Тимче
HULK!
- Член од
- 4 јули 2008
- Мислења
- 4.537
- Поени од реакции
- 238
Овој се чукнал малку во главатаВо последните неколку дена медиумите често шпекулираат за можноста Давид Трезеге да се пресели во Милан иако спортскиот директор на Јувентус, Алесио Секо отфрли продажба на Французинот на тим во Италија.
Агентот на Трезеге вели дека на неговата агенда нема состанок со управата на Јувентус и додава дека има огромна разлика помеѓу говорење за можноста напаѓачот да се пресели во Милан и комплетирање на една таква зделка.
“Околу можноста Трезеге да се пресели во Милан, тоа беа само размена на мислења околу можноста Росоњерите да бидат заинтересирани за играчот и условите за Јувентус да го продаде играчот.” – рече Антони Калиендо.
“Но помеѓу тоа и кажување дека трансферот е комплетиран има огромна разлика, речиси како половина море.”
“Кога ќе има волја ќе седнеме на маса и ќе пронајдеме решени. Јас никогаш не сум раскинал договор пред време.”
“Состанок со Јуве? Во моментов се немам слушнато со Секо. Сега нема закажано никакви состаноци но не знам дали ќе се случи нешто во иднина.”
Калиендо исто така говореше и за физичката подготвеност на неговиот клиент.
“Оние што го гледаа Давид на неодамнешните пријателски натпревари можат да ја видат желбата на играчот за настап, тој е подготвен како шампионатот да ќе започне утре.”
“Тој секогаш е голем професионалец. Доколку не може да даде 100% тој се повлекува. Сега нема никакви проблеми со колената.”
“Сите потребни ’состојки’ се тука за да се осигура дека играчот може да има одличен шампионат.”