Уписи на факултет[генерална дискусија]

  • Креатор на темата Kacar
  • Време на започнување

Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
Инаку како поминавте на пријавувањето? Чекавте многу, имавте некои проблеми? Каде се пријавивте? :)
Кај мене не, брзо завршив.
Но кога чекав со една роднина, ебате тоа факултетот, ваква анкета, таква анкета, оди да те проверат дали се регистриран итн итн. А најтрагично е што беа многу спори.
Кај мене завршив за половина час можеби, а кај роднината ми, саат и пол!
 
Член од
21 јули 2011
Мислења
1.339
Поени од реакции
3.202
Се си течеше брзо, само што имаше некои луѓе не многу упатени и го кочеа целиот процес. Освен тоа, се друго беше топ.
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
538 студенти поднеле документи на ФИНКИ денес. Информации за Економски има?
 
Член од
10 август 2014
Мислења
11
Поени од реакции
2
Значи вака: денес бев да се запишувам и реално кога би правеле муабет поминав многу многу побрзо од она што ми го викаа другите а бев застрашена дека ќе чекам цел ден. Се запишав се ок само заборавив да ги прашам дали треба и електронски да се пријавам пошо гледам на сајтов и на други страни каде некој личности пишуваат за електронското пријавување. Дали некој знае како, каде и дали треба воопшто да се пријавам електронски?
П.С. Се запишав на Гоце Делчев - фармација..
 
Шеј Лонг

Koristam kirilica.
Член од
16 јуни 2010
Мислења
1.987
Поени од реакции
1.610
дали со завршен правен факултет може да идам на постипломски во некоја друга област пр. економска? Фала
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
538 студенти поднеле документи на ФИНКИ денес. Информации за Економски има?
650 на Економски. Мислам дека лани имаше над 800 во првиот ден. Се намалува интересот за Економски, или се распределуваат студентите по дисперзирани?

На ФИНКИ ова им е рекорд досега.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.138
Поени од реакции
5.257
650 на Економски. Мислам дека лани имаше над 800 во првиот ден. Се намалува интересот за Економски, или се распределуваат студентите по дисперзирани?

На ФИНКИ ова им е рекорд досега.
Вкупна бројка да не имаш од двата дена ? :D
 
K

Kacar

Гостин
е сега, какви се тие пријавни листови што се носат при запишување ?
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
Друштво, сакам да прашам, резултатите (прелиминарните на 19ти и конечните на 21ви) дали ќе бидат објавени на интернет (вклучително и на тоа кај што се регистриравме) или ќе треба сепак да одиме и да се бараме во списоци на лице место?
 
Мислам дека ќе има и на ај ноу системот и на страната на секој факултет
 
D

Deleted member 43783

Гостин
Мислам дека ќе има и на ај ноу системот и на страната на секој факултет
Земајќи предвид дека лани и преклани, а можеби и годината пред тоа ги имаше резултатите од сите факултети на сите универзитети на fakulteti.mk, сигурно и оваа година ќе има. А веројатно ќе има и на iKnow системот.
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
Ај уште едно прашање, на роднина која се запиша на еден факултет и` дадоа лист на кој пишуваше дека индексот и другите пропратни документи бесплатно ќе ги добие.
Јас колку што знам, за индекс и слични документи треба да се плати.
Дали тоа е нешто ново, па ги даваат бесплатно, дали тоа е различно од факултет до факултет или пак е грешка, па ќе мора и роднината моја да си плати исто како сите други?
 
Колку што знам, по ново, индекс и легитимација даваат бесплатно, не се купуваат. Само треба да си купи пријава. Плус на една другарка кога била да праша во книжарница за индекс и кажале дека не продаваат бидејќи тие се бесплатни и се земаат на факултетот. Ако тоа не се плаќа има уште триста други работи што се плаќаат, така што веројатно е вистина.
 
Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
Колку што знам, по ново, индекс и легитимација даваат бесплатно, не се купуваат. Само треба да си купи пријава. Плус на една другарка кога била да праша во книжарница за индекс и кажале дека не продаваат бидејќи тие се бесплатни и се земаат на факултетот. Ако тоа не се плаќа има уште триста други работи што се плаќаат, така што веројатно е вистина.
Хмм, убаво би било да е вистина. А иначе што се тие „триста други работи“ што се наплатуваат? :unsure:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom