. Никакво движење, никакви комбинации, никаква борба со противниците. Очај, крајно сум разочаран.
Не дека другите беа подобри, фактички освен Алвеш, Сандро и Пјаниќ (сите за играта во првото полувреме) никој ништо не покажа цел меч. Премногу страв, резервираност. Не знам самодовербата од пред почетокот од мечот каде им отиде, изгледа видоа дека зборовите е претешко да се извршат на теренот.
Алегри за синоќа е амнестиран од одговорност, едноставно ги извади најдобрите играчи онака како што најдобро играа досега и најдобрите играчи го изневерија. Фактички не изневерија сите нас. Можеби можел повеќе да влијае на главата на фудбалерите, ама се гледаше дека беше немоќен уште на 1-1 во вториот дел беше изнервиран, но од теренот немаше никаков одговор. Апсолутно никаков.
Индивидуално гледајќи еден играч од вчера заврши со Јувентус според мене, не го сметам веќе како фудбалер. Квадрадо (Ширеа ај постирај ми видео каде се дрибла самиот себе) за мене веќе не е фудбалер на Јуве, ако игра ќе сметам дека играме со 10 играчи. Такво говедо, таква овца не знам како може да постои. Не очекував од него нешто да направи кога влезе, најнормално, ама таков идиотски црвен картон не знам како успеа да доби. Срам е тоа за клубот бе, добиваш одговорност настап во финале ти се глупираш со два жолти за 7 минути, Па од горе и правда бараше, мораа да го влечат од теренот.
Јас за Јувентус не почнав да навивам за трофеи, па нема и да престанам ако не доаѓаат повеќе. Ама ако еден од битните играчи си замине летово, тогаш ќе го сметам за класична пичка, бетер и од Видал можеби. Признавам само пензија или одмор некаде во Америка или Австралија. Се друго ќе биде рамно на предавство, особено ако некој замине во богаташки модерен клуб од типот на Сити или ПСЖ. Кој сака нека биде, дали Бонучи, Дибала или друг не ме интересира, се што направил за клубот ќе се избрише во тој момент. Не ни требаат такви кога заминуваат откако ќе увидат дека е тешко. Епа тешко се стига до европски трофеј, никој нема да ти го даде на тацна. Со таква срамна игра, не ни заслужуваме.