Јас не полагав дискретна математика првиов колоквиум. Решив да одам директно на испит.
Нема да прифатам никаков одговор од страна на било кој професор освен одговорот кој потврдува дека можам да го полагам предметот на испит. Без разлика дали се работело за Смиле, Бранко, Петко или Станко. Ке искусат огромни проблеми и пречки пред легално да ми го скратат правото да полагам на испит. Знаете и самите колку е лесно да се привлече вниманието на медиумите и да се искаже негативното мислење пред камера.
Пред се они се зависни од нас, нашите пари и нашето мислење.
А за што се сме способни ние ? Па ако ме прашате мене, голем број од бруцошите на финки поседуваме македонски портали, интернет маркетинг вештини и знаења, раководство на кампањи...
Потоа поседуваме директни информации за факултетот и секој нов потенцијален бруцош пред се ги почитува информациите од прва рака и лично од студентите на ФИНКИ.
А што е најинтересно, секој друг медиум и општо новинар во државава е гладен за нашата приказна.
Негативната репутација која може со многу мала инвестиција да се предизвика преку online медиумите гарантирам дека може комплетно да ја уништи репутацијата на факултетот и да добие огромен негативен замав, со тоа ќе целосно ќе падне интересот за студии на истиот. Во тој момент ќе бидеме сведоци на целосна ренесанса во образовниов систем не само на ФИНКИ туку на сите образовни институции во државава.
Сведок сум на многу неправилности кои се одвиваат во образовниов систем. Но најлошата неправилност е тоа што студентите се плашат да го откријат својот идентитет пред своите постапки. Криењето на сопствениот идентитет при превземање било каков чекор автоматски укажува дека вие имате страв од нешто, а тоа им дава дополнителна моќ на професорите над вас.
Положувањето на било кој предмет не треба и во никој случај не смее да ви биде отежнато или скратено од било каков услов или субјект, освен факторот: Мрза !
Секоја таков имагинарен комунистички закон наметнат од страна на професорите треба да биде соодветно пријавен кај надлежните со повисока функција со назнака дека доколку не се превземат мерки за решавање на проблемот, истиот ќе биде пријавен на надлежните институции кој објективно управуваат со системот, со назнака дека доколку повторно не се превземат мерки, проблемот ќе биде пријавен на надлежни, кои објективно управуваат со сите институции а воедно и сите медиуми ќе бидат детално известени за целиот случај.
Притоа не треба да постои страв од откривање на сопствениот идентитет затоа што вие пред се доколку мислите дека одреден професор нема да ве пушти да полагате, имате законско право да побарате комисија и истата ќе ви биде одобрена, така што доколку имате научено нема од што да се плашите, а истиот професор може да биде казнет или суспендиран доколку се заложува да не поминете а комисијата го прифати вашето знаење како релевантно.
Факт е дека имаме застарен модел на работа кај моменталните професори. Факт е дека не се превземаат никакви мерки за промена на тој модел и негово подобрување. Но исто така и факт е дека доколку сакаме нешто толку многу и силно, тоа нешто ќе се оствари па макар било и последното на светот.
Велат дека иднината на државава зависи од нас и нашиот успех, а истите тие кои го велат тоа постауваат бетонска блокада пред нашиот успех.
Кога те читам исто ми доаѓа да помислам дека ни го кратат правото да дишеме.
Да те прашам нешто , прочита оној прирачникот што го има на нет, за секоја програма, има си ги предметите,
http://www.finki.ukim.mk/Content/contentFiles/studies_menustructure/Predmeti/Dodiplomski/Opsto obrazovni/Kalkulus1.pdf еве за Калкулус 1, седна да разгледаш ? Или финтата беше само информатика да се запишеш ? Не сфаќај го ова како напад, ама тоа е . Еве и за
http://www.finki.ukim.mk/Content/contentFiles/studies_menustructure/Predmeti/Dodiplomski/Zadolzitelni/Diskretna_Matematika1.pdf Дискретна Математика 1. Виде услов за потпис. Тоа е програмата уште пред да се запишеш. Ако не ти се допадна зашто се запиша. Кои легални проблеми ќе искусат ? Кое правило од ова го прекршуваат ?
Тоа се правилата, Бакева и Смиле не ми се допаѓаат ама и не ги мразам. Знаеш дека кај овие двајца сеуште се нема пуштено глас дека некој со врски поминал. Кај Бакева ај да не именувам кој пробува да фаќа врски, преко први роднини на неа , го падна предметот. Имаат принципи, барем не се корумпирани како на Економски. И да и јас се бунев, кога излегоа резултатите конечните имав 29.7 поени, а од 30 се даваше потпис. Ми рекоа постарите оди ама не очекувај многу, отидов , ми рече колега тие правила се за сите, нема да ги кршам мојте принципи заради тебе, ИЗЛЕГУВАЈ.
Среќа консултации по писмен дел во моментот и неми беше прегледан дел од задача + 1 поен, влегувам со асистентката и објасни на Баки ,зедов потпис.
Комисија се бара доколку полагаш и не те пушти професорот одиш се жалиш и наредна сесија пред комисија, барем така знам дек е.
И Калкулус 1 и Дискрента Математика се ептен потешки на испит.Поголем материјал, потешки задачи се падаат, за разлика на тоа на коловкиуми. Сега не се бунете и за ова. Прва година не положив ниту еден предмет на колоквиум, само потпис извадив по сите. Ама се утепав од учење за време на сесиите.И бидна .
Колоквиумите ви го олеснуваат предметот, ова е стимул за да научите на колоквиуми и редовно да учите. Што мислевте информатика е лесно.
До @топче и @Toneh за ова тотално сте во право. На сите ни беше ветено останува истата програма и правила. Бруцошите незнам што толку се бунат, коа им ги пишува правилата. Сите ние се префрливме затоа што ни ветија дека остануваме под иста програма. Е за ова треба да се реагира. И Toneh муабетот со презапишувањето сум го правел со колеги милион пати , за едно се согласувавме направен за правање пари. Сум осетил на џеб и јас презапишувње.