Фудбалот се расипа и сите играчи наеднаш почнаа да сакаат да играат во прв тим ради рандом статистикиве гол на секој 65 ипол минути, во просек повеќе допири на топката во секое полувреме, повеќе створени шанси од главниот плејмејкер во тимот, шут во голот на секој 10 минути во просек и триста други глупости. Лани со таква статистика негде кон март излегоа италјанските медиуми за Дуван Запата од Наполи, дека имал најдобар goal per minute негде 73 минути, подобар од Игуаин, бла-бла дрн-дрн. Еве гледам сега Игуаин нема 16 гола на 17 утакмици, а Запата во Удинезе се растури голови давајќи. Сигурно и сега има најдобар просек голови по одиграни минути. Ама лесно е со 62 минути во сезоната одиграни, еден гол ќе дадеш и одма оп просекот е тука. Една работа мора да се знае, просекот општо во животот дава многу погрешни слики, ако се манипулира со истиот. Еве ви од секојдневниот живот гледаме не залажуваат со просечни плати, просечен раст на БДП, со просечна стапка на раст на странски инвестиции и триста други глупости.
Си се знаеше на времето, си имаше играчи како Залајета кој знаеја колку вредат, знаеја дека нивното место е на клупата и од таму треба да придонесат кога ќе влезат. Немаше тогаш глупости од типот "Залајета има повеќе голови по одиграни минути од Трезеге, дај прв состав да го ставиме" или пак да бара да си оди заради тоа или не знам што.
Едноставно некои играчи се многу подобри кога влегуваат од клупа, не може да бидат стартери, го немаат тој квалитет. Заза многу веројатно спаѓа во тие играчи.