Фан Клуб: Јувентус

Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
А кој го направи тој тим бе??? Ањели и Марота да не плеснаа 200 милиони евра па донесоа све класа играчи?? НЕ!

Беа донесени ефтини играчи, ветерани, замрзнати играчи, играчи од Серија Б, играчи што не играа цела сезона, резерви, позајмици...

Кој ги вкомпонира тие играчи? Кој ги врати у форма?

Фергусон после 7 години освоил Премиер прв пат, да не збориме ЛШ. Како можеш да му судиш после само 2 сезони и тоа со никаков тим за разлика од другите европски тимови.
Според мене Конте тактички е незрел, незнае да ги искористи маните на противникот, 3 години по ред победуваме во Италија пред се на јакиот тим, одличната одбрана за кола е задолжен Конте и големата мотивација и желба исто заслуга на Конте.
Во ЛШ ?
Против сите тимови пробувавме да победиме поради одбраната, освен натпреварот против Челзи не паметам на кој друг издоминиравме како што треба со овие играчи.

Алегри со никаков тим ги победуваше на Арсенал и на Барса.
[DOUBLEPOST=1405467344][/DOUBLEPOST]
Но, Алегри вториот дел од сезоната го играше со средина Мунтари-Ван Бомел-Ночерино и тоа кога сите можеа да играат. :) Касано се повреди, во напад остана само Ибрахимовиќ. Робињо освен првата сезона после беше многу слаб, Боатенг :confused:, Макси Лопез и Шарави кој беше ептен млад тогаш... Ги играше првите натпревари за Милан. Значи без средина, некогаш во напад и без Ибрахимовиќ (имаше изгледа 2 црвени картони, по три натрпевари казна за секој), а во одбрана се повреди Силва. Изгледа страшно, скоро и како ФК Кадино, а требаше да се игра и ЛШ.

Не се зафркавајте, излезе како да не знае што е одбрана, а што напад, како да нема појма од фудбал.

Но, мора да повторам, ова не е ваша сезона, никако не ви беше сигурна титулата ни со овој состав и со Конте, а доколку решите да продавате фудбалери уште помалку. А и после три титули, ретко кога се освојува и четврта. Не може секоја година да се освојуваат титули.
Абе сеа ако сакаш да бараме изговори, тоа им колку сакаш :)

Втората сезона Конте 4 месеци не го водеше тимот, па сеа што да праиме?

Првата сезона(па и понатаму) играчите што беа земени беа све некои cast outs, замрзнати играчи, стари, играчи од Серија Б, играчи што не играле цела сезона, истото што го пишав и на членот погоре.

70 посто од тимот ви беше Ибра, во тој момент трет играч у свет, па и сега.

И најважно од се, Милан во тој момент беше шампион, а Јуве беше никој и ништо, на ниво на Палермо, па ја зема титулата, така да, како што кажав, изговори има колку што сакаш. :)

Факт е дека не зависи успехот само од тренерот, едноставно мора еден куп работи да се погодат. На Алегри не му се погодија, не оствари некој познаечен успeh, и тоа е тоа. Можда некад у иднина ќе биде најдобар менаџер у свет, никогаш не се знае. :)

А до тогаш, неможе да се споредува со Конте.
 
Последно уредено:

Mr. Mojo Risin'

Porka de Majorka
Член од
14 септември 2008
Мислења
3.528
Поени од реакции
4.430
Колку и да ни е тешко и све тоа да не набројувам. Кривицата е и кај несериозната управа нормално ама и кај Конте.
Па ако беше толку голем Јувентино ќе издржиш уште една сезона, нема да го хендикепираш тимот за твое Его за да кажат после отиде конте и нормално дека се растури тимот. Да отидеше у мај сигурно сеа господинот Прандели ќе беше на припреми, а вака нож од зад грб на сите фанови и играчи. И уште ќе изјавува благодарение никад нема да ве заборавам.

Па поради неговото его никад нема да освои Лш. Јуве ќе западне у криза најверојатно оваа сезона. Веќе не очекувам ни скудето, ама Јуве ќе се врати ќе се напраи нов тим во тоа не се сомневам. Али ако заминуваш замини си како господин а не како најголем сељак. Сепак си Јувентино нели?
Заборава он дека кога беше обвинет за местење во Сиена или Бари не е битно, Јуве со се Ањели застана во одбрана на Конте и го оставија цела сезона у кафез да седи без притоа да му биде загрозено местото.

Знам дека сега многу членови ќе кажат паметен потег на Конте и дека поради условите што не му ги исполниле, али пак ке речам ако беше вистински Јувентино немаше да го десеткува целиот тим со напуштање на позицијата во најлош можен период.

Фала му за скудетата и за се што напраи за Јуве и како фудбалер и како тренер ама после оваа одлука за мене веќе Антонио Конте не постои..

Вчера: Конте во Јувентус,Мората и Итурбе на прагот на потпис, Видал среќен во Јуве

Денеска: Алегри најсериозен за утре да се појави во виново, Мората? Итурбе во Рома, Видал во Јунајтед...
 
Последно уредено:

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
А кој го направи тој тим бе??? Ањели и Марота да не плеснаа 200 милиони евра па донесоа све класа играчи?? НЕ!

Беа донесени ефтини играчи, ветерани, замрзнати играчи, играчи од Серија Б, играчи што не играа цела сезона, резерви, позајмици...

Кој ги вкомпонира тие играчи? Кој ги врати у форма?

Фергусон после 7 години освоил Премиер прв пат, да не збориме ЛШ. Како можеш да му судиш после само 2 сезони и тоа со никаков тим за разлика од другите европски тимови.
Прочита шо напишав или само лупаш сеа ?

Конте е невиден мотиватор и заради тоа тимот функционираше како едно, но што се случуваше кога ќе игравме против јак тим кој има добар тактичар на клупа ?
Анчелоти со Реал, Хејнкес со Баерн ? Игравме како да сме Киево посебно против Баерн.
Лани како испаднавме од ЛШ ?

Јас го сакам Конте, го поштовам, но ме изнервира поради начинот на кој си замина, ги е*a нашите трансфер планови, сите преговори сега паднаа во вода, само што почнаа подготовките, и нив ги еба, а и моралот кај играчите сигурно е во минус, посебно на оние кои се сеуште во Јуве само заради Конте т.е Рубињо, Пепе, Сторари, Падоин, Огбона, можеби Касерес....
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.527
Поени од реакции
14.996
Абе сеа ако сакаш да бараме изговори, тоа им колку сакаш :)

Втората сезона Конте 4 месеци не го водеше тимот, па сеа што да праиме?

Првата сезона(па и понатаму) играчите што беа земени беа све некои cast outs, замрзнати играчи, стари, играчи од Серија Б, играчи што не играле цела сезона, истото што го пишав и на членот погоре.

И најважно од се, Милан во тој момент беше шампион, а Јуве беше никој и ништо, на ниво на Палермо, па ја зема титулата, така да, како што кажав, изговори има колку што сакаш. :)

Факт е дека не зависи успехот само од тренерот, едноставно мора еден куп работи да се погодат. На Алегри не му се погодија, не оствари некој познаечен успeh, и тоа е тоа. Можда некад у иднина ќе биде најдобар менаџер у свет, никогаш не се знае. :)

А до тогаш, неможе да се споредува со Конте.
Не бе, немам намера тука (посебно сега) да го споредувам Конте со Алегри. Ниту да тврдам дека Алегри бил или ќе биде најдобар на свет.

Зборам само за него, без споредба со други. И не барам изговори. Тоа што го напишав се факти, тоа не се мали работи, а треба да се бори за титула и се бореше до последно место. А Конте заврши супер работа таа сезона.

