Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773
Во тим што претендира за висока позиција на табела, мора да има бар тројца класа централни дефанзивци, горе-доле сите добиваат иста минутажа во сезоната. Не може двајца да ги изиграат сите 30+ натпревари во сезоната, мора да постојат ротации, а кога ќе се случат тие ротации - најмалку сакам да го видам Николче Легротаље како трчка по терен.


Впрочем тука доаѓа до израз работата на Марота, да успее да ги убеди тие двајца класа играчи на иста позиција да дојдат во Јуве.

Штоперската позиција најмалку се ротира од сите можни позиции. Ако им се погоди сезона без повреди и суспензии на штоперите може и сите утакмици да ги изиграат..
 

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Штоперската позиција најмалку се ротира од сите можни позиции. Ако им се погоди сезона без повреди и суспензии на штоперите може и сите утакмици да ги изиграат..

Ако ја погледнеме последнава сезона и бројот на повреди, мислам дека ќе ме сфатиш што сакам да кажам со целиот муабет. :)
Ништо не смее да се остави на случајност, најмалку задната линија.
 
Член од
3 февруари 2010
Мислења
570
Поени од реакции
69
Ова би бил мојот тим и поставеност за наредната сезона:


Dzeko
- - - -Diego
Vargas - Marchisio - Melo - Krasic
Criscito - Chiellini - Kjaer - Caceres
Buffon​

*Во редовна ротација:
Diego <-> Del Piero
Vargas <-> Giovinco
Kjaer <-> Bonucci
Melo <-> Sissoko
Krasic <-> Candreva


Замени:
Del Piero (поради неговата возраст), Amauri, Iaquinta, Giovinco, Candreva, Sissoko, Poulsen, Zebina, Bonucci, Manninger, + уште еден десен бек.


Голема предност кај левата страна е што двајцата можат да играат и напред и назад, па нема да има проблем да се заменуваат/покриваат со позициите.



*Би се ротирале редовно после 3-4 натпревари или по потреба.
И јас го имам замислено скроз истиот состав, само не сум сигурен дали повеќе сакам да биде Кјаер или Бонучи. Ако успееме да го составиме овој тим не ни бега успехот.:smir:

Сега откако е сигурно дека Мурињо нема да биде повеќе тренер на Интер 110% сум сигурен дека Интер нема да биде шампион догодина. Он ги направи тим и без него ќе бидат изгубени. Впрочем сите знаеме дека кога Јуве и Милан играат како што знаат Интер нема што да бара во Серија А. За наредната сезона сум голем оптимист зашто верувам дека после дождот доаѓа сонце. И да, не дозволувајте една очајно лоша сезона да ја расипе целата слика. Сепак сме најтрофеен клуб на Апенините:smir:

П.С. Ова е за интерашите: навистина сте малку што сте фанови во права смисла на зборот и секоја чест за вас, ова навистина беше ваша година. За патетичните души како _nerazuro_ и остала багра слични на него можам само да ви кажам дека Јуве отсекогаш бил и ќе биде NUMERO UNO во Италија ви се допаѓало тоа или не.
 
Член од
27 јануари 2010
Мислења
2.430
Поени од реакции
723
Амаури дал го! :pos: како така бе :pos:
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.751
Поени од реакции
9.786
Нема шанси да се купат двајца стопери , поготово не двајца како Кјаер и Бонучи ...
Moжеби не, но има шанси да се купи еден од двајцава и плус да се врати од позајмица Ариаудо кој играше солидно во Каљари одкако им го позајмивме, и кој сигурен сум дека доколку му се покаже малце доверба, ќе покаже добри резултати.

Иначе, за мечот, нема да коментирам...
 

Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Налетав на групава на Facebook: Фудбал - љубов што повеќето никогаш нема да ја разберат

Инфото ми остави впечаток - прочитајте го:

Иако за баба ми фудбалот секогаш ќе остане деведесетминутно трчање на дваесет души по топка, за некои од нас фудбалот е повеќе од спорт. Најважната споредна работа my ass. Кога Мајкл Болтон ја испеа When a man loves a woman, веројатно светот сфати дека типот слабо стоел пред телевизор за викенд, дури ни прегледот на колото не го гледал. Жените се минливи, фамилијата ја сакаш по дифолт, клубот останува вечен. Некои велат „одбрав да навивам за фиљан и фиљан клуб...“, фраза со која од старт можеш да процениш дека се бетер и од нашите политичари, кои толку лажат и не’ убедуваат дека се’ е розево, што дури и самите си веруваат.
Клубот те бира тебе, а не ти него. Без разлика дали на тоа ќе влијае твојата омилена боја, некој играч за кој судбината ги наредила коцките токму тогаш да настапува во тој клуб и да ја испишува историјата, или пак едноставно си почувствувал љубов на прв поглед и пеперутки во стомакот. Љубов е кога како копиљ бегаш од часови за да гледаш натпревар на твојот клуб на стадион или во училишната сендвичара на телевизорче на кое газдата гледал Макфест 1963. Љубов е кога победата на тимот ти е поважна од петката во училиште. Љубов е кога ја лажеш девојката дека цепиш дрва за да не излезете, со цел да гледаш дерби. Секако, не одобрувам лажење, ама се’ за љубов нели. Дури ќе се осмелам да кажам, љубов е и кога ќе стигнеш до стадиум татко ти да ти рече: „Сине, има и други работи во животот освен фудбал“.
Најпросто, така би му дошло. Кога ќе почувствуваш како очите ти солзат од радост за освоена титула, или кога паѓаш во едномесечна депресија по пораз на пенали во финале, тогаш си ја почувствувал љубовта.
Истрајноста да го бодриш Јуве во втора лига, нервите потрошени гледајќи го твојот Ливерпул како губи бодови од кој стигне, ентузијазмот да се надеваш на титула и да го вртиш муабетот „има уште едно коло до крај“... Карактеристики за пофалба и поздрав за секој прав навивач.
Искрено, не можам да ги сфатам тие што на навивач на Челзи му викаат „немате историја, се’ ви е џабе“, а на навивач на Ливерпул му велат „не гледајте трофеи и титули, туку освоете титула во ПЛ барем во следниве 20 години“. Група на квази-навивачи на кои главна цел им е да имаат минимум три препирки и да изнервираат барем пет души во денот.
За да не го носам текстов кон негативностите што ги среќаваме секојдневно на ова поле, ќе го приведам кон крај.
Сакајте се, сакајте го клубот безрезервно, затоа што таа љубов секогаш ќе биде обострана и вечна. Единствена љубов за која не треба да се бориш е мајчината, и онаа на клубот.
Секоја чест за креаторот...
 
Член од
3 февруари 2010
Мислења
570
Поени од реакции
69

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.237
Поени од реакции
8.135
Браво за текстот. Одамна не сум прочитал толку добар текст. И самиот се пронајдов во него и буквално од А до Ш ја опишува мојата љубов кон Јуве.
 
Член од
3 август 2009
Мислења
417
Поени од реакции
56
... љубов е и кога врз твојата слика закачена на ѕидот, сликана за матура, си стаил постер од Јувентус и татко ти 2 ипол саати го слушаш како ти труби дека немаш свое ''јас'' и дека никогаш нема да пораснеш...

(моја случка) :kesa:
 

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
Налетав на групава на Facebook: Фудбал - љубов што повеќето никогаш нема да ја разберат

Инфото ми остави впечаток - прочитајте го:



Секоја чест за креаторот...
Многу добро инфо , но највеќе од све ме погоди ...
или кога паѓаш во едномесечна депресија по пораз на пенали во финале
Ме потсеќа на вториот најтежок период во мојот живот кога Француската репрезентација изгуби на пенали од Италија...
 

Stara dama

Luciano Moggi fan
Член од
1 октомври 2008
Мислења
1.336
Поени од реакции
95
... љубов е и кога врз твојата слика закачена на ѕидот, сликана за матура, си стаил постер од Јувентус и татко ти 2 ипол саати го слушаш како ти труби дека немаш свое ''јас'' и дека никогаш нема да пораснеш...

(моја случка) :kesa:
Јас и ден денес се карам со тато за истото :)
 
Член од
25 јануари 2008
Мислења
1.839
Поени од реакции
68
Juventus ги нуди Кришито и Паладино за Варгас, барем толку разбрав од италијански.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.607
Киелини се повреди на вчерашниот тренинг на Италијанската репрезентација,повредата била од мал карактер. линк

Марота се очекува утре да има средба со агентите на Зебина и Трезеге, а ќе се разговара за иднината на двајцата.

Дел Нери,Де Белис и Франческо Конти денеска се во Пинцоло, и испитуваат дали таму има услови да се одржуваат тренинзите на Јувентус, веројатно дури трае реконструкцијата на Виново.
 
F

FuckYouAll

Гостин
Два дена ме немаше и многу сум пропуштил.
Што му пишеше на маичката од Матераци?
На вчерашната пријателска, се покажа некој од младите?
 
Член од
25 јануари 2008
Мислења
1.839
Поени од реакции
68
По се изгледа дека нема да има само трансфери на фудбалери туку ќе купиме и доктори :P

Прва цел е докторот на Торино Др. Стесина но се споменува и екс Миланистот Манара, додека физотерапевтот Еспозито е избркан. Ова го прочитав од една албанска веб страна, а тие од некој италијански сајт.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom