Прво Anandtech е мастрален сајт, тука нема дискусија. Но на скринот кој со го ликнал наведена е генералнa - максимална потрошувачка, не реална.
Второ, 290-те, од тогаш имаат и други драјвери кои допринесуваат за по ефикасно искористување на енергијата, и осетно намалена потрошувачка, како и побрз фан профил.
Еве ти доказ од мене, и тоа при Bitcoin копање....
Исто така имам мерено 3X 290 ки со оверклок на меморија од 1250 > 1400, како и јадро 940 > 1050, при тотално оптеретување, во просторија од некои 27 степени, 3x 290, сосве системот, и загубата од 5% заради ефикасноста на напојувањето која беше 95% потрошувачката беше 950W.
Ако на ова се додадат потрошувачката од 30W на процесорот, и некои 60W на матичната + 20W на хардот, како и додатната загуба од аспект на ефикасност доаѓаме на 820W, ако на ова се додаде тоталната и константна потрошувачка на системот при Bitcoin копање во споредба со гејминг, како и оверклокот од некои 10% доаѓаме на бројка од ~730W или ~ 240W по карта во лоши услови. Мерењето беше извршено со професионален мерач на потрошувачка, кој се вклучува во штекер, а кабелот од напојувањето во него.
Зошто се лоши услови? (картите работеа на 87C) - колку е поголема температурата толку повеќе се намалува ефикасноста, а со тоа се зголемува потрошувачката, згора на тоа се работи за OpenCL обработка на податоци, која е доста по захтевна од нормален гејминг, како на напонската секција на картата, така и од оптеретеноста на јадрото и меморијата на картите.
Сите 3 елементи - компоненти при тие услови, се на 100% оптеретеност константно, овие услови на работа не го пресликуваат реалниот начина на употреба на една графичка при гејминг во кој има балансирање на оптеретеноста на компјутерот и другите компоненти, не се ни приближно оптеретени на ист начин......има скратени сцени, и вчитувачки секвенци кои ја намалуваат потрошувачката, како и генерално сегменти од нивоата во игрите кои не се толку графички интензивни, со што варијабилната (динамичка) контрола на фреквенција на AMD/Nvidia картичките веднаш ја намалуваат фреквенцијата на јадрото/меморијата/напонот, и со тоа потрошувачката осетно се намалува.
На кратко, 300W е груба проценка, во најлоши можни услови, со стари драјвери. 290-та со кастом сетинзи, не троши повќе од 210W.