Универзитет "Гоце Делчев" - Штип

Член од
27 јуни 2011
Мислења
225
Поени од реакции
42
здраво! :) нова сум на форумот па сакав да прашам бидејќи планирам да се запишам на очна оптика и оптометрија ...доколку има некој кој што е запишан на ова да ми објасни нешто што како е . Фала однапред :D
cimerot mi e na optika ama nzn sho bi te interesiralo primaat okolu 40 zdenka e najstroga i najpametna prof i po najgolem del od predmetite ke ti predava i toa e :D
 
Член од
16 декември 2008
Мислења
391
Поени од реакции
125
Студенти/ки на УГД, што имате да кажате за новото правило околу презапишувањето на предмети, кое почна да се спроведува од изминатиов семестар ??

За оние кои не се запознаени, правилото гласи вака : Студентот што нема да освои најмалце 35 поени од предавања, вежби, семинарска и двата колоквиуми, автоматски го презапишува истиот предмет наредната година.

Според мене ова е повеќе од сурово. Лани дел од профе. не им дозволуваа на тие кои немаат 35 п. да полагаат завршен испит, што и до некаде го оправдувам и се 'јаде' преку тоа. Ама ова со дирекното презапишување на предмет, без можност да се полага истиот во било која од сесиите е во крајна линија сурово и драконски. Меркава особено доаѓа до израз откако од годинава на професорите им дале дискреционо право сами да решаваат околу поените за вежби и семинарски (значи асистентите се речиси со пасивна улога) и + имаат право да поставуваат долни граници на завршните, што лани не беше случај. Значи правилото што го зборуваа на почетокот : Како знаеш и умееш собери 51 поен за 6ка, паѓа во вода. Без разлика дали претходно имате освоено поени за 6ка или 7ца, ако не освоите одреден квантум на поени (најчесто бараат 15) на завршен може слободно да ве бутнат, што од моја страна е крајно неоправдано и бесмислено.

Во Струмица по Монетарна Економија на примиер, од 50-60 студенти само 20ина имаа право на завршен (што значи 30-40 од старт веќе го имаат презапишано), а со границава од минимум 15 поени на завршен, прашање е дали и пола од тие 20те ќе го земат предметот.

Мислам дека ова се' паѓа на плеќите на студентите, нереално, необјективно и во одредена мера пристрасно ќе се одлучува од страна на професорите кој колку поени ќе зема т.е. кој ќе положи, а кој не. Мислите ли дека треба ние да превземеме нешто и да се избориме ова да не пушти подлабоки корени. Работава оти не ја бива ....
Мислиме !!!
И редно време е !
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.943
Мислиме !!!
И редно време е !
Ќе си остане на мислата само. 'Двојки' ни дадоа сите каде што се обративме.

Гледам на странава избрале ново претседателче на СП. Овој проблем нека му биде приоритет на малиот уште на почетокот од неговиот мандат ...
 
Член од
16 декември 2008
Мислења
391
Поени од реакции
125
Ќе си остане на мислата само. 'Двојки' ни дадоа сите каде што се обративме.

Гледам на странава избрале ново претседателче на СП. Овој проблем нека му биде приоритет на малиот уште на почетокот од неговиот мандат ...
Тој е само фигура, послушник :D Ама мислам дека редно време е и да прекинеме да плакаме за студентски сојуз ( според изјавата на министерот за образовение, не е задолжително тоа плаќање туку факултативно - кој сака ! ), е дури тогаш многу работи кои ги засегаат студентите ке му биде приоритет и на претседателчето и на неговата тајфа.
 
Член од
31 јануари 2010
Мислења
37
Поени од реакции
1
И
Студенти/ки на УГД, што имате да кажате за новото правило околу презапишувањето на предмети, кое почна да се спроведува од изминатиов семестар ??

За оние кои не се запознаени, правилото гласи вака : Студентот што нема да освои најмалце 35 поени од предавања, вежби, семинарска и двата колоквиуми, автоматски го презапишува истиот предмет наредната година.

Според мене ова е повеќе од сурово. Лани дел од профе. не им дозволуваа на тие кои немаат 35 п. да полагаат завршен испит, што и до некаде го оправдувам и се 'јаде' преку тоа. Ама ова со дирекното презапишување на предмет, без можност да се полага истиот во било која од сесиите е во крајна линија сурово и драконски. Меркава особено доаѓа до израз откако од годинава на професорите им дале дискреционо право сами да решаваат околу поените за вежби и семинарски (значи асистентите се речиси со пасивна улога) и + имаат право да поставуваат долни граници на завршните, што лани не беше случај. Значи правилото што го зборуваа на почетокот : Како знаеш и умееш собери 51 поен за 6ка, паѓа во вода. Без разлика дали претходно имате освоено поени за 6ка или 7ца, ако не освоите одреден квантум на поени (најчесто бараат 15) на завршен може слободно да ве бутнат, што од моја страна е крајно неоправдано и бесмислено.

