Студенти/ки на УГД, што имате да кажате за новото правило околу презапишувањето на предмети, кое почна да се спроведува од изминатиов семестар ??
За оние кои не се запознаени, правилото гласи вака : Студентот што нема да освои најмалце 35 поени од предавања, вежби, семинарска и двата колоквиуми, автоматски го презапишува истиот предмет наредната година.
Според мене ова е повеќе од сурово. Лани дел од профе. не им дозволуваа на тие кои немаат 35 п. да полагаат завршен испит, што и до некаде го оправдувам и се 'јаде' преку тоа. Ама ова со дирекното презапишување на предмет, без можност да се полага истиот во било која од сесиите е во крајна линија сурово и драконски. Меркава особено доаѓа до израз откако од годинава на професорите им дале дискреционо право сами да решаваат околу поените за вежби и семинарски (значи асистентите се речиси со пасивна улога) и + имаат право да поставуваат долни граници на завршните, што лани не беше случај. Значи правилото што го зборуваа на почетокот : Како знаеш и умееш собери 51 поен за 6ка, паѓа во вода. Без разлика дали претходно имате освоено поени за 6ка или 7ца, ако не освоите одреден квантум на поени (најчесто бараат 15) на завршен може слободно да ве бутнат, што од моја страна е крајно неоправдано и бесмислено.
Во Струмица по Монетарна Економија на примиер, од 50-60 студенти само 20ина имаа право на завршен (што значи 30-40 од старт веќе го имаат презапишано), а со границава од минимум 15 поени на завршен, прашање е дали и пола од тие 20те ќе го земат предметот.
Мислам дека ова се' паѓа на плеќите на студентите, нереално, необјективно и во одредена мера пристрасно ќе се одлучува од страна на професорите кој колку поени ќе зема т.е. кој ќе положи, а кој не. Мислите ли дека треба ние да превземеме нешто и да се избориме ова да не пушти подлабоки корени. Работава оти не ја бива ....