КГФ - Комплекс Глупи Факултети
Теорија во прва година ќе имаш и по физика и по математика. Математика ќе учиш теореми и нивно изведување. Во зависност кој професор ќе ти се падне, ќе имаш повеќе или помалку теорија. Некои многу си го ценат усното (што според мене е мноооогу погрешно), па имам доста колеги што го презапишале предметот заради некое глупо усно. Иначе во поголем дел од предметите, барем така е кај мене, ќе имаш и теорија и усно. Е сега, кај некои усното е формално, отприлика се знае што се паѓа (Електротехника на пример), а кај некои, ќе си учиш се, или ќе бараш некоја логика од постари испитни задачи.
Пред да почниш со учење, обавезно ќе си прашаш постари колеги, што и како да учиш. Немој да учиш се и сешто (освен ако немаш посебна желба хаха). Обавезно да си најдеш уште 1-2 колеги, што ќе учите заедно, тоа е најдобар и најлесен начин да го совладаш материјалот (испробано).
За слободно време, не се секирај ич. Како што ти кажаа погоре, ако добро го распоредиш времето, ќе имаш време за се. Едно е најбитно - КОНТИНУИРАНО УЧЕЊЕ!!! Ако тоа го почитуваш, ќе ти е супер. Никој не вика дека секој ден ќе треба по 10 часа да ги портошиш на учење. Доволно е секој ден само да разгледаш што отприлика си учел дента, а ако нешто ти е нејасно, ОДМА на консултации (консултациите се многу корисни) и верувај дека ќе немаш проблем. Најголем проблем е да го практикуваш тоа што сум го напишал.
И немој да се разочаруваш од почеток. Можеби и ништо нема да сфаќаш од почеток, поготово прв колоквиум електротехника - електростатика, цела група ќе гледате ко телиња во шарена врата, па кога ќе ги фатиш сам еден ден пред колоквиум (тоа време се сфаќа најмногу), ќе видиш дека задачите се многу лесни и шаблонски. И да паднеш нешто, немој да се разочаруваш и да си ги подигниш документите. Безброј примери има кога колеги првиот испит го положиле во јуни, па сега ги положуваат испитите без проблем...