Нема да настане војна помеѓи електрашите и студентите на ПМФ? И не само студентите туку и професорите?! Од лично искуство знам дека баш и не се мирисаат едните со другите, ните студентите ниту професорите...
Не. Точно е дека постоеше некоја студена војна меѓу кадарот на ИИ и КТИА, ама тоа ко да беше некоја закоравена приказна и само став дека така треба. Работите се драстично сменети последниве неколку години.
Тото денес кажа дека тие што сакаат да си останат на ФЕИТ слободно можат да си останат и ќе си продолжат по истата програма да си учат, а квалитетот на факултетот ќе остане на исто (ако не и на повисоко поради конкуренција) ниво. Дури и од септември ќе се примаат повторно студенти на ИКИ само што програмата малку ќе биде сменета односно ќе се модернизира. Дипломата од ФЕИТ е секаде признаена, а од ФИНКИ допрва треба да се признава.
Ова е најголемата дезинформација, лага и валкана игра на кадарот на ФЕИТ. Јас искрено сум крајно разочаран од мојот факултет и од неакадемскиот и крајно неадекватниот начин на пристап кон прибирање студенти.
Факт 1: ФЕИТ и ФИНКИ имаат ЕКТС програма.
Ако има нешто како оној закоравениот поим “признаеност на диплома“, тогаш универзитетот е тој што не разгледува. Не засебните факултети.
Лично мислење мое е дека во иднина ФИНКИ дипломата МНОГУ повеќе ќе се цени во „Софтверско Инжинерските“ кругови. Зборувам за ценење, не за признаеност. Немам факти да го потврдам тоа, само лично мислење. Бар сега засега
Еј, и да. Кој и да дојде да ми спори за признаеност на диплома на информатички смер, можам веднаш да го ставам во групата на оние кои не ги бидува. Инженер се цени по тоа што знае и умее. Верувајте ми на ова што ќе ви го кажам: ниедна озбилна фирма нема да ви побара диплома од факултет, нити па ќе се труди да ви ја валидира за да ве прими на работа. Покажи се што знаеш, и после ќе правите муабет.
Па идете на тоа финки и пропаднете интелектуално, ако досега не сте.
Уф уф уф... полека. Дали ти тоа се ставаш над ЦЕЛАТА академска постава од особи кои студирале, магистрирале, докторирале па и работеле долги години во ИТ сектор? Сериозно?
тото е нејголем противник на финки, дурии со потсмев гледа кон неговиот неуспех, со право!
сум бил повеќе пати сведок, кога во бидфе, да не речам ги дупчи идните финки професори
Мислам дека не треба да имаш многу искуство во студирање на феит за да го научиш Тото кој е и што е. Стварно не сакам да си ја празнам душата овдека и да кажам и што треба и што не треба. Еден факт е дека еднашка правев cross-platform апликација, која требаше да се користи во рамките на факултетот повеќе години, не успеа тоа поради многу важната причина што Тото не сакаше да ми ослободи еден Solaris терминал за да ја инсталирам и тестирам. Го немате запознаено човекот. Доста. Не е репер за никакво стручно мислење. Over and out.
Ти одговори апидроне, да ми беше до програмер да бидам ќе се упишев на Александрија, за година две ќе средев работа, немаше да си ја акам главата 4 години.
Грешка. Иако така ти стои сега, али академското информатичко знаење е мнооооогу различно од 100% професионалното што се учи во таквите школи. Ова второто може да биде надополнување на првото, али никако замена.
Се запишав јас диплома од ФЕИТ да земам, не од ФИНКИ ТИНКИ ВИНКИ ДИПСИ ЛАЛА И ПО.
Ај немој вака. Озбилно. Ни ти, ни останатите не сте свесни само каква услуга ви прават.
Да сумирам, и да кажам дополнително некои факти. Како што стојат работите, ФИНКИ ке биде страва, мераци. Сиот информатички кадар иде таму, со одврзани раце, со одврзан буџет, со слободна и простор за размислување, креирање и бидување продуктивни.
Сите, ама СИТЕ ИТ компании во Македонија и тоа како само го подржуваат ФИНКИ. Имате едно централно место во кое ИТ и Компјутерските Науки ќе се третираат на начин на кој што стварно треба. Ќе имаат место каде што ќе можат многу полесно да сугерираат, влијаат и да привлекуваат кадар.
Би ве советувал, потрошете малце време во истражување. Прашајте професори, прашајте професионалци, прашајте компании. Ќе дојдете на истиот став како мене.