Училиштата во Чаир со променети имиња

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
не се ни оддалеку 200, ниту 150 (како што гласеше митот). Погледни ја разликата во РМ,од 1981-2002 е 123.000, 1991-2002 е 64.000, за цела Македонија.
доказ повеќе што се сработија градоначалниците на Чаир.
зошто тогаш ја менуваше орелот или знамето на маицата на протестантот во темите за бомбите, Куманово, Смилковско, Гошинце, а сега не менува...
Само во 1993/94 г. се дадени 250,000 државјанста на Косовари. До 1992 г., сите Косовци кои се доселиле во Македонија во периодот 1970-1990 години имаа статус на жители на Република Србија - АП Косово со привремен престој во Македонија, ист статус како што го имаа во Хрватска, БиХ и Словенија. Во 1992 г. тие стана државјани на Р. Србија како во Македонија, така и во другите ЈУ републики. Словенија и Хрватска ги репатрираа (вратија) Косовците на Косово и секако не им дадоа државјанства. Само од Полог, околу 50.000 македонски Албанци беа на печалба со семејствата во Словенија и 1992 г. Словенија ги врати во Македонија.

И што ги мешаш градоначалниците на Чаир, кога доделувањето на државјанства беше политика на есдеес.

Не знам дали почнавте да учите албански и да си веете албански знамиња, во согласност со политиката на лидерот?
 
Член од
11 март 2015
Мислења
1.117
Поени од реакции
982

Премиерот ќе не научи пошто он на митизни гледам дека добро го користи...Плус за кои државјанства збориш бе 1992 и за кој СДСМ, кога тогаш Кљусев е на чело на владата на РМ, а само таа има ингиренции да даде државјанство.
И друг пат кога ќе ти кажат нешто во штаб распрашај се подетално да се брукаш вака јавно!
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Само во 1993/94 г. се дадени 250,000 државјанста на Косовари.
Oва тврдење секогаш ми било ко да тврдиш дека земјата е рамна плоча и дека на “носат“ три кита, желки, овци, или, по твое, партиски книшки.

Одлучете се. Договорете се самите со себе си.

АКО во почетокот на 90тите години се дадени четврт милион пасоши на косовари, тогаш нема теорија, бројот на Албанци да биде помал од 25 посто. Бројка, за која ВИЕ тврдите дека е далеку од реална (реалната била далеку помала).

Второ... демографскиот од на сите пописи претходно (1971, 1981) ветува демографска прогресија преку која во 2002 година, бројката на албанци во МКД би била онаква каква што е.

АКО некој некому дал 250,000 државјанства, знаеш до кој степен би ја сменил демографската слика во 2002 година, а како би било Д Е Н Е С?
 
bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Училиштата не ја менуваат ситуацијата ок....
Двојазичност во парламентот? Министер за одбрана кој беше еден од највисоките луѓе во УЧК? Говор на премиерот на албански јазик? Говор на омраза кој се шири меѓу македонците и албанците? ОВА ЈА МЕНУВА СИТУАЦИЈАТА?!
Двојазичноста во парламетот беше последица на воениот пораз 2001 г., исто како и амнестијата на генерал Форина кој си влезе во коалиција со есдеес во 2002 г. Но, тоа беше резултат на губење на војната 2001 г., а сосема друга работа е кога некои си ветуваат албанизација на цела Македонија преку воведување албански официјален јазик на цела територија и федерализација, чунки само федеративните и конфедеративните држави во Европа со би- и тринационален состав имаат повеќе официјални јазици.
 
Агејн...2001 кој е на власт????
И не ми одговори за министерот за одбрана...Или за се што згрешиле ВМРО е крив СДСМ, а за се што згрешил СДСМ е крив Бранко (по ново пошо чоекот го нема е крив СОРОС)...
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
Училиштата не ја менуваат ситуацијата ок....
Двојазичност во парламентот? Министер за одбрана кој беше еден од највисоките луѓе во УЧК? Говор на премиерот на албански јазик? Говор на омраза кој се шири меѓу македонците и албанците? ОВА ЈА МЕНУВА СИТУАЦИЈАТА?!
Двојазичност во парламентот? Да ја менува. Кога е ова воведено? Кој е министер или заменик не менува толку под услов да му се врзани рацете (и претходно беа министри команданти на УЧК и заменици команданти). Говор од куртоазија...ова не е ни за спомнување како тоа влијае на ситуацијата на терен. Чисти глупости. Говор на омраза? Сега веќе ти ја изгубив логиката ако имаше некоја уште од почеток...и на крајот на краиштата еве ти кажи за што си. Ова е форум па кажи во ред ли е не е во ред? Ти што би направил или што би сакла некој да направи.
 
Член од
11 март 2015
Мислења
1.117
Поени од реакции
982
Двојазичност во парламентот? Да ја менува. Кога е ова воведено? Кој е министер или заменик не менува толку под услов да му се врзани рацете (и претходно беа министри команданти на УЧК и заменици команданти). Говор од куртоазија...ова не е ни за спомнување како тоа влијае на ситуацијата на терен. Чисти глупости. Говор на омраза? Сега веќе ти ја изгубив логиката ако имаше некоја уште од почеток.
хахаха ми ја изгуби логиката хахахха...другар секое почитување према тебе, ама очигледно незнаеш што е логика...Отвори страната на собрание на РМ, и види со кој деловник за работа и од која година е воведен албанскиот јазик како втор во собранието и сите останати државни институции...
ПС: Јас не го сметам тоа за лошо, но очигледно ти ги сметаш тие работи за крај на светот па само да ти потенцирам дека тие што те водат во животот го прават тоа што ти го сметаш за лошо
 
bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Oва тврдење секогаш ми било ко да тврдиш дека земјата е рамна плоча и дека на “носат“ три кита, желки, овци, или, по твое, партиски книшки.

Одлучете се. Договорете се самите со себе си.

АКО во почетокот на 90тите години се дадени четврт милион пасоши на косовари, тогаш нема теорија, бројот на Албанци да биде помал од 25 посто. Бројка, за која ВИЕ тврдите дека е далеку од реална (реалната била далеку помала).

Второ... демографскиот од на сите пописи претходно (1971, 1981) ветува демографска прогресија преку која во 2002 година, бројката на албанци во МКД би била онаква каква што е.

АКО некој некому дал 250,000 државјанства, знаеш до кој степен би ја сменил демографската слика во 2002 година, а како би било Д Е Н Е С?
Само во 1993/94 г. се дадени 250,000 државјанста на Косовари. До 1992 г., сите Косовци кои се доселиле во Македонија во периодот 1970-1990 години имаа статус на жители на Република Србија - АП Косово со привремен престој во Македонија, ист статус како што го имаа во Хрватска, БиХ и Словенија.И новодојдените емигранти од северна Африка во Шпанија, не се државјани на Шпанија, туку емигранти со привремен престој во Шпанија. Во 1992 г. Косовците си стана државјани на Р. Србија со привремен престој како во Македонија, така и во другите ЈУ републики. Словенија и Хрватска ги репатрираа (вратија) Косовците на Косово и секако не им дадоа државјанства. Само од Полог, околу 50.000 македонски Албанци беа на печалба со семејствата во Словенија и 1992 г. Словенија ги врати во Македонија.

Зборуваш за демографска прогресија, а постои демографски статистички ТРЕНД, кој кажува дека една популација НЕ МОЖЕ да се дуплира за 30 години.
 
Значи Кљусев им дал државјанства??? Те молам седни и разгледај пред да пишеш нешто, не се брукај!
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
хахаха ми ја изгуби логиката хахахха...другар секое почитување према тебе, ама очигледно незнаеш што е логика...Отвори страната на собрание на РМ, и види со кој деловник за работа и од која година е воведен албанскиот јазик како втор во собранието и сите останати државни институции...
ПС: Јас не го сметам тоа за лошо, но очигледно ти ги сметаш тие работи за крај на светот па само да ти потенцирам дека тие што те водат во животот го прават тоа што ти го сметаш за лошо
Албанскиот се воведе со рамковниот. не знам што се обидуваш да објасниш? Дека ВМРО го вовел? Не сме мали деца. Единствена закачка што остана е дали претседателите на комисии да водат седници на комисии на албански. Јака муда со други зборови. Ако ти тоа го споредуваш со официјализирање на албанско знаме пред институции тогаш ОК. Или пак со територијална реорганизација благодарение на што сега во драчево аеродром или ѓорче имаш двојазична библиотека. Или можебо си прогаслување на тетовсиот универзтиет за државен....знам што се обидуваш да докажеш ама не иде.[DOUBLEPOST=1433852399][/DOUBLEPOST]
Значи Кљусев им дал државјанства??? Те молам седни и разгледај пред да пишеш нешто, не се брукај!
Зошто само навредуваш и се обидуваш да докажеш нешто што не се докажува. Веројатно мислиш дека на форумов има деца и сега ќе се лажеме.
ВМРО-ДПМНЕ за овие 150.000 "непостојни" гласачи го обвини Бранко Црвенковски. "Измамата" на Црвенковски во ВМРО-ДПМНЕ ја објаснуваат со потребата за "навлекување" гласови за Киро Глигоров во вториот круг од претседателските избори во 1994 година, кога Владата наводно експресно поделила повеќе од 100 илјади државјанства, главно на Албанци од Косово. Професорот Љубомир Фрчкоски, министер за внатрешни работи во Владата на Црвенковски во 1994 година, тврди дека станува збор за сосема регуларна, но во јавноста до крај необјаснета акција на Владата.

и сега? И фрчко се мести сам себе наместо да го намести кљусев?
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Зборуваш за демографска прогресија, а постои демографски статистички ТРЕНД, кој кажува дека една популација НЕ МОЖЕ да се дуплира за 30 години.
:icon_lol::icon_lol::icon_lol::icon_lol:

****

Ова твоево не е партиска припадност. Тоа си е карактерна особина.
 
Член од
11 март 2015
Мислења
1.117
Поени од реакции
982
Албанскиот се воведе со рамковниот. не знам што се обидуваш да објасниш? Дека ВМРО го вовел? Не сме мали деца. Единствена закачка што остана е дали претседателите на комисии да водат седници на комисии на албански. Јака муда со други зборови. Ако ти тоа го споредуваш со официјализирање на албанско знаме пред институции тогаш ОК. Или пак со територијална реорганизација благодарение на што сега во драчево аеродром или ѓорче имаш двојазична библиотека. Или можебо си прогаслување на тетовсиот универзтиет за државен....знам што се обидуваш да докажеш ама не иде.[DOUBLEPOST=1433852399][/DOUBLEPOST]
Зошто само навредуваш и се обидуваш да докажеш нешто што не се докажува. Веројатно мислиш дека на форумов има деца и сега ќе се лажеме.
ВМРО-ДПМНЕ за овие 150.000 "непостојни" гласачи го обвини Бранко Црвенковски. "Измамата" на Црвенковски во ВМРО-ДПМНЕ ја објаснуваат со потребата за "навлекување" гласови за Киро Глигоров во вториот круг од претседателските избори во 1994 година, кога Владата наводно експресно поделила повеќе од 100 илјади државјанства, главно на Албанци од Косово. Професорот Љубомир Фрчкоски, министер за внатрешни работи во Владата на Црвенковски во 1994 година, тврди дека станува збор за сосема регуларна, но во јавноста до крај необјаснета акција на Владата.
и сега? И фрчко се мести сам себе наместо да го намести кљусев?
Ти ме убедуваш дека 93 се дадени тие државјанства...Кој е премиер тогаш?Рамковвниот договор е потпишан 2001. Кој е премиер тогаш?
Сега ти мене ме убедуваш дека во време кога ВМРО биле на власт, СДСМ биле толку јаки и имале влијание да даваат државјанства и јазици?
Инаку темата не е за тоа, контрадикторно е тоа да ти смета се останато освен смена на имиња на училишта!
 
bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Ти ме убедуваш дека 93 се дадени тие државјанства...Кој е премиер тогаш?Рамковвниот договор е потпишан 2001. Кој е премиер тогаш?
Сега ти мене ме убедуваш дека во време кога ВМРО биле на власт, СДСМ биле толку јаки и имале влијание да даваат државјанства и јазици?
Инаку темата не е за тоа, контрадикторно е тоа да ти смета се останато освен смена на имиња на училишта!
Општо познато е дека есдеесето ги даде државјанствата на 250,000 Косовци 1993 г. и 1994 г.

Се сеќаваш што рече есдеес, дека македонскиот устав имал фабричка грешка и морал да се промени преку рамковниот договор.

Есдеесето си личи на типична албанска национална странка. На последниот митинг сее вееја албански знамиња, карти на голема Албанија, се извикуваше УЧК.
 
1993 премиер е Бранко Црвенковски. 2001 премиер е Љубчо Георгиевски одлуката за рамковен договор е потпишана од лидерите на ВМРО, СДСМ, ДПА и ПДП. Уште некоја лекција по историја и политика?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Само во 1993/94 г?
стварно ти нема спас. ...
ама не ме мрзи пак да ти повторам .
Од 1991, во овие општини градоначалници се припадници на ВМРО.
За бројот на дадени државјанства, ќе те замолам да престанеш да тресеш од ракав туку да дадеш линк, доказ било што.
Не знам дали почнавте да учите албански и да си веете албански знамиња, во согласност со политиката на лидерот?
политиката на општината и владата на РМ е иста пошто доаѓа од иста партија-вмро. Предавничка политика, политика која недвосмислено води кон федерализација. За 15 години како вмро владее со Чаир и 10 со Бутел, и плакаа мајката на секоја демографски логика.
Ама нели и ти тоа го знаеш, нели Чаир живееше...?
 
Последно уредено:
Член од
11 март 2015
Мислења
1.117
Поени од реакции
982
Општо познато е дека есдеесето ги даде државјанствата на 250,000 Косовци 1993 г. и 1994 г.

Се сеќаваш што рече есдеес, дека македонскиот устав имал фабричка грешка и морал да се промени преку рамковниот договор.

Есдеесето си личи на типична албанска национална странка. На последниот митинг сее вееја албански знамиња, карти на голема Албанија, се извикуваше УЧК.
Епа тој македонски устав не донесе до војна каде што загинаа млади македонци...Ако ти си спремен да жртвуваш уште млади деца, јас не сум. Ако ти си спремен и сам да идеш да војуваш за нешто што не го разбираш, јас многу добро знам за што би војувал а за што не! Уште не успеа да ми објасниш како СДСМ ги дал тие државјанства.Кој е потписник? Кој договарал? Опиплив доказ да ми дадеш!!!

Албански знамиња имаше на протестот затоа што тоа беше сенароден протест и беше одлично што има секакви знамиња (имаше и српски, турски, бошњачки).Имаше еден дечко со маица од голема Албанија, а дека се извикувало УЧК те молам дај некое видео или било што!!!
Ако си толкав националист каков што глумиш, како тогаш не ти сметаа српските знамиња на митингот на ВМРО???
 
Kajgana Shop

На врв Bottom