Во Струмица по Монетарна Економија на примиер, од 50-60 студенти само 20ина имаа право на завршен (што значи 30-40 од старт веќе го имаат презапишано), а со границава од минимум 15 поени на завршен, прашање е дали и пола од тие 20те ќе го земат предметот.

Мислам дека ова се' паѓа на плеќите на студентите, нереално, необјективно и во одредена мера пристрасно ќе се одлучува од страна на професорите кој колку поени ќе зема т.е. кој ќе положи, а кој не. Мислите ли дека треба ние да превземеме нешто и да се избориме ова да не пушти подлабоки корени. Работава оти не ја бива ....
Искрено, јас мислам дека е во ред. Со оглед на тоа дека само од редовност и семинарска можеш да освоиш 30 поени, не е тешко да добиеш уште 12 од двата колоквиуми.

Инаку, јас сакам да прашам нешто повеќе околу запишувањето на два факултети. Дали некој е повеќе запознаен околу ова? Дали со добар просек би била ослободена од партиципација на вториот факултет или нема никаква врска тоа?
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.943
И

Искрено, јас мислам дека е во ред. Со оглед на тоа дека само од редовност и семинарска можеш да освоиш 30 поени, не е тешко да добиеш уште 12 од двата колоквиуми.

Инаку, јас сакам да прашам нешто повеќе околу запишувањето на два факултети. Дали некој е повеќе запознаен околу ова? Дали со добар просек би била ослободена од партиципација на вториот факултет или нема никаква врска тоа?
Прашај ги пет-шеесетте студенти што фино лепо си го презапишаа Монетарна, па донеси заклучок. Повеќето од нив земаа 20 поени од присуство и семинарска, ама поените од вежби ги убија. Професорот вадеше просек на поените од вежбите, според колоквиумите. А на колоквиумите не' убиваше, такво оценување уште немам сретнато. Јаки студенти(ки) 10 поени не можеа да извадат. Мене уште не ми е јасно што се бараше на тие колоквиуми и малце ми е криво што не побарав увид. Ма да јас трулата вишња ја гледам кај асистентот, он ги закопа студентите, бидејќи претпоставувам дека тој ги има прегледувано колоквиумите.

Инаку за да запишеш втор факс, треба да имаш најмалку 8.00 просек од првата година. Партиципација за вториот факултет не плаќаш и фигурираш на него како вонреден студент, со присуство на предавања и вежби не си обврзана.
 
Член од
31 јануари 2010
Мислења
37
Поени од реакции
1
Инаку за да запишеш втор факс, треба да имаш најмалку 8.00 просек од првата година. Партиципација за вториот факултет не плаќаш и фигурираш на него како вонреден студент, со присуство на предавања и вежби не си обврзана.
Докумети требаат оригинал или можи со копија заверена на нотар?
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.943
Докумети требаат оригинал или можи со копија заверена на нотар?
Со документацијата не сум запознаен. Прашај на студентски, ќе ти објаснат што и како треба.
 
Член од
2 јули 2012
Мислења
21
Поени од реакции
57
Zdravo jas sum iden student, pa bi sakal nekoj ako moze da mi kaze dali znae dali ima Avtobuski bilet-mesecen za studenti Skopje-Stip-Skopje bidejki sakam da se zapisam tamu ali sekoj den da se vrakam ..... Blagodaram
--- надополнето: 2 јули 2012 во 13:34 ---
Isto bi sakal da znam dali ima nekoj zapisano na Zdravstven Menadzment i kako mu e? ili pak Farmacija?
 
Член од
6 декември 2009
Мислења
1
Поени од реакции
0
здраво! :) нова сум на форумот па сакав да прашам бидејќи планирам да се запишам на очна оптика и оптометрија ...доколку има некој кој што е запишан на ова да ми објасни нешто што како е . Фала однапред :D
Јас студирам на оптометрија и очна оптика и искрено да ти кажам нема од што да се плашиш (y) Единтвено малце од Зденка оти ке ти ја извади душата со тие нејзини барања и малце Милица што мора да и одеш на усен испит. Али не е кој знае колку страшно. Другите се ок. Премногу материјал нема за учење, освен во прва година. Ако те интересира нешто друго слободно прашај ;)
--- надополнето: 10 јули 2012 во 15:10 ---

16 април 2012
Мислења
108
Поени од реакции
22
Сакам да прашам дали оваа година ке постои смерот „компјутерски дизајн“ во универзитетот Гоце Делчев во Штип? :)
 
Член од
26 февруари 2012
Мислења
96
Поени од реакции
43
Дали би бил некој доволно фин што студира на факлутетов (било што) само во Ск да ми пише порака. Хитно ми е ! Благодариме однапред :)))
 
Член од
13 април 2010
Мислења
23
Поени од реакции
2
Да ми каже некој постар студент.. ме интересира за упис на трет семестар нели услов е да се има минимум 36 кредити, доколку ги немаме освоено дали може да се запише трет семестар и под кои услови се запишува?
 
Член од
10 ноември 2011
Мислења
2
Поени од реакции
0
се запишав индустриска логистика...добар е изборот?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom