- Член од
- 30 ноември 2007
- Мислења
- 7.130
- Поени од реакции
- 4.823
Сите овие работи произлегуваат од Охридскиот договор, на кој се потпишани и твоите, да не беа ајде де, ама сепак ставиле потпис.со законите за знамињата, јазиците, амнестијата и секако територијалната поделба.
И твоите исто така побарале помош од меѓународната заедница, помош за утврдување на новите општински граници, за кои потоа организираа референдум, молејќи се да не успее, туку само политички да ќарат од тој референдум.
Еве на што твоите ставиле потпис:
4.1. Страните ја повикуваат меѓународната заедница да помогне во процесот на јакнење на локалната самоуправа. Меѓународната заедница особено треба да помогне во подготвувањето на неопходните законодавни измени поврзани со механизмите за финансирање со цел јакнење на финансиската основа на општините и создавање способности за финансиски менаџмент, и во измената на законот за општинските граници.
Ахааа , види ги ти нив, особено бараат помош од меѓународната заедница да помогне во измена на законот за општинските граници. Оти бе битушанец прифатиле вакво нешто.
За тепање албанци овие од есдеес можат лекција да им одржат на твоите, потсети се на 90тите (па уште ќе ме убедиш дека таквите донеле албанци во Македонија, идиотско мислење).Јас им посакувам среќа со здобивање на албанско гласачко тело, иако мислам дека покрај ДУИ и ДПА тешко ќе се најде место за трета албанска партија. А дека ги губат македонските гласачи, факт е, кој интензивно ќе се потенцира на следните избори.
Дпмне 2 пати имаше над 60 пратеници, за каква криза зборуваш? Имајќи толку пратеници, официјално речиси 2000 македонци го напуштиле Чаир, други 1000 го напуштиле Тетово.Она што се случува со имињата на школите во Чаир е директна последица на 250,000 државјанства кои ги даде есдеес, рамковниот, законите за јазиците, знамињата и локалната самоуправа и секако законот за територијална поделба со која Чаир од доминантно македонска, стана доминантно албанска општина, преку прекројувањето на општинските граници. Сега ДУИ користи ситуација кога ВМРО е во криза. Но не треба да заборавиме дека ниту се спомна бројката на училишта кои имаат променети имиња во Тетово, Гостивар, Дебар, Липково и Струга 2002-2006 година.
Знаеш ли зошто е тоа така? Пошто си креваа рејтинг со национализам, смрт за Албанци во Аеродром, односно смрт за каури во Чаир.
Како никогаш порано, во последните 10 години се кренаа огромни албански знамиња по селата и патиштата, особено во Зајас каде секое село има по еден јарбол, секое село по еден споменик, особено меморијалниот центар во Зајас со споменик и јарбол од 30 метра.
Исто така ќе се памти како време кога се дигнаа највише јарболи со државно знаме. Што укажува на тенденцијата за федерализација, јас на мојот дел ќе правам што сакам, и ти на твојот што сакаш.
Имајќи толку пратеници, македонците за прв пат во историјата на Македонија падна под 50% помеѓу родените деца. (интересно е што ни кај родените деца не се забележува населувањето на косоварите, односно бројот на родени деца албанци во 1992 и 1994 е сличен, но затоа сега во последните 5 години се забележува пораст на наталитетот кај албанците, ај види таму во МВР да не почнале да штампаат нови 250.000 државјанства за косовари, сомнителна е работата, сигурно е некој од есдеес повторно).
Не заборавај, овдека имаш работа со луѓе кои не се продаваат за еден сендвич со растителен кашкавал. Имаш работа со луѓе кои не се партиски членови (барем јас, верувам и доста други). На овој форум искажуваме мислења, не убедуваме луѓе, не ловиме гласачи, ниеден не сум убедил досега, и ниеден не ме убедил, имаме свој став, луѓето како тебе и неколку други ги сваќаме како таквите кои се возбудуваат за сладолед со чоколадо.
Последно уредено: