Единствената разлика е што во 4-1-2-1-2 тие двајца пред ДМФ-то се повеќе крилно настроени, а во 4-3-1-2 се повеќе централно настроени. ДМФ има и во двете формации. Кај нас во 4-3-1-2 ДМФ е Сисоко, а Мело е еден од другите двајца средишњаци. Баш и затоа мислам дека Мело не игра добро...
Во 4-3-1-2 формацијата, онаа што ја употребува Чиро, Мело и Сисоко имаат изиграно само 2-3 натпревари заедно на терен. Сисоко долго време отсуствуваше поради повреди, а Мело играше во средината и имаше поофанзивни задачи од класичен ДМФ. Во 4-4-2(diamond) формацијата, идеален за деструктивец е Мело, и токму во таа формација мислам дека ќе биде најкорисен заедно со 4-2-3-1. Против Сампдорија, Јуве играше 4-2-3-1 формација, и Сисоко и Мело изиграа маестрално, исто како и на натпреварот против Аталанта, и на тој натпревар Фелипе Мело играше подефанзивно, и евидентна е разликата. Diamond формација Јуве играше и против Рома, и на тој натпревар Мело беше еден од најдобрите на теренот, што е доволен показател дека слабите игри на Мело последните натпревари е резултат само на погрешната позиција и погрешните задачи што ги добива од Чиро Ферара.
Со оглед на тоа што Сисоко е на Африканскиот Куп,најдобрата формација на средниот ред на Јуве мислам дека најдобра би била во ваков состав:
Мело
Каморанези----Маркизио
Диего
Каде Мело ќе игра како класичен деструктивец, а Маркизио и Каморанези ќе бидат задолжени да ја организираат средината и да доставуваат употребливи топки до Диего и нападот на Јуве.