Можеби Алегри целосно ќе пропадне во Јуве, но во Милан резултатите му беа според играчите. Дури мислам дека со оглед на тоа во какви услови работеше и супер резултати оствари. Третото место му беше одличен успех, мнгоу значаен. Претходно имаше освено титула, и една титула изгубено (малку и контроверзно :)), последната сезона му беше катастрофа (иако и тука има ’оправдувања’).

И во ЛШ беше добар, освен првата сезона кога немаше искуство за такво големо натпреварување.
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
Прочита шо напишав или само лупаш сеа ?

Конте е невиден мотиватор и заради тоа тимот функционираше како едно, но што се случуваше кога ќе игравме против јак тим кој има добар тактичар на клупа ?
Анчелоти со Реал, Хејнкес со Баерн ? Игравме како да сме Киево посебно против Баерн.
Лани како испаднавме од ЛШ ?

Јас го сакам Конте, го поштовам, но ме изнервира поради начинот на кој си замина, ги е*a нашите трансфер планови, сите преговори сега паднаа во вода, само што почнаа подготовките, и нив ги еба, а и моралот кај играчите сигурно е во минус, посебно на оние кои се сеуште во Јуве само заради Конте т.е Рубињо, Пепе, Сторари, Падоин, Огбона, можеби Касерес....
Aј спореди ги тимовите на Јувентус со тие на Реал и на Баерн, може? Не е се до тренерот, едноставно кога немаш доволно квалитетни играчи, има граница до каде може да се оди.

Зошто мислиш дека Конте воопшто си отиде?[DOUBLEPOST=1405468744][/DOUBLEPOST]И да, лани испаѓањето од ЛШ иде на душа на Конте, нема збор, иако и тука имаше сомнителни настапи и недоволно залагање на одредени играчи во тимот, ама ајде, нека биде на Конте тоа.

Ама не заслужил човекот што после толку време го врати Јуве на старите патеки да му се суди само после една лоша сезона во едно натпреварување.
 

Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.998
Ништо трагично што отишол Конте.Има многу подобри тренери.Али ако почнат да продаваат играчи тогаш ќе бидат правите трaгедии.Кризата секако ќе биде неминовна,новиот тренер ќе си има нова филозофија,на играчите ќе им треба време да се прилагодат.
 
Последно уредено:

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Aј спореди ги тимовите на Јувентус со тие на Реал и на Баерн, може? Не е се до тренерот, едноставно кога немаш доволно квалитетни играчи, има граница до каде може да се оди.

Зошто мислиш дека Конте воопшто си отиде?[DOUBLEPOST=1405468744][/DOUBLEPOST]И да, лани испаѓањето од ЛШ иде на душа на Конте, нема збор, иако и тука имаше сомнителни настапи и недоволно залагање на одредени играчи во тимот, ама ајде, нека биде на Конте тоа.

Ама не заслужил човекот што после толку време го врати Јуве на старите патеки да му се суди само после една лоша сезона во едно натпреварување.
Го "растуривме" Челзи кој ги имаше Хазард, Мата, Тери...ама тренер им беше Ди Матео.

Незнам зошто си отиде, можеби поради несогласување околу трансферите, тука мислам дека можеше да има поголемо трпение, се знае Јуве како работи кога се во прашање трансфери на фудбалери.

И никој не му суди иако како што кажав не ми се допаѓа начинот на кој си замина.
 

JUVE_Ultras

Ragazzo della piazza
Член од
22 септември 2010
Мислења
2.451
Поени од реакции
3.968
На никој не му е сеедно што остана тимов без тренер у сред Јули за време на подготовките,али управава требаше да го има тоа во предвид кога седнаа со Конте во Мај да преговараат на маса.

Конте сигурно не би останал уште плус два месеца во тимов,ако не му биле ветени потребните засилувања и останувањето на клучните играчи.Денес најверојатно увидел дека не иде баш според она што го договарале во Мај месец и си поднесе оставка.
Точно,можеби изгледа пичкарски и го остави тимот на цедило и со пропаднати веќе договорени трансфери,али лично не можам да го обвинам за ништо.Типот не е некое муле што ќе ќути на управата и ќе клима со главата и кога не му е по ќејф,таков беше и како играч,а и сега како тренер.
Направи премногу за тимов и сигурно посакувал играчи за повисоки дострели од освојување на Серија А(нешто што веќе го направи 3 пати по ред) а очигледно неможел да ги добие од управата оваа сезона и затоа си замина.
Марота и Андреа ваљда мислеа дека ќе го залажат Конте со ветувањата и договорот кој падна во Мај месец,па после во Јули се надеваа дека нема да може,т.е ќе му биде глупо на Конте да си отиде ако не се придржуваат до неговите барања и договорот.Али Конте вака поради проблемите со управата си има и отидено и како тренер на Бари и тоа само после 20 дена откако го продолжил договорот

Не е крај на светот ниту пак ќе пропадне тимов без Конте,али вакви промени на тренерската позиција се прават одма по завршување на сезоната,за да има време да се најде нов тренер и да се носат играчи кој би се вклопиле во концептот на новиот тренер.Тука и ја гледам грешката на управата.Ако веќе не можеле да ги донесат потребните засилувања што ги барал Конте,требало уште во Мај да му го кажат тоа да ја прекинат соработката и да се бара нов тренер.Е сега ако Конте заминал од други причини(што е малце веројатно) тогаш цела кривица иде кај него.

Чекам прес од Ањели и Марота во следниве денови па ќе ни се разјаснат многу работи,треба да видиме кој ќе биде тренер,кој све ќе си иде и кој би дошол во тимов.Кризата ќе биде неминовна сезонава,али се надевам дека ќе го најдат правиот тренер,ќе се задржи костурот на екипата и со некое засилување тимот да остане конкурентен
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.810
Поени од реакции
17.749
I Vidal ni odi :( :(

lele CAROT...
od kade sea ova ?[DOUBLEPOST=1405474261][/DOUBLEPOST]Покрај сите срања денешни, Конте требаше барем да остани до 2015 и да биди чоек, ние бевме тие кој останаа со него и кој го подржуваа кога имаше бан 6 месеци барем од почит спрема навивачите. Кој сака нека бега сега сите ако сакат нека си одат, можеа во 2006 да останат АДП,Буфон, Дел Пиеро, Камо итн а овие на промена на тренер ќе си одат? Кој ги еба е така.

Позитивна страна е тоа што Алегри има победи против Арсенал и Барселона ( да силанта Барселона). ЈА огожава 4-3-3 и 4-3-1-2. Конечно ќе го видиме во тим каде што има добри играчи ( не дека милан немаше ама реално не му даваја и пари). Знај да брани водство и Италијанската да ја напрај и сигурен сум ќе игра со 4 назад. Паметам дека лупаше за Хамшик да му се купи нов ЛБ и еден средишен креативец ама му ги донесоја Матри и Констант. Така да што и да биде Forza Juve[DOUBLEPOST=1405474671][/DOUBLEPOST]Коментар на место до негде :

Juventude напиша:
Those quotes by Conte are ridiculous. He had top players last season and couldn't get past Galatasaray in UCL. I'm sick of his complaining about lack of players.
 
Последно уредено:
Член од
16 февруари 2008
Мислења
45
Поени од реакции
7
Абе другари, ваков шок не сум доживел од пресудата Јуве да биде исфрлен од Сериа А. Цела вечер размишљам, кого да накривим за ова, кого да испцуем... Првата реакција ми беше ааа ањели бе мамето твое. По долго читање на објави од светските медиуми и форумски дискусии го заклучив следново: Пред да ги колнемо Ањели и Марота да се потсетимо дека они ги заменија мизерните Бланк и Секо, после очајните сезоне кои многу добро ги памтимо. Го подигнаја клубот на едно друго ниво за многу кратко време - со оглед на финансијете доведоа релативно квалитетни играчи и како шлаг на тортата - токму Антонио Конте. Како една целина поминавмо прилично добри 3 сезоне освојувајќи 3 скудета. И токму кога се иде у одлична насока, кога секој од нас се надева на европски Јуве - се случуе ова. Причината се уште не се знае, иако и не е многу тешко да се претпостави: тоа би било незадоволството на Конте од трансфер политиката (ги исклучуем можностите Конте да би го напуштил Јуве за друг клуб, или пак поради ниска плата).

Да проанализирамо подлабоко. Економијата и индустријата у Италија е на многу пониско ниво споредбено со изминатата декада. Тоа дирекно се одразуе на фудбалските клубови у Италија. У последните 5 године Јуве не напрае трансфер со сума повисока од 15 милиони (како за споредба тимои како Саутемптон и Свонси троша многу повеќе од тоа). Милан беше принуден да ги продаде Златан и Тиаго Силва. Интер имаше сличен удар. Со еден збор буџетите на клубовите од Сериа А се се помали и помали... а данокот пак расте. За да се одржи еден буџет треба многу повеќе од продавање муда за бубрези по фејсбук и форуми. Еден фудбалски клуб не е клуб од играта Фудбал Менаџер па све тоа да може да се реши со 2-3 реченице како на пример: Требаше да се купи Алексис и Гуарин, Видал и Погба да не се продаваа... Ја би сакал и Меси да го купа, ама желбите се едно, а можностите друго.

Водењето на толку голем клуб не е мала работа. За да се одржи буџетот на клубот понекоаш треба да земе и огромна жртва. На ниту еден од управата на Јувентус, а најмалку пак на Марота и Ањели не им е мило што би се продал играч како Видал или Погба. Уште пак помалку им е мило што Конте не можел да го прифати тоа и го напуштил клубот. Со евентуалната продажба на некој од играчите нема да профитира Марота или Ањели. Тоа се пари на клубот. Затоа немојте да плукате по луѓето кои имаат голема заслуга за успесите изминативе неколку години.

Очекуем тежок преиод за Јуве, се заеба цела концепција, потенцијалните "договорени" трансфери пропаднаа. Остануе да видимо какви ќе бида изјавите на Марота и Ањели и каква одлука ќе донеса за тоа кој ќе биде тренер. Тешко ќе биде да се најде адекватна замена за Конте, тоа е факт. Да се надевамо дека најдобрите играчи ќе останат во Јуве, сега за сега тоа ни остануе. И да се надевамо дека напуштањето на Конте нема да биде преголем удар.

Огромна и неизмерна благодарност за Конте за досегашните успеси и радости. Се надевам на можеби понатамошна повторна соработка.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.679
Поени од реакции
88.602
Сега со Алегри, мртвило во играта и на клупата



Лол луѓе, до вчера ова време бевме пред потпис со Евра, Мората и Итурбе, сега за 24 часа се се смени. Конте замина, Итурбе во Рома, Мората стопиран трансфер, а и Евра еве го не стави на чекање, ама тешко и тој да потпише чим го види Мртвиов на клупата. Премногу за нас како фанови. Сега Марота ќе мора се одпоново да испазари, осеќам главен фаворит за потпис ќе му биде Ибарбо од Каљари :facepalm:, ќе нема некое супер засилување, ќе го продадеме Видал, и со тие пари од него ќе нема да купиме апсолутно ништо. Башка заборавете на младинците во тимот, поточно на Берарди, Габиадини, Буи, Боакије и овој сега што потпиша од ПСЖ... знаејќи го овој во Милан што направи со децата, тури му пепел. Фановите како и да е нема да бидат задоволни, оваа сезона ќе биде мачење, ќе треба да продадеме еден од клучните играчи во тимот... едноставно треба да бидеме среќни ако завршиме во топ 3. Ама ако ништо друго осеќам дека Ањели и Марота при еден таков резултат на тимот ќе го јадат на големо од фановите, моментално тешко кој му верува на Андреа, потегот со Дел Пиеро некако го премолчеа, ама ова со Конте тешко, пред се ако тимот почнува да дава лоши резултати, е тогаш ќе треба Ањели и компанија да се запазат малце
 
Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.527
Поени од реакции
14.996
Башка заборавете на младинците во тимот, поточно на Берарди, Габиадини, Буи, Боакије и овој сега што потпиша од ПСЖ... знаејќи го овој во Милан што направи со децата, тури му пепел.
Пак пишувате работи без врска? Што направи со децата во Милан? Скоро сите добија шанса, а тие што вредеа и напреднаа доста. Од Штрасер до Шарави сите до еден добија шанса. Сега Штрасер и Меркел што не ги бива, а имаа и проблеми со повреди е нивен проблем. Шарави доживеа огромен прогрес под Алегри, Шиљо исто така, Кристанте таман почна да оди по патот на претходните двајца дојде Сидорф, па и оној ненормалниот Нианг треба да му каже фала на Алегри. Другите сите искажаа благодарност и го пофалија Алегри за неговата работа со нив и за шансата што им ја дал.

А гледам до сега Берарди, Габиадини, Боакије колку добија шанса, па од сега демек со нив ќе настанел проблем.

Може да биде катастрофален, спорт е ова... Не сум многу стар, но доволно гледам спорт да видам дека секогаш секое сценарио е можно. Но, не претерувајте и не ги искривувајте фактите.

И добро, знам дека претерав, како сум почнал на крај за вас ке навивам. :P
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.296
Поени од реакции
46.833
konte ne bese marioneta, alegri e marioneta, alegri ako se nosi toa nema da bide zasto imal nekoe wooow CV, tuku zasto covekot dozvoluva od gore da go kontroliraat, vo milan taka bese, taka ke bide i tuka ocigledno, inaku drugo objasnuvanje zasto se nosi vo klub koj neli pokraj uspehot vo Serija A celi i kon LS nema, do dusa prasanje e koj celi kon osvojuvanje na LS, Konte ili upravata. Ubavo pisa nekoj, ovie od gore gledaat od ekonomska perspektiva, Konte od trenerska.

110214124 pati go imam citirano Murinjo pred da bide otpusten od Chelsea, ako ja se mesham vo biznisot na Abramovic, on ke bankrotira, ako on se mesa vo mojata rabota, Chelsea nema da osvojuva tituli. Se e kazano, Konte toa ne go dozvoli i nitu eden golem trener toa ne bi go dozvolil.
 
Член од
8 јануари 2014
Мислења
2.218
Поени од реакции
2.075
Ах, како не беше први Април и сето ова срање да беше само шега. Не можам да си замислам да страда Јуве поради некои опиноци што го (не)водат... Мачно, држам палци разумот да надвладее, и да ја санираат штетата што се начини , па дај Боже од сето ова да излеземе посилни. Деновиве очекувам да се избистри водата па да видиме зошто не погоди гром од ведро небо.
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.492
Поени од реакции
5.586
Не е проблемот што замина Конте, проблемот е насоката во која се движи клубот и причините за оставката. И не ги оправдувајте за буџетот, земаат најмногу пари од ЛШ, најмногу од стадион, 3 години се шампиони итн. Јас Конте го подржувам 100%, човекот од 0 направи екипа колку што можи, ја постави основата и сега требаше само да се надградува составот со 1-2 играчи секое лето.

Продажбата на Видал е најглуп потег, за само 50М во Јунајтед. Сигурно можеше на ПСЖ и Сити да им го продаде за повеќе или да земи 2-3 играчи од Реал за него. И сега пак нема да купат замена за Видал, ќе чекаам Коман да биди новиот Погба. Сме го преживеале заминувањето на Липи по 3 финалиња со ред во ЛШ, замина најдобриот играч во тоа време Зидан но имаше управа која знае да работи и знае што сака. Ањели можеше барем да биди искрен и да му ги каже своите планови на Конте во мај а не сега да дава оставка во јули кога сите се почнати со припремите.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom