Ај и јас нешто да пишам, овој пат малце поозбилно...
Очигледно е дека Конте се има спукано со Ањели и Марота додека траеле преговорите за продолжување на договорот. Тоа се гледа и на прошталното видео кое го објавија Јувентус на ФБ... црвен, со солзи во очите, гневен а во исто време лицето му покажува знаци на голема разочараност, се гледа дека не му е сеедно на човекот, премногу го сака тимот, во овој тим израсна, освои се што освои, во овој тим се пензионира... Конте е најзаслужниот што овој тим го издигна од мртвите, и нормално се гледа дека со тешко срце ја донел таа одлука. Незнам како ги издржа оние 4 минути да направи интервју со луѓето од тимот.
Огромна грешка на тимот, во иднина ќе видат Ањели и Марота колку ќе фали овој човек на жешкото столче... човеков беше one in a kind, човекот имаше став, знаеше што сакаше за доброто на клубот, човекот едноставно не можеше да го контролира никој, неможеше да биде марионетка на главните луѓе во тимот. Можеби и затоа дојдоа до вакво решение, дека Конте не беше човек од типот на Алегри, Тата Мартино, Пелегрини, Манчини итн... луѓе кои прават она што ќе им го нареди клубот.
Несакам ни да помислам да ги видам еден од Алегри или Манчини на столчето на Старата Дама. Огромен товар ќе биде за билокој тренер што ќе дојде да го наследи Конте, може многу лесно да го надвисне сенката на она што Антонио го има дадено за тимов последниве 3 години. Имаме многу желби, па и јас решив да направам една листа кои ми се посакувани личности за негов наследник
- Еден од Алесио или Карера - Затоа што и двајцата беа под палката на Конте, и имаат искуство со водење на тимот
- Павел Недвед - Иако е тешко ова да се случи, сепак голем мерак имам Чехот да го видам на клупата на Јувентус. Еден од најдобрите играчи на Јувентус последниве 2 децении, може да внесе хармонија во соблекувалната.
- Зинедин Зидан - Реално и ова е тешко да се случи, но сепак има некоја харизма човеков, мислам дека играчите во него ќе гледаат респектибилен тренер.
- Дидиер Дешамп - Зошто да не, ако има преголема желба човекот уште еднаш да седне на жешкото столче, тогаш нека му биде. Доволно созреа како тренер од 2006 па наваму, не би имал ништо против тој ако дојде
- Едгар Давидс - Морав да го ставам Питбулчето тука па вие бунете се до утре сабајле... па нека биде тренер-играч, да им покаже како се игра агресивен и шампионски фудбал
- Липи и Капело - Секогаш се добредојдени во клубот, иако не верувам дека ќе сакаат повторно да се нафатат да го водат тимот
Луѓе што
НЕсакам да бидат тренери на Јувентус:
-Масимилиано Алегри
-Роберто Манчини
-Тој од Удинезе
-Спалети
-Дел Пиеро - Секоја чест за Алекс, но мислам дека е премногу рано да се зафати со ваква улога. Играчите се 80% истите од кога тој си замина од тимот, колку и да имаат респект кон него, се плашам да не заврши како Сидорф во Милан. Може за 5-6 години да се испроба на клупата Але, но сега е премногу рано за човекот
Видете луѓе премногу шпекулации се дигнаа за заминувањето на Конте, едни пишуваат заради продажбата на Видал, други заради пропаднатите преговори со Итурбе, трети заради неисполнетите цели што Конте ги очекувал од клубот. Познато е дека и предходно не се мирисаа многу Ањели и Конте, само глумеа лудило пред медиумите, за доброто на клубот. Сега е важно Марота и Ањели внимателно да го одберат наследникот на Конте... мора малце смирено да гледаме понатаму колку и да е тежок овој момент. Мислам дека Видал си заминува од тимот, иако постои ронка надеж дека Конте не си замина од клубот заради него, туку заради разочараноста од трансвер пазарот што досега го направи Јувентус.
Сега е се во рацете на Ањели, тој нека прави што сака, на него паѓа најголемиот товар, тој го избрка на некој начин Конте, тој нека си ги снесе последиците, дали тоа ќе бидат позитивни или негативни не е битно. Ние секогаш сме го поддржувале клубот, и во најтешките моменти. Можеби едно нешто добро во оваа ситуација е што костурот на тимот е сеуште тука, без разлика дали ќе си оди Видал или не. Џиџи, Џорџо, Леонардо, Андреа, Клаудио, Квадво, Фернандо... на тие играчи треба да се гради иднината на тимот[DOUBLEPOST=1405458972][/DOUBLEPOST]
Некој имаше пишано на темава дека кога бевме 7ми помирно му било и не се нервирал со трансфери и титула. Епа желбата му се исполни, време е да го заземиме повторно 7мото место.
Добро торко, јас бев тој што го пиша тоа, и не реков дека тогаш беше подобро, аман... и што одма давате вакви апокалиптични изјави дека повторно ќе бидеме 7 место, ебаве тоа фановите, костурот на тимот е сеуште тука, само мора многу претпазливо да се изигра во иднина во поглед на трансверите и тренерот што ќе го донесат