Ванчо е „отиден“ оддамна, нема шанси да го убедиш во нешто иако и асистентот е на твоја страна. Но доколку ги следиш аудиториските вежби редовно (незнам кој се сега, но само да не си кај Весна Д Ристовска- бидејќи и таа веќе е поодмината), нема да се има проблем доколку си го совладал материјалот и јасно е за што се работи, а не препис или некој друг начин
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Случај со Ванчо: Кога земав оцена почна да бара низ листата со положени студенти (ексел) и тоа скролајќи и задлабочувајќи се во монитор, јас чекам ли чекам... Влегува асистентот да го праша нешто и Ванчо му вика чекај да му дадам оцена на студентот... Чекаме заедно со асистентот незнам колку пати го помина списокот нагоре-надолу скролајќи и на асистентот му се смачи и му вика: Професоре имате опција фајнд „цтрл и ф“ го внесувате индексот и ќе ви го најде веднаш. Тој на тоа му одговори: НЕ! Тоа може да СКОКА
![Тапшање :tapp: :tapp:](/styles/default/xenforo/emot/tapp.gif)
. Се погледнавме со асистентот и го оставивме да ме најде. Да не претерам ама можеби околу 15 мин ме бараше.
Смиле е многу добар професор за предавање, објаснува неколку пати и работи коишто требало од средно да ги знаеш, има и смеи со него, примери со јадење (салами, лубеници...
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
), но за полагање е смрт. За Какулус не се намачив многу, но за Конечна Математика-сега Математички методи за информатичари со усниот дел си имав проблеми и тоа дури го презапишав предметот па среќа друг го држеше. Преку колквиуми пишував на усниот дел како тој што предаваше и не положив.
На испит како од книгата-не препис (мислам на строги дефиниции) не требало ни така (ова ми го вика на консултации) , после другата сесија комбинации од мене како сум разбрал, од предавања, аудиториски и книга и напишав 13 од 15 докази и дефиниции. Не немаш за положување и фино лепо си го презапишав предметот.
Совет: Како што кажа членот погоре учете од почеток, решавајте си задачи после секоја лекција од книгата има многу и тоа можете преку една зошто 2 последователни се скоро секогаш од исти тип... Со тоа нема да имате проблеми на колоквиуми (така е полесно)...
За Бакева исто многу добро предава, треба да бидеш спремен да пишуваш како ненеормален, но потоа тоа многу ќе ти помогне на полагање за усниот дел. Не сака доцнење, точна е до секунда. Пример: Кога загина Проески 2007 имаше минута молчење и тоа беше точно минута-следеше по нејзиниот часовник. Е за полагање и таму е „малку“ тешко, но се положува.
--- надополнето: 21 септември 2012 во 11:11 ---
И Жанета беше добра кога слушав кај неа, за разлика од Билјана Јанева која пресметуваше процент и од еден бод
![Тапшање :tapp: :tapp:](/styles/default/xenforo/emot/tapp.gif)
, но таа си замина после прва година-замина на Европски и првата сесија таму се „испокуткала“ и ја викнал деканот на разговор...
--- надополнето: 21 септември 2012 во 11:14 ---
Најдобар асистент на математиките воопшто е Методија Јанчевски па Александра П Митровиќ, Наташа Илиевска а на тригодишни многу добар е и Миле и Емил