Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Toneh

is a turtle
Член од
21 август 2005
Мислења
5.510
Поени од реакции
907
http://www.finki.ukim.mk/Content/contentFiles/studies_menustructure/Raspored/2012-13 zimski/FINKI-2012-2013-zimski.pdf
Може ли да ги разгледаш првите три групи и да ми кажеш во која има најдобри професори?
Инаку за Калкулус други опции се Бакева Верица и Марковски Смиле
Тој што ти е сега и мене ми предаваше, и знае да зеза малце... Не знам дали е тоа општо правило на ПМФ, ама повеќе од 5, максимум 6 студенти, не положуваа кај него во една сесија. Пак ќе кажам, може тоа важи за цел ПМФ, не знам. Како и да е, ако остануваш кај него, дај се` од себе да го фатиш предметот преку колоквиуми, пошто на испит е дефинитивно потешко, не поради тоа што имаш повеќе материјал за учење, туку поради тоа што дава и потешки задачи, а истотака, задачите ги прегледува сам, и ретко кога има милост од аспект на поени. Лани асистентот ги проверуваше тетратките од колоквиуми, и подобро поминаа студентите, сега тоа не мора да значи дека е по негова заслуга, ама тој се гледаше дека дава се` од себе студентите да научат што е можно подобро, за да положат. Објаснуваше задачи и по два пати, само за да разберат луѓето.

За вториот избор имам слушнато добри работи, ама тоа од рандом муабети, не знам точно - што и како. А за третиот избор имам слушнато не-толку добри работи.

Освен "со среќа", не знам што друго да ти кажам, колега.
 

vakemk

vakemk
Член од
18 февруари 2009
Мислења
39
Поени од реакции
3
Toneh Јас сум во третата група и мене калкулус ми е Ванчо Кусакатов (кој ми изгледа дека му фали нешто на професорот) иако утре го имаме првиот час со него, а дискретна ми е Жанета Попеска (ќе видиме како ќе се покаже оваа) можеш ли да пишеш ти твој став во врска со овие 2 професори? Поздрав и благодарам
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
843
Поени од реакции
444
Од Ванчо до сега неколку мислења што слушнав за него само поплаки...
vakemk изгледа ке треба да си одиме ние во друга група :)
 

vakemk

vakemk
Член од
18 февруари 2009
Мислења
39
Поени од реакции
3
genius2 колега чим таква ни била среќата ја мислам да не ја мењавам групата кај што сум таму, па што ќе биде нека биде :) Иначе човекот има 65 години што значи дека лани требало во пензија да иде, чим неотишол одма сфатив дека нешто му фали на човекот.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.910
Поени од реакции
12.395
Од Ванчо до сега неколку мислења што слушнав за него само поплаки...
genius2 колега чим таква ни била среќата ја мислам да не ја мењавам групата кај што сум таму, па што ќе биде нека биде :) Иначе човекот има 65 години што значи дека лани требало во пензија да иде, чим неотишол одма сфатив дека нешто му фали на човекот.
vakemk изгледа ке треба да си одиме ние во друга група :)
Кај сте бе колеги, заедно во група сме изгледа :icon_lol:
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Toneh Јас сум во третата група и мене калкулус ми е Ванчо Кусакатов (кој ми изгледа дека му фали нешто на професорот) иако утре го имаме првиот час со него, а дискретна ми е Жанета Попеска (ќе видиме како ќе се покаже оваа) можеш ли да пишеш ти твој став во врска со овие 2 професори? Поздрав и благодарам
Ванчо не се пензионираше?
Oh come on....кој ќе го трпи пак...
 
Г

Грејвдигер

Гостин
Опуштено малце бе, после бруцошката ќе почнете да учите, сеа уживајте до 9ти октомври :)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Eee ke pravime meet up na brucoskata.
 

Toneh

is a turtle
Член од
21 август 2005
Мислења
5.510
Поени од реакции
907
Toneh Јас сум во третата група и мене калкулус ми е Ванчо Кусакатов (кој ми изгледа дека му фали нешто на професорот) иако утре го имаме првиот час со него, а дискретна ми е Жанета Попеска (ќе видиме како ќе се покаже оваа) можеш ли да пишеш ти твој став во врска со овие 2 професори? Поздрав и благодарам
Па за едниот кажав веќе, а за оваа по дискретна - немам поим искрено. Ги положив математиките, и нејќам да ги видам веќе... професорите, секако.
 

Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.126
Поени од реакции
1.060
Еј за луѓево од трета група... Ќе држиме часови денеска? Затоа што како што гледам сите ни се вежби, а ни рекоа дека вежби нема да имаме оваа недела...
 

8_88

888
Член од
7 мај 2009
Мислења
1.078
Поени од реакции
1.610
Ванчо е „отиден“ оддамна, нема шанси да го убедиш во нешто иако и асистентот е на твоја страна. Но доколку ги следиш аудиториските вежби редовно (незнам кој се сега, но само да не си кај Весна Д Ристовска- бидејќи и таа веќе е поодмината), нема да се има проблем доколку си го совладал материјалот и јасно е за што се работи, а не препис или некој друг начин :)
Случај со Ванчо: Кога земав оцена почна да бара низ листата со положени студенти (ексел) и тоа скролајќи и задлабочувајќи се во монитор, јас чекам ли чекам... Влегува асистентот да го праша нешто и Ванчо му вика чекај да му дадам оцена на студентот... Чекаме заедно со асистентот незнам колку пати го помина списокот нагоре-надолу скролајќи и на асистентот му се смачи и му вика: Професоре имате опција фајнд „цтрл и ф“ го внесувате индексот и ќе ви го најде веднаш. Тој на тоа му одговори: НЕ! Тоа може да СКОКА :tapp:. Се погледнавме со асистентот и го оставивме да ме најде. Да не претерам ама можеби околу 15 мин ме бараше.

Смиле е многу добар професор за предавање, објаснува неколку пати и работи коишто требало од средно да ги знаеш, има и смеи со него, примери со јадење (салами, лубеници...:pos: ), но за полагање е смрт. За Какулус не се намачив многу, но за Конечна Математика-сега Математички методи за информатичари со усниот дел си имав проблеми и тоа дури го презапишав предметот па среќа друг го држеше. Преку колквиуми пишував на усниот дел како тој што предаваше и не положив.
На испит како од книгата-не препис (мислам на строги дефиниции) не требало ни така (ова ми го вика на консултации) , после другата сесија комбинации од мене како сум разбрал, од предавања, аудиториски и книга и напишав 13 од 15 докази и дефиниции. Не немаш за положување и фино лепо си го презапишав предметот.
Совет: Како што кажа членот погоре учете од почеток, решавајте си задачи после секоја лекција од книгата има многу и тоа можете преку една зошто 2 последователни се скоро секогаш од исти тип... Со тоа нема да имате проблеми на колоквиуми (така е полесно)...

За Бакева исто многу добро предава, треба да бидеш спремен да пишуваш како ненеормален, но потоа тоа многу ќе ти помогне на полагање за усниот дел. Не сака доцнење, точна е до секунда. Пример: Кога загина Проески 2007 имаше минута молчење и тоа беше точно минута-следеше по нејзиниот часовник. Е за полагање и таму е „малку“ тешко, но се положува. :)
--- надополнето: 21 септември 2012 во 11:11 ---
И Жанета беше добра кога слушав кај неа, за разлика од Билјана Јанева која пресметуваше процент и од еден бод :tapp:, но таа си замина после прва година-замина на Европски и првата сесија таму се „испокуткала“ и ја викнал деканот на разговор...:D
--- надополнето: 21 септември 2012 во 11:14 ---
Најдобар асистент на математиките воопшто е Методија Јанчевски па Александра П Митровиќ, Наташа Илиевска а на тригодишни многу добар е и Миле и Емил
 

Kajgana Shop

На врв Bottom