Факултет за Електротехника и информациски технологии

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.227
Поени од реакции
14.561
Има ли некој што ќе полага Кориснички Интерфејси утре?
Ме интересира дали знаете колку задачи ќе има?
Пошто гледам материјалот е различен од лани т.е. се учи JQuery така да претпоставувам дека ќе има задача со JQuery. Ме интересира дали ќе има и друга задача со ВПФ или само една (ако некој случајно прашал)?
 

Boomerang

Немој CTRL+W.
Член од
18 јуни 2006
Мислења
3.709
Поени од реакции
809
Теорија ОЕТ 2 втор колоквиум? Некој постар колега да каже што би можело да се падне би бил благодарен :)
 
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.356
Поени од реакции
184

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
ај нека се носат у ѓаола, а не размислуваат дека повеќе од пола потписи се зимаат подоцна од рокот на заверка, а каде се оцени, и други ствари...шо, ќе ми стои индексот цело лето на студентски? безвезе потег
Ради вакви работи ја скоро и да немам оцена земено :Р, ме мрзи у термини за консултации да одам до фах а и увек коа и да испадне да даваат оцени ми е кај тетките.
 

Jane

Кајганџија
Член од
5 февруари 2006
Мислења
3.394
Поени од реакции
114
ај нека се носат у ѓаола, а не размислуваат дека повеќе од пола потписи се зимаат подоцна од рокот на заверка, а каде се оцени, и други ствари...шо, ќе ми стои индексот цело лето на студентски? безвезе потег
Затоа догодина на ФИНКИ ќе ни биде далеку поорганизирано ова :smir:
 

Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
ај нека се носат у ѓаола, а не размислуваат дека повеќе од пола потписи се зимаат подоцна од рокот на заверка, а каде се оцени, и други ствари...шо, ќе ми стои индексот цело лето на студентски? безвезе потег
Изгледа сакаат што побрзо, за кога ќе треба да се префрлаат документите на ФИНКИ, сите останати работи да бидат завршени. Бар јас така мислам
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
И СПФЕИТ се впушта во војна. Ќе видиме дали ќе биде само посредник или ќе зафати страна. :smir:
 
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.356
Поени од реакции
184
И СПФЕИТ се впушта во војна. Ќе видиме дали ќе биде само посредник или ќе зафати страна. :smir:
соопштениево е као демек неутрално, ама терминот феит, небаре на некоја реклама сме, па постојано се спомнува

СПФЕИТ Скопје
До сите студенти
Соопштение!
Драги Студенти, Последните случувања на нашиот факултет кои се однесуваат на поделбата што треба да настане од септември со настанувањето на новиот факултет (ФИНКИ), го поттикнаа СПФЕИТ да излезе со свое соопштение, воедно и молба до колегите студенти да не се вмешуваат во политиката која се повеќе завзема место во нашите животи. Сведоци сме дека помеѓу двете спротиставени страни се случува информативна "војна" со соопштенија, реакции, обраќања, спамирање на личните меил адреси на студентите и така натаму. Во оваа војна на средина се наоѓаме токму ние студентите и всушност сме жртвите на целата оваа ситуација. Ние како студенти не смееме да подлегнеме на влијанијата од било која страна се со цел да донесеме вистинска одлука за нашето понатамошно студирање. Никој не смее да ни прави притисок и да не натера да направиме одлука спротивна на нашето мислење и верување. Доколку се случува одредени професори, студенти или личности поврзани на било каков начин со оваа проблематика да ви вршат притисок, да ве условуваат или да ве тераат да се одлучите за одредена опција обратете се во СПФЕИТ. СПФЕИТ бил, тука е и ќе биде тука за сите проблеми на студентите, да ги заштити, да ги советува и да им помогне да не бидат ничии марионети. И студентите имаат свои права. Според законот за високо образование член 150: Студентот има право на: - квалитетни студии и образовен процес како што е предвидено со студиските програми, - заштита на личноста на студентот од злоупотреба и на неговото достоинство, - слободно искажување на мислење и ставови во текот на наставата и другите активности на високообразовната установа А според статутот на УКИМ, член 223 ...Студентите од прв циклус на студии имаат право да ги завршат започнатите студии според условите и студиската програма на која се запишале... Во тој контекст, никој не би требало да си зема за право да ве присилува да се префрлите на некој нов факултет, а од друга страна факултетот на кој веќе студирате треба да ги вложи сите напори за непречено да се одвива наставата до завршувањето на вашите студии. СПФЕИТ во целост верува дека ФЕИТ како сериозна институција во последните 50 години, нема да дозволи да се случи студентите да останат на цедило, а од друга страна секако дека нема да ве тера или пак присилува да останете, ако вие одлучите да го продолжите своето образование на друг факултет. Наше право е да одбереме каде да студираме, но и наша обврска е да бидеме и останеме академски граѓани и како такви да се однесуваме. Она што ние како СПФЕИТ го советуваме е да размислите навистина добро и долго пред да донесете конечна одлука. Не избрзувајте! Никој не смее да си дозволи да ве избрза при конечната одлука, пред се, затоа што вашето право на одлука ќе го искористите при уписот на новиот семестар што значи дека имате уште многу време до кога уште многу работи ќе бидат разјаснети и појасни, се разбира.. СПФЕИТ ќе ја поддржи секоја ваша одлука што ќе ја донесете. Не дозволувајте да бидете вовлечени во туѓи игри, бидете свои личности со свои размислувања и ставови и сите информации кои доаѓаат до вас земајте ги со сериозна резерва, не верувајте во шпекулации и секаков вид памфлети. СПФЕИТ е против сите притисоци, врбувања на студенти, уценување, манипулирање со студентите и се она што ги загрозува правата и слободата на студентите, без разлика дали се од ФЕИТ или пак од ФИНКИ. Студенти сме, треба да си помагаме! Со почит и поздрав СПФЕИТ
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Студентски парламент на ФЕИТ...

Јас мислам дека СПФЕИТ ќе ја искористи довербата на студентите и потребта од некој да ги подржи во оваа војна за да може нкоја од завојуваните страни да си ги оствари целите. Очајно е ова што го прават... Довчерашни колеги, професори сега копје ќе вадат, со презир ќе гледаат еден на друг. И тоа не кој е подобар, туку кој ќе зграби поголема пара...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom