Конечно јавно видовме дека есдеес си ги штити албанските национални интереси. Додуша, тоа беше јасно откако дадоа 250,000 државјанства на Косовци, со законите за знамињата, јазиците, амнестијата и секако територијалната поделба. Јас им посакувам среќа со здобивање на албанско гласачко тело, иако мислам дека покрај ДУИ и ДПА тешко ќе се најде место за трета албанска партија. А дека ги губат македонските гласачи, факт е, кој интензивно ќе се потенцира на следните избори.
Она што се случува со имињата на школите во Чаир е директна последица на 250,000 државјанства кои ги даде есдеес, рамковниот, законите за јазиците, знамињата и локалната самоуправа и секако законот за територијална поделба со која Чаир од доминантно македонска, стана доминантно албанска општина, преку прекројувањето на општинските граници. Сега ДУИ користи ситуација кога ВМРО е во криза. Но не треба да заборавиме дека ниту се спомна бројката на училишта кои имаат променети имиња во Тетово, Гостивар, Дебар, Липково и Струга 2002-2006 година.