До некаде си во право и јас прво по ознаката мислев дека тоа значи, ама ајде викам да видам зашто се иста цена ако еднава има 1гб а другава 2гб (според ознаките појма немав дека оваа има друг тип на ладење) и гледам пишале 2гб рам во двете па ме збуни, а не ми текна одма да отворам на друг сајт на нет за да проверам. Фала за помошта.
Иначе еве да се извинам на некој член со кој се убедував за процесор пред некое време во истава тема да не барам сега мислење каде што ми кажуваше дека серијата на процесори со ознака G е солидна, а јас велев дека не е поради лаптопче што го средував на другарка и немаше баш некоја моќ за обработка бар по тие неколку часа што ги поминав на него тој ден. Процесорот во лаптопот бил серија N а не G.