Крусер
Тотем Пума
- Член од
- 4 јули 2008
- Мислења
- 3.556
- Поени од реакции
- 1.612
Отиде муабетов , пак во сосема друга насока , т.е на кој му е поголем , на ВМРО или на СДСМ
Не знам што толку чудење околу нашиот настап под референца (привремено име , уставно,трајно ,полутрајно име) БЈРМ . Така сме примени во ИОК , тоа име сме го прифатиле , и , нормално е дека на сите манифестации што ги организира ИОК ќе настапуваме како БЈРМ . За тоа не се криви нит Кинезите(кои ,се сомневам дека ги заболе за македонско Грчкиот спор) , не се криви ни нашите "спортисти" кои се на Олимпијадата , туку се знае кој е крив .
Кој го смени името , кој го смени знамето а :nesum:И сега Цацко ни е крив
За жал, ова е целата вистина. Баш така е.
Е сега, што ни останува?
Или да успееме да ги убедиме сите дека е во ред да нè викаат Република Македонија и како такви да влеземе во сите институции.
Доста тешко.
Или, да се повлечеме од сите институции кајшто сме како БЈРМ.
Значи:
ЕУ, НАТО, Обединети Нации, Меѓународен Олимписки Комитет, ФИФА, УЕФА, ЕХФ, ФИБА, сите останати спортски организации, итн.
И формираме свои.
И влегуваме во затвореност и самоизолираност. Сите ни се смеат и нè посочуваат како лош пример: „Гледај ги бе смотани... Само требаше да си го сменат името и ќе им течеше мед и млеко“ (Сите знаеме дека не е така, но мнозинството нели така вели).
И така можеби еден век или повеќе. Ако треба паѓа Скопскиот Џез Фестивал, Струшките Вечери на Поезијата, сите меѓународни трговски договори... сè каде што сме FYROM-изирани.
Ако преживееме, со тоа им покажуваме на сите дека не ни се потребни и дека можеме самите. А ако сакаат да влеземе во нивниот сојуз, поставуваме услови под кои влегуваме: Република Македонија, Македонски јазик, култура, традиција, историја и слично.
А ако не преживееме, изгинуваме сите, ама стоејќи на своето. А оние кои што ќе преживеат, ќе се претопат во други нации и ним ќе им ги дадат своите гени и ќе ги збогатат. И Македонија веќе нема да постои воопшто.
Ајде, спремајте се за самоизолиран живот.