Факултет за Електротехника и информациски технологии

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Ова со потписиве и заверувањево на семестарот го направија каша попара, уште па и професориве нејќат да отстапат термини за оценки. На „пат“ биле :tapp:
 
Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.267
Поени од реакции
2.266
Го зеде некој ливчето со задачи по ООП денес да го постира тука?
 
Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Мислам дека може и без СП.
Мислам дека за да упишеш ТК Софтвер или Интернет програмирање мора да имаш положено СП и ислушано ООП. Може ли некој од постарите што се на ТК да ми каже основи на мерна техника што предмет е, гледав не влече ништо, значи можам без проблем да го запишам? Ваљда од англиски кредитите можам да ги искористам за него или ? Ај малце појаснување ако не е проблем :)
 
Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945

Се имаш положено до сега т.е. од прв семестар? Значи кредитите ти немаат врска со запишувањето на новите предмети, само условните предмети. Мерна техника е задолжителен предмет па сакал нејќел мора да го ислушаш и да го положиш. А предметот е што да ти кажам. Уште се мачам со него. Теорија е скоро се. Учиш за мерење воопшто, мерни инструменти и се поврзано со мерењето. Здравје Боже кога ќе се запишеш догодина и ќе почнеш со лабораториски ќе ти пратам што се ти треба и ќе те упатам што поконкретно да учиш за да не се занимаваш со непотребни работи.
 
Да да, сигурно имам се положено :). Па би требало да е интересен предметот, вака по името, ваљда мериш со осцилоскопи и такви глупости, штознам? Иначе фала за понудената помош и одговорот :)
 
Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Да да, сигурно имам се положено :). Па би требало да е интересен предметот, вака по името, ваљда мериш со осцилоскопи и такви глупости, штознам? Иначе фала за понудената помош и одговорот :)
Хахаха кога ќе треба да правиш елаборати и глупости нема да ти биде толку интересно :) т.е. ај да не зборам може ќе ти биде интересно, мене ич не ми беше.
--- надополнето: May 30, 2011 8:23 PM ---
СООПШТЕНИЕ
ЗА
Студентите на ФЕИТ кои слушаа Руски јазик

Испитот ќе се одржува во следниот период
од 31мај до 03јуни
од 11:00 - 13:00
на Филолошкиот факултет во
Библиотека при Катедрата за славистика

Професор по Руски јазик
Ирен Алчевска
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.576
Поени од реакции
3.773
Дечки од колку до колку работи студентски за заверка на семестар? 12ип до 3ип?
 
A

apidrone

Гостин
Мислам дека за да упишеш ТК Софтвер или Интернет програмирање мора да имаш положено СП и ислушано ООП. Може ли некој од постарите што се на ТК да ми каже основи на мерна техника што предмет е, гледав не влече ништо, значи можам без проблем да го запишам? Ваљда од англиски кредитите можам да ги искористам за него или ? Ај малце појаснување ако не е проблем :)
Предава проф. д-р Цветан Гавровски. Иди му на секој час, убаво објаснува, башка има некои прашања шо може да ти се паднат на колоквиум/испит, а не се доволно објаснети во книгата. После секој час, прочитај дома што е предавано дента, затоа што ќе направиш огромна грешка ако оставиш да спремаш недела дена пред колоквиум/испит. Исто така гледај на колоквиум да положиш, немој да почнуваш за испит од почеток, се ќе ти се испомеша. Најтешкото во предметот е тоа што има многу блок структури кои треба „детално“ да се објаснат. Ако не ти е битна оценката, т.е. само колку да положиш, нека не те лаже Зајче дека е тешко, она не знае да препишува :pos:
 
Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Предава проф. д-р Цветан Гавровски. Иди му на секој час, убаво објаснува, башка има некои прашања шо може да ти се паднат на колоквиум/испит, а не се доволно објаснети во книгата. После секој час, прочитај дома што е предавано дента, затоа што ќе направиш огромна грешка ако оставиш да спремаш недела дена пред колоквиум/испит. Исто така гледај на колоквиум да положиш, немој да почнуваш за испит од почеток, се ќе ти се испомеша. Најтешкото во предметот е тоа што има многу блок структури кои треба „детално“ да се објаснат. Ако не ти е битна оценката, т.е. само колку да положиш, нека не те лаже Зајче дека е тешко, она не знае да препишува :pos:
Е баш знам, ама неможам кога само мене ме гледаат ... :place:
 
A

apidrone

Гостин
Е баш знам, ама неможам кога само мене ме гледаат ... :place:
Јас да седев на твојата позиција, ќе извадев повеќе од 7ца :) Туку да прашам: дали има некој постар колега од ТК, да каже нешо поише за предметите: Комутација и рутирање, и Симулациски методи во телекомуникациите?
 
Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Јас да седев на твојата позиција, ќе извадев повеќе од 7ца :) Туку да прашам: дали има некој постар колега од ТК, да каже нешо поише за предметите: Комутација и рутирање, и Симулациски методи во телекомуникациите?
Ај бе доста види го, цццццццццц ... ќе видиш утре и онака полагам во 223 и 8ца ќе извадам :P Дај Боже да положам, ни оцена ми треба ни ништо.
 
Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Еве што пиша Кацарска на FeitLe пред некои саат-два:

Студентите кои немаат освоено најмалку 30 поени од теоретскиот дел и покрај поените имаат
запишано У се повикуваат на дополнително полагање само на теоретскиот дел на 06.06.2011
(понеделник) во 13 часот.
Во истиот термин ќе се внесуваат и оценките на студентите кои го положиле испитот по
Основи на електротехника 2, а кандидатите кои не се задоволни од оценката ќе можат да
дополагаат за друга оценка.
 
Mainframe

Mr.Goodkat
Член од
14 јануари 2008
Мислења
336
Поени од реакции
30
Јас да седев на твојата позиција, ќе извадев повеќе од 7ца :) Туку да прашам: дали има некој постар колега од ТК, да каже нешо поише за предметите: Комутација и рутирање, и Симулациски методи во телекомуникациите?
Комутација и рутирање ти го предава Тони Јаневски. Типот е одличен професор (и во објаснување и во однесување). Има само една равенка во целиот предмет и само таа и ќе ти треба. Нема интеграли, нема диференцијали, нема ништо од математика. Само логика и текст. Содржините се лесно разбирливи, се учи нешто конкретно (дигитална телефонија, сигнализација, принцип на работа) и башка Тони многу добро објаснува. Мој совет, седи на предавања кај Тони, нема да зажалиш. Бонус е што Тони е интересен и да го слушаш. Според мое мислење, еден од најдобрите професори на факултетот. Едно 300 страни е целата скрипта, постојат и испитни прашања кои стварно се паѓаат (Самикоп FTW). Предметот е боза, со еден збор.

За симулациски...немој да ја правиш грешката да го одбереш. Можда звучи интересно, ама воопшто не е. Едно 30 души од наша генерација го одбраа, сите до еден зажалија (вклучувајќи ме и мене). Глупи содржини, од време на време изгледаат некорелирани една со друга и како да се без поента. За твое добро, не го бирај предметот. Одбери некој предмет од другите студиски програми.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom