Фан Клуб: Јувентус

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
723
Поени од реакции
24
Ajmo cestito pobeda..
Inaku imavme sreka, no srekata se plaka na kraj.
forza Juvenut.....
Najdobri na teren spored mene bea Manninger, Zebina i Tiago.
 

Хакет Мен

Juventus Till I Die
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.227
Поени од реакции
3.414
Честитки за победата ... не ја гледав утакмицата но важно сме победиле :helou:
 
Член од
10 август 2008
Мислења
68
Поени од реакции
4
Juventus vs Sevilla 2-1 The Peace Cup [24/07/09] Highlights:


 

Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.237
Поени од реакции
8.135
Aј со задоцнување нека ни е честита победата. Само вака да продолжиме. Инаку мило ми е за Јакинта кој постигна гол после слабите изданија на Купот на конфедерации. Ова ќе му ја врати самодовербата.
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.607
Браво за Амаури и Јакинта..Одлични погодоци..Браво и за Алекс Манингер, одлични интервенции..Оваа е победа против посилна екипа и тоа мислам дека ќе допринесе да се зголеми мотивацијата уште повеќе..

Агентот на Трезеге веќе 4ти ден излегува со изјава која го поврзува Трезеге со Милан..Овојпат, Калиендо изјави дека Трезе не би имал ама било каков проблем да игра за Милан, и дека е подготвен да ги слушне барањата на Милан..тука

Калиендо се повеќе личи на колегата Мино Раиола, но постои можност Давид Трезеге да ги испорачува ваквите изјави, како еден вид закана со што би добил првотимски статус..Трезе е класа напаѓач, но навлегува веќе во 32 година, и можеби чувствува дека нема да може да се носи со Амаури и Јакинта во Јувентус..

Чезаре Прандели, тренерот на Фиорентина изјави дека Фелипе Мело ќе биде одлично засилување на Јуве, и тој сигурно ќе придонесе за да се намали разликата меѓу Јуве и Интер, а исто така изрази дека е уверен 100% дека Диего е играч кој може да направи разлика во тимот, и е 10ка од највисок калибар, ја пофали и неговата техника и начин на игра...Исто така упати позитивни зборови и за својот колега Чиро Ферара, изјавувајќи дека е човек со сенс за тренер..А на прашањето кој ќе го освои Скудетото, Прандели изјави: Интер или Јувентус..линк
 

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.481
Поени од реакции
5.562
Не сммееме да го изгубиме Трез бидејќи минатата сезона многу недостасубаа неговите голови а колку поголема конкуренција во нападот толку повеќе ќе се трудат играчите. Честитки за победата а за Манингер свака му част:vozbud:
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.751
Поени од реакции
9.786
Честито нека ни е победата. Добар резултат против одлична екипа, која максимално се бореше до крај. Браво за Севиља. Најдобри поединци кај нас беа Манингер, Зебина, Тиаго, Амаури (до негде, при крајот се изгуби).

Околу Зебина... Доколку дечково остане неповреден, имаме одличен десен бек. Се надевам ќе го седне на клупа Григера, кој од друга страна беше ептен слаб вчера...

И Тиаго изигра супер, еден од најдобрите наши играчи во пријателскиве натпревари севкупно. Порано, гледаше што побргу да се ослободи од топката. Сега веќе не е така, затоа и често му правеа фаули играчите од Севиља, тоа ми се свиѓаше од негова страна, не се плаши веќе, дораснат е за во Серија А. :wink:
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
57
Поени од реакции
18
Нека ни се множат победите.Се по ред така да тепаме.Мислам дека Ферара треба да става во игра оној кој заслузува-оној кој највеке показува.сметам дека манингер одлично се покажа и лани кога го немаше буфон и мислам дека е во подобра форма од буфон.иако буфон е најдобар светски голман сепак ако не е во форма нема што да се форсира.После друго мислам дека е време да почне да го пушта Диего,Сисоко,Мело затоа што ние највеке од нив очекуваме и време е да почнат да се уклопуваат во тимот.А и оваа другата комбинација од среден ред не е лоша за замена(занети,маркизио,тиаго).И мислам дека треба и Џовинко и Легротаље да се вклучат зошто мислам дека 100% повеќе ќе се покаже од Канаваро а Џовинко со Диего би биле убиство од прв степен(брзи,техничари,знаат топка да даатна место).Брацо е добар за офанзивна тактика како бек(одлична тактика на Чиро) онака Молинаро е ок.
Би го извлекол овој состав:

Манингер(Буфон)
Зебина Канаваро Киелини Молинаро(Салихамиџич)
Маркизио Сисоко Мело

Диего
Амаури Дел Пиеро
 

Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
Овој коментаторов изгледа згрешил апчињата пред да седне да коментира :pos: :pos: Само се дере.

За утакмицата од тоа што го видов на хајлајтс гледам дека Манингер доста пати не извадил и тоа се убави и јаки удари одбранил.
 
Член од
25 март 2009
Мислења
32
Поени од реакции
1
за жал не бев во можност да го гледам натпреварот но по гледаното видео хајлајтс можам само уште еднаш да честитам и да напоменам дека оваа победа е мошне добредојдена затоа што од свекоаш сме имале не најслаби ама мошне незадоволувачки резултати на овој куп
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.607
It is a mach that brought me luck, but first we must get there by winning even the second match against the Koreans. I am happy to have been named man of the match but especially for the goal and the victory. We are improving and even with three strikers we did well. We must only perfect the mechanisms».
„Ова е меч кој ми донесе среќа, но мора да излеземе и да го победиме и мечот против Кореанците. Јас сум среќен што бев назначен за играч на натпреварот, посебно за голот и за победата. Ние се докажуваме, и дури и со тројца напаѓачи ние си ја работиме работата убаво..Мора да работиме перфектно..“ - Амаури..

Во последните неколку дена медиумите често шпекулираат за можноста Давид Трезеге да се пресели во Милан иако спортскиот директор на Јувентус, Алесио Секо отфрли продажба на Французинот на тим во Италија.
Агентот на Трезеге вели дека на неговата агенда нема состанок со управата на Јувентус и додава дека има огромна разлика помеѓу говорење за можноста напаѓачот да се пресели во Милан и комплетирање на една таква зделка.

“Околу можноста Трезеге да се пресели во Милан, тоа беа само размена на мислења околу можноста Росоњерите да бидат заинтересирани за играчот и условите за Јувентус да го продаде играчот.” – рече Антони Калиендо.
“Но помеѓу тоа и кажување дека трансферот е комплетиран има огромна разлика, речиси како половина море.”
“Кога ќе има волја ќе седнеме на маса и ќе пронајдеме решени. Јас никогаш не сум раскинал договор пред време.”
“Состанок со Јуве? Во моментов се немам слушнато со Секо. Сега нема закажано никакви состаноци но не знам дали ќе се случи нешто во иднина.”
Калиендо исто така говореше и за физичката подготвеност на неговиот клиент.
“Оние што го гледаа Давид на неодамнешните пријателски натпревари можат да ја видат желбата на играчот за настап, тој е подготвен како шампионатот да ќе започне утре.”
“Тој секогаш е голем професионалец. Доколку не може да даде 100% тој се повлекува. Сега нема никакви проблеми со колената.”
“Сите потребни ’состојки’ се тука за да се осигура дека играчот може да има одличен шампионат.”
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom