Глупости е ова, ако немаш 10 бода од прв колоквиум го презапишуваш предметот
Добро вие уопште читате ги нашите постови ? Пишано е вкупно од двата колоквиума да имаш по 10 бода од Теорија, 10 бода од задачи, 10 бода лабораториски.
Чекај чекај, сакате да кажете на пример дека ја вчера полагав колоквиум математика на инфо, и у глобала дрво бев знам дека нема да го положам колоквиумот, ама мора да сум извадил 10 бода (тоа ти е 1/4 од бодовите пошто носи 40) за да земам потпис на крај?
Не на ИНФО, имаш таму правила на предмет прочитај, ако се ти од ПМФ професорите сигурно има услов.
Jас во понеделникот не отидов на колоквиум по дис.математика поради здраствени причини , поради тоа ми се скратува правото да го полагам на испит , и останува да го презапишам, изгледа професорите си го прецениле својот потпис...
Зависи за кој предмет, пишавме за КАЛКУЛУС тоа важеше кога полагавме ние. И тие лани што полагаа им важеше ова како што слушнав од колеги кој 3 години го полагаа. И отиди на професорот објасни што како, ако треба и потврда од лекар му однеси. За тоа имаат разбирање.
Значи испаѓа и дека колоквиумите се задолжителни и неможеш директно на испит да идеш?
Неможе така дајте да се организираме за штрајк блокирање вандализам не ме интересира што ама неможе да си играат курот со нас.
Ние сме тие кои можеме да побараме смени.
Ќе не малтретираат за ебана математика не сме на ПМФ мамето нивно.
Правилата ви ги објаснуваат на првиот час. И никој не ти е крив што не си научил. И јас кукав прва година ама столчето го положив втор колоквиум и извадив на граница потпис.
И доста се жалиш, имаш тамо сега смерови без математика или некоја минимална. Тие правила се 15 години. А и отиди и на Бакева и Смиле им речи штрајк. Или дека си го преценуваат предметот.
Нависитна дегенски испадна факултетов, демек за нешто ново, добро, современо а све обратно...
Од другата година ако иде во пензија Кусакатов па некако да се сменат работите, вака тешко, го јадеме гадно.
Не е дегенски факултетот. Факултетот е екстра за разлика од тоа што беше ИИ на ПМФ.
Почнете со собирање потписи по групите за да го променат тој критериум. Нема логика да се става таков услов само за еден предмет... Пратете го листот во деканат, СП ФИНКИ, разговарајте со некој од таму... по можност лично со Деканот. Ајде барем еднаш нека отстапат од глупавите правила и нека направат промена.
Друже критериум си е критериум, им кажав дека заебано ќе е по математиките на бруцошите што ги знам, ама никој не слушаше.
И да тоа со потпис вие стаено уште кога ја отворија страната
www.finki.com.mk каде си има објаснување за секој предмет . Сфатете сериозно од почеток, јас бев исти неинформиран ни ништо, ама барем за условите знаев. Распрашајте се по постари колеги, еве на пример за Основи на програмирање, сега незнам како вие , ако теоријата ви е клик тест, на времето некој ја дрпнал базата со прашања и одговори,јас се чудев како тие што имаа постари браќа/сестри на ПМФ/ИИ вадеа по 90 бода на клик тестовите по теоријата, видете комбинации што даваат од фотокопирниците Зум/Тони . Не ги оставјајте така математиките, а и да битни се многу математиките. И не ги потценувајте вие. На нив многу се заглавува, еве јас имам 6 положено математики, редовно ги зедов, а додека едни 2 математики ќе ги презапишам нареден семестар 3 ПАТ.
И уште нешто ќе ви намалат ова со условот. Ама не многу :/
За 1 саат ќе се вклучам пишете слободно прашања ако ве нешто интересира, материјал, комбинации, некоја финта
зззззз
--- надополнето: Nov 11, 2011 5:37 PM ---
Штрајк? Сериозен си? Со кого? На сите им фуфе, се плашат дека ако ги дознаат професорите кои се, никогаш нема да положат/дипломираат, и впрочем се во право.
Со ова што го прават професорите, им се скратува право на полагање на испит на студентите. Крај.
Нема оправдување ни за деканатот на ФИНКИ, они го дозволија ова. Знаеа со кого имаат работа, и сепак одлучија да соработуваат со нив.
Главни иницијатори беа професорите од ПМФ за формирање на ФИНКИ, тоа го пробуваат веќе повеќе години. И неби рекол дека ако деканот е од ФЕИТ, тие од проф. од ФЕИТ го имаат главниот збор. Како што видов повеќето предмети од ИИ ги држат.